Прво ќе заклучам врата.Ќе екнам музика до крај.Телевизорот уклучен. Си играм наоколу,си правам топла купка,се лакирам,пијам кафе или што и да е. Со лаптопот,нешто за јадење/пиење си разгледувам на фемина и сл.
Се лакирам ,седам на компјутер,јадам,слушам музика,играм(ко некоја лудача) ,се шетам со штиклите на мама (а бе кренато чупче,МАЈТАП ,онака оти кеф некој ме фаќа и се шетам ко лудача низ ходник небаре сум некоја манакенка),УЧАМ-најважното ќе го забораев и читам некој книги
Си седам на лаптопот или гледам телевизор,музиката ечи,си правам комбинација со алиштата,експериментирам со храна,некогаш зачистувам(ретко),Си играм со кучето и такааа
Кога сум сама дома слушам музика на цел глас затоа што нема кој да ми вика од другата соба НАМАЛИ МАЛКУ... Пеам на цел глас, си правам концерти уживам
пуштам гласна музика и пејам колку што ме држи гласот хаха....тешко на комшииве што ме слушаат,звучам како кокошка на буниште...
јас сум си спанка и тоа многу голема па кога одат моите на работа првен си пијам чајче се туширам и легнувам најчесто си спијам од 14 до 20h и ќе си спијам и подолго ако не ме разбуди сестрами
Често пати сум сама дома и прекрасно се чувствувам.Ништо посебно не правам,ама уживам во тишината без чекорања низ станот и меѓусебни разговори кои често водат до препирки.Слушам музика,гледам филм,подготвувам јадење и се опуштам во скајп-разговорите со партнерот Верувам дека секој има потреба понекогаш да се осами и да се препушти на некој друг свет.
Си разговарам со кучето.. ОЗБИЛНО! Пуста досада, што да праиш А кога не го праам тоа, тогаш дремам, обавезно нешто јадам цело време, тук-таму ќе ми текне да си го средам телово, ии секако само тогаш можам да исчистам на раат без никој да ме замара и да ми наоѓа замерки! И тогаш ќе дојдат твоите и твоето драгоцено време кога си сама, ти завршува
Најчесто кога сум сама , седнувам на karaokeparty.com и пеам како луда на battle и се натпреварувам да сум на сите песни 1 место , ги жалам соседите во тие моменти
Испробувам нови комбинации со облека, го преуредувам шкафот или накитот, се сликам, ја сликам куќата, колажи правам.
Лудувам по домааа! Пуштам музика гласно,пејам,се дерам,играмм и најубаво ми е едвај челкам да ги избркам моиве од дома
Најчесто дремам на форумов или си лежам и гледам телевизија. Порано обожавав да останувам сама, ама веќе не толку, понекогаш и тапа ми е.