Уживам! Често сум сама дома и навикната сум, убаво ми е. Си пуштам музика, си седам пред компијутер, си ја викам другарка ми на гости, слободно пцујам кога сум нервозна , плачам ако сум тажна и никој не ме замара со прекори и глупави прашања.
Се опуштам максимално... Пуштам гласна музика, си викам некоја дргарка и зависи до состојбата дома може да чистам
сама дома значи потполно сама...не викам никој од другарките, сакам сама да си уживам и да си се одмарам....си варам кафенце си земам цигаренце си пуштам музика и уживам така едно 45 мин. Потоа, бидејќи сакам да готвам, ќе си зготвам едно вкусно јадење, ќе си ја наполнам чашата со ладен сок со мраз и уживам...потоа педикир, маникир, релаксација...ах ах што убаво....сакам сама дома
Се преродувам. Никој не ме замара, можам да си го пуштам мозокот на пасење, да заборавам на секојдневните грижи и обврски
Обожавам кога сум сама дома... особено на лето секој викенд сум сама...ммммм.....обично најпрво чистам, а после то ги викам другарките и си седиме, муабетиме, кафе, филм, музика, и нешто што многу често ни се дешават е да напрајме нешто благо, некоја торта... ...
Обожавам да сум сама дома , тогаш се опуштам со некој добар филм , или пак пуштам гласна музика и играм пред огледалото , а некогаш за викенд ги викам другарките на милк-шејк и се потсеќаме на старите добри денови ! мммм .... уживанција
Кога сум сама пуштам музика до даска и пеам пред огледало, понекогаш гледам филм и се средувам од глава до пети.
Па неколку години сум сама дома (без моите)...така да вообичаено што и секој ден. Ееее порано си викав,туф ко ќе почнам сама да живеам ќе ми биде топ,и ете почнав на почетокот беше интересно ама кога сватив дека освен оние забавните работи ме чекаат и еден куп домашни обврски ,се размислив дали навистина е поубаво)) Кога бев тинејџерка и кога ќе останев сама тоа ми беше празник за душа:музика секогаш до даска,обавезно некое екипиче мало на пуканки,палачинки или сл. или пак ако бев сама сама си уживав во самотијата)
Сама дома... па тоа ми е секојдневие! Понекогаш мислам дека сум навикната на таа самотија, а понекогаш сфаќам дека ужасно ми смета да се биде сам дома! Нема со кој збор да одзборам, нема со кој кафе да се напијам, ниту пак да се скарам или насмеам... Моите се вечно отсутни од дома, секогаш се по работа, а јас од сабајле до вечер сум сама! Најчесто дремам на компјутер, чистам, спремам нешто за јадење (домаќинка ) Кога моите не се дома на повеќе дена, го викам дечко ми да спие кај мене, е тогаш ми е најзабавно...
Неможам да поднесам да бидам сама, ја мразам самотијата Моите скоро секогаш се на некој пат или на деловен состанок, вечера. Пукнувам од досада, и некогаш помислува дека ќе почнам сама да си зборувам. И обавезно викам друштво на журка или си земам некој добар филм и гледам
Ретко останувам сама дома, ама кога се случуваат вакви работи следува караоке и пеење до бесвест - тешко на комшиите, ечи цела зграда