obicno baram nekoja zanimaciia, a ako epten nemam so da praam ke slusam muzzika ili ke citam nekoja kniga
Бидејќи сега малце нешто не работат моите звучници така да кога сум сама дома гледам ТВ или се гледам со некоја моја другарка на камера
Најубаво ми е! Најчесто си гледам сама некои филмови или пак ја викам другарка ми заедно да гледаме хорор затоа што сама неможам xD Си праам фризури, ги лакирам ноктите, читам книга, се гледам на камера со другарка и така
често сум дома сама пошо моите се кавадарци имаме фирма таму така да и ова лето ке сум самааааааааааа а кога сум сама урлам хахаха слушам музика пејам на цел глас,уживам гледам филм и така се опуштам....
Добро поминато време, дефинитифно Најчесто знам да рокнам музика до даска и да го земам дезодорансот и да глумам пеачка, знам и нешто да си зготвам за моја душа, се разбира гледам ТВ или на интернет сум, пагаат доста selfies. Доколку немам што да правам ептен дома ја викам другарка ми
Седам на нет, некогаш чистам ( зависи од расположение), некогаш викам другарка, некогаш си пуштам музика...итн.
Плачам, гледам слики (кога сум со друг ми е глупо да гледам мои слики, ич не знам зошто), читам книги, гледам хорор итн.
Сега на ова топло време се заклучувам си пуштам клима, пуштам гласна музика, со чешелот во рака и се правам Шакира, кога сум сама дома си живеам во свој свет
Јадам, пијам кафе и дремам на лаптоп цеееел божји ден. Една работа да треба да направам се наканувам со саати. Но тоа важи само кога сум сама моментално, за разлика од оставена сама на себе и домот на мој терет со денови, се снаоѓам одлично. Ја обожавам улогата на домаќинка, кога никој во ништо не ми се меша. Поготово мајка ми, затоа што многу различен стил имаме на работење, таа е површна а јас темелна и секогаш се нервирам, не ретко и ги премивам и садовите.
Ако се истуширам, си шетам низ дома како по модна писта по гаќи и прслуци. Пуштам гласна музика, дезодорансот во раце (во улога на микрофон ) и целата онака уфилмана пеам, играм, како концерти да одржувам.
Слушам музиκа, седам на ρаат пρед κомпјутеρот зошто κога моите се дома мислам на татκо ми и бρат ми веднаш се залепуваат на κомпјутρот и јас моρам да се неρвиρам со телефонот.