Викамм некој да дојди кај мене да поседиме,пуштам гласна музика пеаамм играм пред огледало ко ненормална сама хахахаха
Си се опуштавам. Си ја полнам кадата, си пуштам музика до даска, некогаш спијам, правам гласни разговори ... абе се по список
Сега сум сама дома , си пијам кафе додека нешто работам на ком И чекам да дојде син ми... изгледа му ја зезнав прогамава што ја работи на истиов ком ... се уклучив од неговиот и сега нека оправа по мене... така ми тргна денот
Уживам дефинитивно хахаха..кај мене дома не се случува често да сум сама..голема фамилија .. многу братучеди и бла бла бла...нон стоп дома имат некој хехе и дури и ми е чудно кога сум сама...ама кога сум сама максимално си го користам времето за уживање...
Па пред да се преселам од кај моите, кога бев сама дома секогаш си наоѓав занимација. Најчесто си се тинтрев уз добра музика, средував плакари, слушав музика или се обесував на телефон со другарка ми, на раат да и кажам се што ми лежи на душа. А пошто од пред извесно време живеам сама, си правам што си сакам. Во секој случај немам баш многу време за легачење, зошто и домаќинските работи треба да си ги завршам (иако и мама знае да дојде па да помогне ) ама со добра музика секогаш работата оди полесно, а комшииите за некое чудо не се пожалиле, барем не до сега.
си праам плеј листа од песни што ми се баш онака.. попуштам до даска си седнувам си пијам кафенце, си правам и нешто за јадење .. одмарам мозок , и вечерта си викам неколку блиски другарки/дечко ми.. или пак некоја комбинација.. зависи од моменталното расположение
Компјутерот ми е во салонот, а не во мојата соба така што ретко имам можност да ја пуштам музиката гласно и да играм без да размислувам како тоа всушност изгледа.Затоа најчесто кога сум сама дома музиката ми е пуштена најјгласно и јас сее мавам најсилно што можам!
Ох знам често да пуштам гласна музика да рипам ко нездрава, или максимално да си опуштам запалам миризливо стапче или свеќа (зависник сум од нив), книга, готвење или како што знам често да му ја мсилам за концепти на фотографија, да пишувам поезија или да го изгубам денот пред компјутер цел ден од штракање без везе..
у последно време кога сум сама дома испробувам рецепти за кафе,порано знаев да ја рокнам музиката до даска и сега но не толку често, како кажав сега сум по кафињата и рецептите, бидејќи кога се моите дома не можам да припарам у кујна.
Еве на пример, прееска кога се вратив дома, немаше никој, па си легнав до прозорецот, си пуштив смирувачка музика на мобилниот и си го гледав залезот на сонцето. Ќеф! Уживанција!
Кога сум сама дома ги правам сите оние работи што не можам да ги правам во нечие присуство. Не секогаш сакам да бидам сама, кога сум во пмс ми иде да се убијам, спобудалувам ако нема со кого да разменам два-три збора. Инаку си пуштам музиче, ја средувам собата, ја зимам крпата и и правам маф на прашината. Потоа си земам некое списание и си читкам. Уживам кога дома ми е чисто и средено тип-топ, i`m houseproud .
Еј, како само уживам да експериментирам со готвењето кога нема никој да ме демотивира редовно го правам, секогаш измислувам нов рецепт Зимно време лежам на термото и читам, бидејќи тешко е кога се сите дома да го правам, додека пак летно време лежам на паркет и читам (нема кој да ми држи предавање за јајниците и ладното што доаѓа од долу). Изводам бесни глисти на музика, играм ко мајмун низ куќи. Симнувам филмови и гледам по два со сигурност, ако имам време за тоа, инаку кога има некој дома, посебо мајка ми тешко се гледа филм со неа, обично се збори за се друго и филмот завршува (не дека ми смета го обожавам, ама сакам и да изгледам филм чисто ради филмот ). Друго и не ми текнува има многу работи, бидејќи фини ни се распоредите со работа на сите дома, па се случува да сум сама некое време во денот
Зависи од периодот. Пример, сега едвај чекам да си останам сама дома за да можам на раат да си се изнаучам. Среќа, овозможено ми е истото. Да имав дечко ке сакав да го носам дома да ми молериса за без пари, ама пак кога ке бев сама за да не му е срам ако згреши негде па после да поправа на несекојдневен начин. Или пак да се депилирам распостелена по цел стан. Раскречена, едната нога во спална, другата пред влезна врата. Дeмек со едната примам, со другата носам во спална. И да себично ке си правев се за мене. Ке си готвев тоа што ми е најслатко и највкусно само за мене. Друг не ме угостил за да заслужи да му возвратам. Е така. И ке си слушав музичиња за своја душа. На глас. Нека се бунат комшиите, јас не им се бунам додека стенкаат.
најчесто учам, гледам телевизија, спијам, се занимавам со ноктите, цртам, или во најчест случај берам друство , другарка да си поприкажиме со кафенце нај убо
Зависи какво ми е расположението Некогаш,особено за викенд, кога сум сама правам генералка на собата. Најубаво ми е тогаш да чистам. Инаку во обичните денови, си седам на компјутер или пак играм.