1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што претставува душата?

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 18 јули 2017.

  1. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Речиси секој религиозен, или генерално спиртуален човек верува во постоењето на ентитет, апстрактна супстанца која ја нарекуваме душа. Се поврзува со свесноста и чувствата на една индивидуа, а според некои, таа е главната состојка која е потребна да се каже дека еден човек е жив.
    Во Библијата среќаваме момент кога Бог му ја дава душата на човекот, поточно му дава „здив на живот“:

    Денес душата наголемо ја поврзуваме со емоциите, емпатијата и со сето тоа што мислиме дека нѐ прави посебни, поточно она по што се разликуваме од механички роботи.
    Како вие ја замислувате душата, или она што го нарекуваме душа?
    Како го објаснувате овој апстрактен поим?


    Јас не верувам во постоењето на душа, или да речеме некој чуден вид енергија која ја имаме во нас. Не дека е премногу апстрактна за да можам да ја разберам, во глобала имам некоја идеја што би можела да претставува, но не чувствувам дека тоа е она што ни ја дава суштината, барем не онака како што ја опишуваат луѓето.

    Впрочем, ми делува некако одвишок во целината на едно човечко битие, еден организам за кој знаеме скоро сѐ.
    Концептот на „душа“ е на некој начин замена, или пак опширен збор за работите кои ги чувствуваме, а не сме знаеле каде да ги сместиме. Во ова време веќе знаеме точно зошто чувствуваме љубов, среќа, тага, болка, гнев... Грубо кажано, мозокот дава наредби на ендокриниот систем да лачи хормони кои, комбинирани меѓусебе нѐ тераат да се чувствуваме на некој начин.

    Ова ме потсеќа на митот дека љубовта е поврзана со срцето. Всушност, она што го чувствуваат луѓето кога се заљубуваат е забрзаната работа на срцето, која е поврзана со адреналинот, кој пак се лачи кога еден човек е возбуден, обично, кога ќе ја види саканата личност.
    Но, сепак, луѓето преферираат да кажат дека срцето им е скршено, дека душата ги боли и сл. кога сето тоа е всушност работа на мозокот.

    Така што, ако има ваква „душа“ која е задолжена за чувствата на луѓето, тоа би бил самиот мозок.

    Најблиското нешто до душа што би можела да го прифатам е луцидноста (повторно...) на мозокот, бидејќи да ја немаме, или сме онесвестени или мртви, што е спротивно од живеење, кое, како што спомнав погоре, е предизвикано од имањето душа. Така што, би можело да се каже дека свеста е она што нѐ е одржува во живот и без кое не може да се живее, или како што некои луѓе ја нарекуваат, душа. :)
     
    На 1209, Mrs.Styels, КикиМаус и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Човекот дефинитивно на прв поглед делува како да е more than a sum of its parts.

    Иако имаме прилично добри познавања за тоа како нашиот организам функционира, од органско, до клеточно, па и молекуларно ниво, човекот е толку комплексен организам што изгледа речиси неверојатно и контраинтуитивно дека целото наше постоење може да се сведе на физички процеси, хемиски реакции и електрични импулси.

    За многумина е несфатливо дека целиот наш идентитет, карактер, емоции и сеќавања, нашата разум и свест, можат да се сведат на еден единствен орган – мозокот. А сепак, изгледа дека навистина е така.

    Поимот „душа“ потекнува од далечни, попримитивни времиња, кога човекот, иако веќе бил свесно и разумно суштество, немал речиси никакви познавања за природата и за самиот себе. А душата, во недостаток на подобар збор, го означувала она што денес го знаеме како свест, разум или карактер на човекот.

    Душата е исто така едно од многуте антропоцентрични сфаќања на човекот за природата и за самиот себе. Луѓето се всушност прилично самобендисани и арогантни суштества, убедени дека се посебни и подобри од другиот жив свет.

    Па така, од нашите антропоцентрични гледишта на светот произлегувале теории дека Земјата е центарот на космосот, дека Земјата е статична, а останатите небесни тела се вртат околу неа, дека Земјата е специјално создадена за луѓето, дека луѓето се на некој начин посебни во однос на другите животни (и всушност, самите не се животни), дека нашата свест и разум нѐ прават подобри и супериорни во однос на животните, дека само луѓето, а не и животните, имаат душа.

    За речиси сите овие антропоцентрични аргументи денес знаеме дека не се точни – зошто душата би била исклучок од ова?

