Прво го ставам тел на тивко оти лесно можат да ме убедат да излезам а јас обожавам кога сум сам. Спремам си мезе, нешто за пиење- вино, земам гитарата свирам и пејам. После два саата одам у кревет и пуштам некоја серија.
Ја заклучувам вратата Пуштам метал песни на тел Звукот до крај И тоа е тоа Се дерам по куќи, концерти си правам
Кога бев средно ми беше настан да сум сама дома, и ептен ми беше мерак кафе да си направам и да запалам цигара, тогаш почнав да пушам и доживљај ми беше. Па се шминкав, испробував модни комбинации, слушав музика, ќе викнев некој кај мене. А сега скоро никогаш не сум сама, а кога сум животарам , ама буквално ништо не правам, тоест истото што и кога не сум сама, јадам, лежам, читам нешто на нет, на форумов, гледам видеа, си седам повеќе на долниот спрат, се шетам низ дома и послободно си зборам на телефон. Досадна сум, знам.