Хаха значи стандард е музиката на најгласнооо...кратки шорцевии,некоја маичкаа и денсање до безвест секако и некое филмче,прво кафенце,па одиме на алкохол ,цигарчее..
Ауу..што се не правам...експерименти.Си полнам када,си уживам,можам да подсуредам некогаш,да си направам некое убаво јадење по мој вкус,да направам некое експериментално благо,да викнам другарка и цел ден да оговараме..и така
Јас скоро никогаш не сум сама, обавезно имам некој комшики на кафе Или пак си го викам дечкото си седиме... А ептен ретко ако се погоди сама сама да бидам досадно ми е Седам глеам телевизија или дремама на компјутер
Да се биде дома сам за мене е уживанција до бесвест и правење џумбус со другарките.Ги викам попладне,пред тоа праам нешто за каснување,па со јадење и добра чаша вино си трачариме малку .После нешто се праиме фраерки низ градот (претходно обавезно нашминкани и исфризирани,сето тоа домашно ) и тоа.На крај сите кај мене пак со добар филмски маратон,чај и останување до 3-4
уфф...најубаво!!!...кога можам да правам што сакам без некој над глава да ми вришти...ќе ги соберам сите другарки дома!!!...јејј урнебесиии....
Леле најубавото што може да ми се случи... Секоја година сум сама по најмалку 4-5 дена ( зборам и без баба ми, зошто со мене живее ) Најубаво на цел ми е . Одма викање друштво. Хотел промаја ми е, Обожавам кога имам многу луѓе дома. А кога немам тогаш пеам се дерам на цел глас и си играм
Ги вадам сите алишта и пробувам пред огледало. Па после на ред доаѓа танцување до лудило и дури ме држат нозете. А најчесто кога излегуваат мајка ми ми вели да потсуредам малце, а јас тоа го правам 30 тина минути пред да се вратат
еве сега што туку останав сама дома и незнам што попрво да направам.. ама ќе си фатам ред сега ќе почнам од уживање и релаксација...
Peam , igram , sreduvam po doma alishta , peglam koa imam za peglanje , sedam na net ... ednostavno nikad ne mi e dosadno
Малку е досадно сам дома...ама добро....Има многу интересни работи што може да се прават...одмарање, слушање музика, филм, и секако да се собере друштво дома
Ако е лето, на тераса ќе си пуштам црево, ладна вода и си шлапам. Инаку секојдневно си пуштам гласна музика, играм по дома, вежбам, се релаксирам.
Зависи од расположението. Ако се чувствувам мрзливо пуштам некој филм и се излежавам или пак на компјутер висам, а ако сум полна со енергија играм на гласна музика или нешто низ двор ќе се маткам, ќе чачкам и ќе си најдам некаква занимација
Ако сум подолго време сама, си правам експерименти во кујната, ја викам другарка ми (која ми е комшивка), правиме палачинки или колачи и гледаме филм. Или го викам дечко ми..Или ако не викнам никој, а не ми се излегува, си пуштам гласна музика, па се моткам на компјутер или растурам по плакарот да видам што не сум облекла одамна И барам некои работи во плакарот на мајка ми што би можела да ги носам. Најчесто не сум дома, излегувам без разлика дали сум сама или не.
Ма и да се дома јас ќе ги протерам .Прво се претставувам со мојот хит микс,и знаат веќе дека DJ-от во куќата сака да биде сама .Им се наежува косата од самата помисла на миксот број 2 и за кратко време сите ќе испарат од дома.Тоа е мојот триумф!Е после следувам јас на подиум .Не обожавам да чистам ама ич,се си е среденко пред да излезат а кога ќе си дојдат, дома е како бомбардираните Хирошима и Нагасаки.Значи така се во свој ред,одам во кујна си спремам некое специјалитетче видено од нет (чист експеримент,ама ако не пробам нема да научам),го оставам тоа така готово и одам да се размрдам со некоја вежбичка или на Орбитрек во позадина со мојата музика.После така убаво испотена и полна со енергија одам де се освежам под туш,со моите миризливи пријателчиња во шишенца .После водичката една добра масажа во кревет и дегустирам од спременото .Пуштам филмче,или книга во раце и така го барам сонот.Откако ќе се одморам,одам секретарка.Се јавувам на еци пеци пец кој ќе ми се падне од именикот одиме на кафе трач муабет и прошетка,после следува журката дома на тераса до утринските часови.Утре сабајле шопинг,козметички салони а може и некој час модерен балет . Кога немам волја за сето тоа Интернетот е тука