    Замислата за вечна душа во телото како привремено живеалиште делува привлечно, но мене едноставно не ми е веројатна. Иако идејата дека после смртта нашата душа продолжува да живее некаде, исто како и душите на нашите сакани, звучи убаво, мене сепак ми личи на wishful thinking.Тоа што сакаме нешто да биде вистина не го прави нештото да биде вистина.

    Но тоа што „душата“ не е некаков посебен, вечен ентитет, туку составен дел на нашето тело, резултат на нашата мозочна активност, не ги прави луѓето да бидат помалку вредни, не ги прави нашите емоции и карактер помалку важни. Напротив; ја прави човековата комплексност, како свесен и разумен организам, уште поневеројатна.
     
    На 1209, tirkenbal, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.991
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. :)
    Наједноставно кажано, верувам дека душата е енергија. Онаа цела живост на човечкото битие, материја како посебен концепт, преточен во посебно енергетско поле. Ја доживувам како концепт од кој почнува и завршува нашето поимување за надворешниот од нас, свет. Верувам дека душата е концепт на бескрајно рециклирање, во најразлични форми низ универзумот. Ененергијата и според законите на физиката е неуништлив концепт кој само може да преминува и зазема други облици.

    Јас како вљубеник во вселената (астрономијата), сакам да верувам дека ние, нашата душа е енергија создадена од звездената прашина самата по себе. По големата експлозија и формирањето на ѕвездите кои првенствено создале нуклеарната фузија во нивните јадра, а подоцна ги создале сите битни атоми на водород, калциум, железо, јаглерод и ред други елементи, клучни за животот -биле создадени токму во јадрото на ѕвездите. Истите, се испуштаат со умирањето на ѕвездата, па од таму честопати кога ке видиме како ѕвезда паѓа, велиме дека нов живот на земјата се родил. :) Сите ние носиме ѕвездена прашина во нас. Носиме дел од вселената. Не сакам да верувам дека дека нешто толку прекрасно може да згасне засекогаш. Како што ѕвездата и телото умираат, верувам дека енергијата нивна бесконечно се трансформира, ресетирајќи се одново и одново во нови, привремени облици.
     
    Последна измена: 19 јули 2017
    На tirkenbal, Doozy, ♡BuBaLe♡ и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Ако се однесувавме едни кон други како кон ѕвездени деца веројатно светот ќе беше помирно место и наместо на морбидни глупости - енергијата ќе се насочеше кон проширување на животот низ нашето космичко соседство, Сончевиот систем. :party:
    Неверојатно срамно е што има милијарди сиромаси при овие ресурси. Наместо да муабетиме со вонземјани ние се заминаваме со крајно банални секојдневија.

    А поимот душа, може е некаков вид на софтвер кој се даунлодира при зачнувањето, се надоградува низ животот и се аплоудира некаде на непознато место при смртта.
    Некој вид небески клауд, ХДД и сервери :party:
    Може не е бинарен код туку нешто сосема десетто, засега непознато на науката.
     
    На Читател, snezan4e, daylight и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.042
    Пол:
    Женски
    Има една мисла, но не знам чија, гласи: You don't have a soul. You ARE soul. You have a body. Се согласувам со тоа.
    Душата никој досега не ја дефинирал ниту па тоа може да се случи. Многу научници и истражувале што е душа, каде се наоѓа таа во човековото тело, но ништо точно и прецизно не може да се каже.
    За мене душата претставува некаква материја, од што се состои не би можела да кажам, но знам дека е неуништива, нераспадлива за разлика од нашето тело. Душата е вечна. Ние во себе имаме нешто Божјо, а тоа е душата, како што и во Библијата пишува: ,,А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.”(1. Мојсеј 2:7).
    Душата сум мислела дека се наоѓа онаму каде чувствуваме тежина кога сме тажни и исполнетост кога сме радосни - некаде околу градниот кош, но дали можеби нешто се крие во овој дел: ,,...му дувна во лицето дух животен...". Зошто во лицето? Треба тоа нешто да ни значи? И да, сметам дека душата е слободна во нашто тело, а не заробена во мозокот или срцето.
    Друго, не може да се знае ни големината или обликот на душата, она што знаеме (според Светото Писмо) е дека, по смртта, душата ќе се соедини со новото тело кое ќе го добиеме, тоа всушност ќе биде истото ова тело што го имаме, само обновено, ќе стане нераспадливо како душата.

