кога сум дома уживам си слушам музиче,или па гледам некој филм.....може па ако ми е мн досадно да си пуштам клипчиња на нет ,да се шминкам....
Сама дома,секојдневие. Веќе се навикнав! Не ми е досадно, си се забавувам! Музика до даска,играам,пеам среќна сум, можам слободно да си запалам цигара, и после да смрзнувам луфтирајки Зависи како сум расположена, а некогаш се случува и цел ден да поминам пред компјутер,тоа ми е губење време.. А кога ги нема моите на подолг период,е тогаш е друга приказна Одма се јавувам кај другарка ми, ќе се договориме! Доаѓа кај мене и тогаш започнува забавата! Пиење,јадење,смеење,оговарање,пеење и играње до зори Дома димница, утредента слушаме милиооониии муабети и верзии како сме ја поминале вечерта Уживаме додека ги слушаме,затоа што одма се ставаме во филм и правиме цело сценарио, тоа претставува дополнително смеење Никогаш не ни е досадно,после следува фотосесија и на крај уморни си легнуваме во раните утрински часови!
Пуштам гласна музика и денсам . И обожавам да средувам низ дома кога сум сама дома со музика во позадина
На компјутер малку, па после филмче па после музиче за средувањето по дома да иде полесно, а некогаш и си комбинирам облека било за искачање или за на факс и си се пробувам!
Пеам, само тогаш никој не се буни, НЕМА КОЈ Викам другарки, кафиња, винце, муабети, онака си праам грлс најт, и отпосле се каам зашто не сум го викнала дечкото, да си бидеме сами ова-она... ај во 2011 посакувам на повеќе денови да останам сама дома
Моментално сум сама дома. Ми претече млекото, го тргнав, избришав, проветрив. добро е! ја наранив мачката и си играв Кантер, прилично досадно ми е, ја чекам мајка ми за да правиме кифли.
Пуштам музика и пеам гласно или пак како прегеска во мир и тишина си читав книгата... понекогаш си викам некоја другарка и си гледаме некое филмче и се зафркаваме..
На најчесто си пуштам гласна музика, си правам нешто за јадење, си пеам Си се пресоблекувам во све што имам дома да видам како ми стои
Конечно целата соба ми е на располагање ,.... сестра ми отиде кај братучедка ми во Скопје на 4 дена yessss oh yeah oh yeahhh сакам да си ги вратам назад сите постери од HIM Beyonce Rihanna 2pac и останати )) ке си ги соберам сите другарки онака релаксирано да се изнамуабетиме за се што ни се слушши последните 2-3 дена околу нова година како си поминавме ( иако бевме заедно ) сепак друго е чуството кога ке седните во опуштена атмосфера со омилената музика и чоко стоби флипс
Home alone? За мене тоа значи МУЗИКА ДО ДАСКА! Облекувам некои штосни парчиња, играм пред огледало, се сликам, пеам, танцувам Кога не сум баш расположена, читам книга или учам.
Обично како помала кога ќе ме оставеа сама дома да седам си викав прво друштво ќе се соберевме неколку другарки од маало ќе си пуштевме музика и трачариме пиеме кафе,сокче,ќе си напраиме нешто за јадење или па филмче ќе си пуштевме и така.
Најубаво ми е кога ќе ме остават сама и кога ќе си седнам пред компјутер и си палам цигарче ммм некогаш си ги викам и другарките на трач муабет,ма што ми дојде на памет тоа и правам
Ех, што се не правам...Често пати ставам слушалки на ушите, пуштам музика на најгласно и се дерам. Значи не пеам, туку се дерам И можам со часови тоа да го правам. Го имам правено ова и кога моите се дома, ама мајка ми веднаш доаѓа и црка по мене: „Ти нормална ли си? Што се дериш како некоја луда?“ Исто така, многу сакам да играм, да танцувам. Најмногу уживам кога танцувам сама дома, целосно сум понесена од музиката, а во мене останал уште последниот здив, капки пот ми течат по лицето, а јас играм ли играм А кога немам волја да правам било што, седам пред компјутер и гледам некое филмче