Ретко кога сум сама, многу ретко.Живеам со баба и дедо па ако не се мама тато и бато тука , баба и дедо се и многу ретко можам да бидам сама што ми е ептен криво и понекогаш многу се нервирам заради то. А ако некогаш по некоја случајност останам сама на неколку часа, пуштам филмче, музика до даска, си правам топла када и останувам внатре охоо, се лакирам , јадам во изобилство, вежбам хаха.
Па зависи некогаш гледам филм , некогаш ако сум сама и ако средувам по дома пуштам музикаа , или пак ги викам другаркте и таакаа...
Јас едвај чекам да останам сама дома!! Ама за жал немам баш често таква можност.. Дали имам еднаш во година.. Инаку сега бргу бев сама дома.. Кога сум сама дома пуштам музика до крај играм пеам скокам се глупирам,правам некое брзо јадење ако ми се пријаде нешто што одамна не сум го јадела,викам некоја другарка зборуваме се средувам и така..
Пуштам музика и.. Спојлер тверкам Во моја одбрана: ова го имав откриено уште пред две години, значи пред Мајли и Ријана да го воведат како тренд.
Мојот омилен ден од денот. Гасам телефон, пуштам *Среќни Коцки* и си правам топла купка. Палам цигар, пијам коњак. Провалувам по профили, манијачам луѓе, отварам фиоки, пробувам луди комбинации, ги средувам веѓите, размислувам каде следно да се тетовирам и што да ставам, правам планови за блиска иднина што би ми ја осигурале онаа подалечната на финансиски план. Тогаш ја имам целата слобода да го преуредам плакарот без никој да ме вознемирува. Средувам низ дома и правам ручек.Кога сум сама лесно се справувам со домашните обврски,полесно функционирам кога нема никој.
Ја заклучувам вратата, пуштам музика , разгледувам дали има нешто за грицкање, седнувам на кревет отварам лаптоп проверувам што има се по светот и потоа бања .... па средување . По некое време варење кафе, и уживање во неговиот мирис ... и после неколку саати ... рушење на сето тоа наведеното и слушање гласови.... намалии многу е гласнооо комшиите ке слушаат ... ке викнат полицијаа ... е тоа е тоа
Обожавам кога ќе избегам од секаква галама и ќе имам мир и слобода само за мене. Се опуштам,си правам миризлива купка,играм на некоја откачена музика по мој вкус и си правам такво задоволство што се ослободувам од сите негативни емоции.
Навечер, Дремам на ФБ од причини што на секоја тв-програма има турска серија, наутро или преку денот, си буцкам нешто, сама си наоѓам работа за да не ми биде досадно.
Јас војувам со нивната шлајферица. Мора да се спасуваш некако. http://www.youtube.com/watch?v=Wws7mnMewPw
кога сум сама дома го посветувам времето на мене слушам музика,викам другарките или пак зборам на тел со дечкоми додека си се чупам,депилирам,се шминкам,.... ако се другарките кај мене трачариме, се смееме, си пиеме, ставаме маски за лице, за коса, се лакираме, пуштаме филм (иако никој не го гледа филмот ) пееме песни итн итн итн......