    Плус, што е со оние сведоштва за луѓе во кома или кои имале клиничка смрт? Нивното тело си останало на креветот а тие биле свесни каде отишла и што доживеала нивната душа, што го потврдува она што го напишав на почетокот, дека ние не сме луѓе (тела) со души туку души со тела.
     
    На Rama, Florenсе, shz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
  7. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Душата е всушност некое огледало на човекот, некое платно каде се одсликува душата или карактерот на човекот. Добродушноста на човекот и добрите дела што тој ги прави се одразот на душата, а исто така Лошотијата и лошите дела и мисли, се одраз на неговата душа, Душата може да биде добра или лоша. Па често пати можеме да слушнеме во нечиј разговор "тој е човек со добра душа" или "лоша му е душата, не знае за добро тој" и сл. Душата е како да кажам некој вид на материја која живее и после смртта на човекот. Многу пати сум слушала од некои личности дека, кога некој умира, друг се раѓа па така душата од умрениот се префрлала во новото тело кое се родило. Е сега дали е вистина не знам, затоа не тврдам, само кажуваам како имам слушано.
     
  8. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    Сите овие се убави одговори , и јас имам едно прашање кон вас :
    Дали вие го контролирате мозокот или он ве контролира вас ?
    Јас мислам душата постое , дали како енергија , дали како прашина сеедно ..
     
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Вери вери гуд квешчн!!!
    Мозокот и ги мати водите на душата или обратно?
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.711
    Пол:
    Женски
    Верувам во постоењето на душа. Често знам да си поиграм во својата имагинација за тоа како изгледа душата, од каде доаѓа, што и како прави.
    За душата зборуваме во трето лице. Ја гледаме како дел од нас. Но, што ако душата е сѐ што сме?
    Составени сме од тело, ум и душа. Всушност, и за сите три работи зборуваме како да се само дел од нас. Мојот ум, моето тело, мојата душа. Не јас.
    Што сум тогаш јас? Ако ги снемува телото и умот, останува душа. Или не останува ништо. Но, јас сум сепак за првово.
    Многу од вас не веруваат во живот после смртта, сметаат дека смртта е крај, и дека после смртта сѐ е мрак и празнина. И дека е... готово.
    А што ако душата го продолжува своето патување? Ниту во рајот, ниту во пеколот. Но, некаде...
    Подобро би било умот.
    И да, можеме да имаме контрола врз умот, односно врз она што го мислиме. Тогаш кога ќе освестиме дека она што ни поминува низ главата се само мисли, и дека тие мисли произлегуваат од нас самите, сфаќаме дека со нив можеме да правиме што сакаме. Можеме да им дадеме моќ со тоа што ќе се фокусираме на нив, можеме да ги игнорираме и да исчезнат, можеме да ги замениме со некои други итн. Значи, штом во секој момент си свесен дека тоа е само мисла, можеш да си поиграш со неа на било кој начин и да имаш целосна контрола врз неа, односно врз твојот ум. Во спротивно, ти настанува хаос во главата, а што е најлошо, немаш поим зошто е тоа така.
     
    На Anacid и mynameislove им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Според моите убедувања кои ги имам прифатено од Хрисовите објави приемни во Универзален живот таа е нематеријална. Поради ова не ни може да се регистрира со материјални иснтрументи. За разлика од материјалното тело таа е вечна. Кога душата се инкарнира таа е привлечена од оние гени кои моментално одговараат на нејзиниот развој на свест (збиррот на нејзините светли и темни страни) - од тоа произлегуваат и физичките и психичките карактеристики и варијациите низ животниот пат.

    Душата наликува на своето моментално физичко тело кое пак наликува на состојбата на душата и нејзиниот развој.
    Душата се наоѓа во близина на хипофизата во главата и оттаму се протега низ целото тело.
    Свесно нематеријално битие со слободна волја.

    Автомобилот (телото) не може сам од себе да се движи. Во него мора да има или возач (душа) или далечински да биде управувано.Кон каде и како возачот ќе се движи е негов слободен избор но секој избор донесува одредени резултати т.е. последици.
     
    Последна измена: 23 јули 2017
  12. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.725
    Пол:
    Женски
    Како постојат душевни болести? Дури кога имав проблем со депресијата кога ме заболе дишата дури тогаш сватив дека душата постои и најповеќе боли , да да боли и тоа неподносливо , кој има осетено како боли душата тој знае.
     
