Во последниве 4 години ретко кога сум дома сама, а и кога моите не се дома, соседите се тука да ме дружат, а и имам роднини што живеат до мене. Некогаш се случува да имам 2,3 часа за мене, па ги користам за да си се средам, депилација, маникир, педикир, пилинзи и што уште не. Вчера седев сама добри 8,9 часа и збудалев, читав книга, слушав музика и со дечко ми постојано зборував на моб. Тогаш кога правевме пауза од моб. ни се чинеше ко вечност. Не му досаѓав и тој беше сам, па се дружевме.
Кога сум сама дома викам некој друштво да ми праи ,или дечко ми или другарките А понекогаш сакам сама да си лежам и си дремам на нет. едноставно си го одмарам мозокот А една смешка ке ви кажам ; Како помали со сестра ми кога ке не оставеа сами дома со клуч на врат ,обавезно ги превртувавме сите фиоки и чепкавме по работите како да бараме нешто ,а уствари интересно ни беше затоа што мислевме дека ке најдеме нешто што родителите го криеа од нас Ден денес кога ке ни текне на тоа се убиваме од смееме и не си ја разбираме детската психологија што сме ја имале ние
Чистам, чистам и чистам...никој не ми се меша и најубаво ми е, ако ми остане време убаво ми е така сама да се моткам низ куќа
Значи ако ми викаат да чистам, нема да чистам, не за инат туку на тоа нема да гледам како занимација. Ама кога ке отидат некаде домашните ке земам ама се' ке наредам, ке исмукам, ке избришам. Некако тишина ке ми е, и ме тера на работа Или ако сум изморена ке седнам на пц и ке ги чекам. Страв ми е да си легнам ако нема никој во куќата
Чистам, си правам нешто убаво за јадење, пуштам џез , пеам, се бањам и одвојувам доста долго време за да си се средам и го викам љубениот, доколку е во Скопје..
Уживамм Пуштам музика и си ја средувам собата,па гледам телевизија. После викам друштво кај мене и се забавуваме.
Понекогаш уживам кога сум сама дома си пуштам гласно музика играм ко нездрава,скокам пеам,некогаш чистам,некогаш уживам читајки добра книга така во тишина ...но понекогаш баш е здодевно кога сум сама се шекнувам
во последно време,инспирација добивам за готвење специјалитети(мои измислени) и си правам колачиња или торта,а некогаш ги викам друфарките максимална забава со пиенка и игранка !
Лумпувам... Е па понекогаш си читам книга со топло какао до мене, понекогаш се завиткувам во кебето, земам пуканки и си гледам некое филмче,а понекогаш пуштам музика до даске и ги будалам комшиите. Обожавам кога сум сама дома, психички се одмарам !!!
Ако сум подолго време сама дома, односно кога моите се на одмор, го викам дечко ми и си играме „пробен брак“ во следните 10-15 дена
Слушам музика, гледам филмчиња, си правам маски, педикир и маникир, читам некоја книга и така.. Едноставно уживам.
Прво уживам малку самата со себе, шетам со што помалку облека А потоа се разбира, гостиии и секако љубениот да преноќи во моите прегратки
За жал многу ретко остнувам сама, меѓутоа кога ги нема моите го користам секој момент...го викам дечко ми, другарките со дечковците и дома е хаос...се јаде, се пие,се пее, а после остануваме сами со дечко ми и си уживаме цела вечер.....ахххх како нема почесто такви ноќи
Ехх, еве два-три дена како сум сама дома и некако ми здосади, немам што да правам. Кога ќе начекам онака еден ден да сум сама - па тоа ми е премија и си го користам на разно разни начини. Ама сега сум болна и неможам да искочам надвор, пошто кога сум сама скоро секогаш си искачам без да ги прашам само ќе и речам на баба ми ајде јас искачам и тооп ми е А онака, треба да поминувам низ досадните и напорни фази пред да искочам, зашто, кога, кај, со кој, неможе, ова она.. -.- А вака на работа си се, не ми ѕвонат толку, среќа.. А па ако е петок, ухуу, цел ден сум надвор. Друго, си пуштам музика до даска, уфф што сум баксуз - звучниците не ми работат а и не сум расположена нешто за гласна музика у моментов. После си ги викам другарките, збориме за што сакаме, колку сакаме, си се дереме или па ќе се јавам на телефон на другарка ми и ќе зборам по пола саат за што сакам, а не вака кога се дома одвај 5 минути можам да зборам, и да шепкам, па да се кријам.. -.- Да бев цело време сама ко братучетка ми, и мене досадно ќе ми станеше и немаше више што да правам, ама вака топ ми е ..
Како прво цел ден не излегувам од пижами, после дремам на компјутер или гледам филмчиња. Ретко кога сум расположена го средувам цел стан
Прво се релаксирам,се лакирам,маски за лице си шетам по бањарка,па пречекувам гости,седиме до сабајле и дечко ми останува и си спиеме заедно...многу убаво!
Кога сум сама дома уживам во тишината. Се случува да седнам или легнам на едно место и размислувам, размислувам, размислувам... честопати си правам „филмчиња“ во главата, ги враќам и ги воскреснувам некои поранешни моменти, анализирајќи ги повторно и повторно, или разгледувајќи ги сите можности и патишта по кои можам да тргнам утре... Честопати се случува и да имам вишок на енергија, па пуштам музика „до даска“ и играм, правам кореографии, ако можам и некои веќби за истегнување. Во последно време се случува да цртам. Кога сум сама, тоа е единствениот миг кога можам да украдам малку време и за мене и да ја пуштам мојата фантазија да се шири до бескрај. Обично цртам според расположението, она што го мислам и чувствувам, а воедно користам и бои кои се складни со моите чувства во тој момент. Или пак седнувам да пишувам. Исто како и со цртањето - чувствата ги преточувам во зборови, реченици... Многу често некој мој случен настан го видоизменувам и го прераскажувам во трето лице, притоа оставам да преовладуваат мислите, чувствата, настроенијата и нивните меѓусебни конфликти. Сепак, како и да е, секогаш наоѓам време да седнам на Фемина.