За мене нема ништо подрагоцено од тие минутки кога си сам дом. Значи уживам.Само опуштено. Обично со друштвото се дружиме по дома,гледам некое филмче и нешто што ме стварно опушта-си правам сама ручек. Уживанција.
последнава година ипол неможам да се сетам кога последен пат сум била целосно сама дома , за жал порано многу често и си уживав ама шта се мора, мора се
Истото како и кога сум со моите дома, гледам серии, филмови и читам книги. Овој период така најубаво се релаксирам
Си правам за јадење, нешто гурманско во огромен тањир и седнувам пред лаптоп со омилената серија, и јадам цел саат додека гледам. После, си правам кафе, и исто гледам уште серија. Кога ќе сакам да правам пауза од серијата, тоа е после неколку саата обично, станувам, чистам се, мијам садови, ламинатот го минам со средство, го постилам креветот, и или пак гледам серија или со кутрето го средуваме дворот, или па...спиеме како заклани грб со грб свртени. Уживам кога сум сама.
баш би сакала да имам цел викенд сама дома без братми и родителите...али бе се надевам дека некогаш ќе имам таква прилика ама кога сум сама дома на 2 саати највеќе пуштам музика до даска(а како што имам 6 мали звучника у ком поврзани јако е)никогаш не викам другарка кога сум сама бидејќи сакам сама да уживам во home alone атмосфера инаку можам и да се избањам иако немам када имам туш и додека не го испразнам цел болјер до даска не сум жива инаку кога почнуваат да се собираатеден по еден дома ми се крева притисокот и цело време се молам да бидам сама доставно тишината ме релаксира