    На browneyes_, Dashing:) и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ја замислувам како некој непознат вид на енергија. Да додадам дека енергијата неможе да исчезне туку се претвара во друг вид на енергија. Има надеж после смртта. :rofl:
     
  14. WishMaster

    WishMaster Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Не е можно да се обидувате да ја сватите душата користејќи го мозокот... Мозокот не е дизајниран за да може да разбере нешто што не му е опипливо, видливо, нешто што не може да го допре, помириса, види... Мозокот перцепира со помош на сетилата... Вид, допир, мирис, слух... А душата е над сево ова... И затоа мозокот никогаш нема да ја разбере или прифати душата како реалност... За да ја почувствувате душата, треба да го стишите умот... Само еден податок ќе кажам... Во рок од 1 година над 90% од клетките во вашиот организам се заменети со нови... а во рок од 10 години 99.99% од клетките што денес ги имате во органзимот ќе бидат заменети со нови и тоа леб, млеко, вода, месо, јајца, салати... све тоа што конзумирате ќе стане Вие... Водата што утрово ја испивте стана Вие! Или ова:
    99.9999999% of your body is empty space - ScienceAlert
    За мене дефинитивно постои нешто повеќе... Дали е тоа господ, душа, универзална свест,... не знам... знам само дека дефинитивно сме нешто повеќе од ова тело :)
    Убава тема во секој случај!
     
    На browneyes_ и Vitaly им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ништо живо, свесно и функционално не излегува од мртво човечко тело.
     
    На Dim40 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ја мислам дека за мнозинството луѓе така делува и на втор поглед, и на трет, четврт, петти поглед итн. :)

    Не е „речиси неверојатно“, туку е математички неверојатно човекот целото наше постоење да се сведе на физички и хемиски реакции и електрични импулси. Земи колку сакаш хемиски супстанци, мешај ги, треси ги, внеси и струја во таа каша, џабе, ништо живо нема да произлезе од таа хемиска „супа“. Ниту за време на експериментот, ниту по милијарди години подоцна.

    Дека луѓето се посовршени созданија и посупериорни од животните, тоа го знаат и петтоодделенците. Но тоа нема врска со атропоцентричните сфаќања. Впрочем, луѓето не веруваат дека само они имаат душа и дека тоа ги прави посебни од животните. Христијаните на пример веруваат дека и животните имаат душа.

    1. Примитивното верување дека Земјата е центар на Универзумот и дека се се врти околу неа не произлегувало од антропоцентричните гледишта на човекот, туку едноставно од простите набљудувања на небото. Значи ти доколку си живеел во 2ри век и си ја дигнел главата нагоре ќе си забележал како Сонцето, Месечината и ѕвездите се вртат околу Земјата, изгреваат и заоѓаат. Дека Земјата ротира немало ни на крај памет да ти дојде, затоа што поимот за гравитација не би ти бил познат и би си рекол: Ако Земјата се врти, прво сите тоа би го чувствувале и би ни се лошело (како кога се вртиме на рингишпил), а второ кога Земјата би била од другата страна, сите ние би испопаѓале „надоле“ :) Поентата ми е дека без разлика колку некој бил понизен и скромен научник, тоа биле простите очевидни набљудувања на небото.

    2. Според христијанството, Земјата е создадена и за животните. Бог им ги дал растенијата како храна на животните. Сонцето, воздухот, водата и земјата се одлично создадена околина и за животот на животните. Како што кажав погоре и животните имаат душа.

    3. Ако некои примитивни верувања на луѓето не се точни, од тоа не следи дека се што порано луѓето верувале е погрешно. На пример ете порано луѓето верувале дека водате е есенцијална за живот, а науката го потврдува тоа и денес. Верувале и дека компирот и оризот се добра храна, исто веруваме и денес.

    Во христијанството тоа сигурно не е wishful thinking. Ако земеш предвид дека мнозинството мои роднини и пријатели се немаат покајано за гревовите и не веруваат во Исус, според христијанското учење нивните души ќе бидат погубени во огненото езеро кое вечно ќе гори со запален сулфур - ова верување не е баш некое wishful thinking што јас го имам за моите роднини и пријатели :(
     
  17. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Ах да, пак со твоите верувања за настанок на животот.Не се откажуваш, нели?

