Цртам, пуштам гласна музика но не за долго, за некои 10тина минути ете ги комшиите на домашен. Уживам да се капам кога сум сама дома, ја полнам кадата, клавам од омилената купка, палам 2 миризливи свеќи и вратата не морам да ја затворам и си пуштам плејлиста на телефонот. За мерак. Читам книги и медитирам..
Читам книги, пуштам гласна музика и играм, се кријам од ''крадците", лудувам по цела куќа, цртам, гледам некои работи што можам да ги направам на интернет и најважното ЈАДАМ
Многу ретко се случува да имам слободно време, но тогаш си го посветувам максимално на себе си. Читам некоја добра книга, гледам некој филм, слушам музика и обожавам да цртам на платно
Кога бев помала, прва-втора средно, да останам сама дома ми беше празник. Ќе станев порано да го имам цел ден пред мене, ќе си правам комбинации за излегување, памтам купив едни сандали на мала штикличка па ги комбинирав со се и сешто. Многу ми беше интересно да се шминкам, ја земав пудрата на мајка ми, ставав римел, кармин и позирав пред огледало. После кога почнав да пушам цигари, филм ми беше да си направам кафе па цигара ќе запалам, ќе и се јавам на другарка ми и дрндање по пет саати, ко некој ритуал ми беше тоа. Или па, ќе викнам другарка кај мене, ќе пуштиме музика, ќе си правиме муабет. Сега, кога сум сама дома најчесто го преспивам пола ден и немам што многу да правам. Ама и да сум будна, не правам ништо посебно, ако не ме мрзи ќе се истуширам и ќе се шлапам со маски, гелови, пилинзи, или си наоѓам рецепти на нет и сама си правам маски и чуда.
Најчесто полнам када + купка = Пуштам музика,се шминкам па и готвам..( пробувам нови рецепти од нет.. )
Кога останувам дома сама тоа е на неколку саат 2-3. Најчесто пуштам музика до даске и си танцувам сама дури не клапнам од умор (незнам ова колку е нормално )
Пишувам нешто проза поезија, си слушам музика како и секој нормален, зборам со луѓе па тепам монотонија да не слушам музика, обично легнам на фотеља и мислам со затворени очи, играВ дота ама тоа ти е дрога некст левел. Ех и да, најбитното си чепкам старите луѓе што викаат "модерни играчки" (компјутери).
Слушам Regge нузика Експериментирам со NessCaffe, после тоа пустам на Youtube следам игри до каде каде се стигнати дали има нешто ново кој како игра натпревари во CS, вежбам склекови ама минимално и скоро цела ден NessCaffe пиам заедно со цигара се разбира потоа се слушам со мојата најдобра приателка и така навечер некој филм тоа е тоа
Истите работи што ги правам и кога не сум сама дома. Слушам музика,читам на фемина,гледам филмови....
Ретко кога сум сама дома, иначе музика некогаш филм зависно расположението, социјални мрежи и добра книга.
Пуштам музика и денсам пред огледало нормално, потоа ставам маски за лице или експериментирам со шминка изигравам модел (да, детски е знам ама таква сум). И да си шетам гола по дома, нешто што нема шанси да го правам ако има било кој дома