yawn mi se dopagja tvojot nacin na iskoristuvanje na slobodnoto vreme i jas na slicen nacin se osloboduvam od moite i posle toa muzika do max,mikrofonot(cetkata za kosa) vo race i karaoke party se duri se vratat a nekoj den ke probam i masaza i prigotvuvanje na nekoj specijalitet )
Јас скоро секогаш сум сама...Најубаво е да си сам дома! Уживам и кулирам.Најчесто знам прво да суредам се околу мене за да можам да функционирам.Исто така можам да се заглавам во кујна и да ја имитирам мама (секогаш кога таа готви стојам над неа и учам како што се прави).Исто така си спремам топла купка,гласна музика или тивка за опуштање-задолжително.Некогаш сакам да се исплачам до крај,да се средувам со часови...
Јас сум секој ден само дома и веќе ме ми е интересно дури ми е досадно .Порано кога ке останев сама дома го пустав радиото до крај,пеев и играв по дома и обавезно собирав друство,а сега веке ми е досадно секој ден по цел ден да сум сама дома.
hhhhhh koga sum sama doma obozavam da slusam glasna muzika a najcesto toa go pravam so moeto drustvo super e
Па еве денес сум цел ден сама дома и ништо не правам..Мачно ми е и си лежам в кревет и одвреме-навреме го погледнувам форумов. И си слушам музиче.
Исто, како членкава погоре, дома сум сама денес, па прво нешто средував низ дома, па рокав гласна музика, и играв, па готвев... Денгубник Сега се спремам за на именден, па времево ми пројде.
многу чето сум сама дома, обично си викам некој на кафе. Кога нема никој за кафе, си го местам плакарот, испробувам комбинации, кувам нешто слатко, а музика си ечи во позадина.
Обично експериментирам во кујната, па ако ми испадне некое фијаско, нема кој да го види и да ми се смее Одмарам, уживам во тишината, седам пред компјутер или пак ги викам другарките на дооолг кафе - муабет
ги пронаоѓам скришните места на тато и мама...и си гледам кај што имат скриено...и интресно ми е мислат дека ништо незнам.....се ќе си најдам и видам...... убаво ми е така
Ретко останувам сама дома...Јас сум личност која сака дружење, топлина, блискост со луѓето,нежност и смеа..Но ете понекогаш се случува да ги снема сите , секој по свои потреби ... е тогаш заглавувам јас.Знам дека тогаш ќе заглавам во мојот плакар и со саати да останам покрај него..Ја сакам модата и сакам да експериментирам со неа, па така во тие моменти знаам да си одредам облека за цела недела што ќе носам Знам да си посветам нега на лице и тело, да завршам во кујна, да направам некоја чоколадна торта која потоа за миг ќе ја снем.Знам да ги побарам моите во светот и преку камера да ме изгушкаат и со иста мера да им вратам....И сето тоа проследено со добра музика , стари хитови од моето време ... Е тогаш сум назад 20 години и ми будат спомени Знаам да направам генералка да им посветам време на сите нешта во домот , да направам добра скара и да стегнам нешто јако ..кое потоа знае да ме стегне мене Ама што е битно кога ќе дојдат јас весела, скарата готова Ај се си знам ... ама знам и дека немам доволно слободно време...
Ретко многууу ретко кога сум сама дома. Не се ни сеќавам кога последен пат сум била сама по дома, во најмала рака малиот е со мене.Обично намавам мажот и детето на шетање или некое кафе по чаршија за да јас нешто завршам во стил генералка по дома или време за себе , правење јадење и сл.