    Според тебе бидејќи сите животни имаат душа тогаш клеточните живи суштества имаат душа, во нив треба да спаѓаат и бактериите,археите,еукариотите,протистите,габите и растенијата, или животните се специјални и духовни за разлика од овие спомнативе?Колку души си земал несакајќи стапнувајќи на мравки или едностанво спиејќи на перница и убивајќи милиони прашински грини?Или не , човековата душа е повредна слободно убивај ги останатите живи суштества, не одеш во пекол за нив.

    Со кои нерви ќе го чуствуваш тоа?Ако си роден без чуство на допир и си неверник, дали магично ќе ти проработат нервите кога ќе умреш?Или "функционална" копија од твоето тело ќе се телепортира во оган после смрт, или твојот дух ги има сите сетила, иако сетилата се физички нешта?Зарем ова тебе ти звучи на нешто рационално?Или ооо духот има специјални сетила кои неможат да се замислат ооо.Чисти глупости.

    Оган од сулфур... оох неее, или тој сулфур е магичен?

     
    Последна измена: 31 јули 2017
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не алудирав тука на еволуција или на абиогенеза, муабетот ми беше дека навидум комплексни ствари, како човечките емоции, на пример, можат да се сведат на релативно мал број на хемиски супстанци и реакции.

    На пример, секој човек кој искусил привлечност, заљубеност или љубов во животот знае колку се овие емоции и состојби сеопфатни, длабоки, силни и колку целосно го обземаат човекот. Всушност, секој мисли дека баш неговата љубов е најсилна, дека ќе трае вечно и дека е поинаква од онаа на сите други луѓе.

    Затоа и реков дека е речиси неверојатно и е многу тешко сфатливо дека љубовта, на пример, може да се сведе на норепинефрин, допамин и фенилетиламин.

    Се разбира, не е толку едноставно како што го опишав, но поентата ми беше дека сите наши комплексни емоции и емотивни состојби во суштина можат да се сведат на релативно прости хемиски реакции и супстанци.

    Во однос на антропоцентричноста и човечкиот егоизам - да, поголемиот број на „констатации“ и „заклучоци“ на луѓето од минатото се засновани баш на антропоцентрични аргументи.

    Земјата несомнено изгледала статично и земјоцентричниот модел е продукт на здравиот разум, но другиот заклучок на оваа теорија - дека Земјата е во центарот на универзумот - е целосно без основа во реалноста, речиси сигурно базиран на антропоцентризам.

    Астрологијата е уште еден доказ за човечкиот егоизам - самата замисла дека ние сме толку важни што цели групи на небесни тела и нивното движење по небото се поврзани со нашите животи е олицетворение на антропоцентризмот. А оваа смешна идеја сеуште опстојува и денес.

    Замислата дека природните катастрофи - поплави, земјотреси, ерупции на вулкани - исто така се поврзуваат со некаква Божја казна. Затоа што ништо на Земјава не може да се случи без да е наменето за нас луѓето, нели? :)

    Патем, и ова верување сеуште опстојува во религиите денес, и во христијанството.

    Всушност, има ли нешто поантропоцентрично од религијата? Таа не учи дека човекот е господар на светот и на животните, дека е посебен и подобар од целиот жив свет, создаден според ликот на Бог, дека целата Земја, па и целиот космос, се создадени само и специјално за нас, дека се во животот ни се случува со причина, т.е. дека се е награда или казна за некоја наша постапка, дека нашата душа ќе живее вечно итн.

    Вишата сила, барем во смисла на Бог од светските религии, е можеби најантропоцентричната ствар која сме ја измислиле и која сеуште опстојува и денес.

    Сигурно веруваш дека барем некои од твоите пријатели, а и ти најверојатно, ќе одите во рајот. :)

    Самата замисла декс смртта не е крај и дека постои нешто како вечен живот е доволна утеха за многумина.

    А ако Сведенборг е за верување, тогаш и пеколот не е толку лошо место за поминување на вечноста. :D
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Астрологијата е толку многу прецизна да "боли", ако ја спознаеш нејзината моќ.
    Воедно е и доказ за постоењето на духовниот свет.
    Но таа води на погрешен пат, бидејќи освен детерминираност не нуди ништо.
    Само сигурен пат во нихилизам,во најмала рака, ако сакаш да си модерен, а гладен си духовно.
    Не опстојува илјадици години без причина, но со појавата на живиот Бог, човекот добива право на избор.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас не го двојам „духовното“ од материјалното. За еден човек, можеш многу да сфатиш само гледајќи го неговото лице, изразот ја открива неговата внатрешна состојба.