1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што претставува душата?

Дискусија во 'Религија' започната од Lella, 18 јули 2017.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Тоа што некои работи опстојуваат со илјадници години зборува само за човечката наивност и лековерност, а воопшто не е никаков доказ за нивната веродостојност. :)

    [​IMG]

    :D
     
    На DAngel и Lella им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Како си толку многу сигурен?
     
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.512
    Се сложувам со мислењето на еден од членовите кој вели дека е нешто кое ние луѓето не можеме никако да го замислиме, преку нашите сетила и моментална свест. Тоа што го искусуваме додека сме живи е овозможено преку земни услови и само така постои. Можеби нема ништо ни пред животот на планетава, ни после. Едноставно, постоиш во одреден период од времето како суштество за нас познато како човек, на одредено место на планета позната за нас како Земја. Можеби си даваме премногу значење, а се' е само моментално и минливо. Проблемот е што малку е тешко да се прифати тоа бидејќи сме емотивни и разумни суштества кои мораат се' да знаат, што, како, зошто,... Што е тоа живот, од каде е, како ни е даден, дали има нешто повеќе во нас од живот, штом можеме да си ги поставиме сите овие прашање сигурно има нешто повеќе, зошто воопшто би добиле шанса да живееме ако нема нешто што е поголемо, итн, итн.

    Но, што е со луѓето кои живеат неколку минути/часови/денови? Што можат они да извлечат од животот за да биде важно за нивната душа или што и да се случува после смртта? Што е со оние што живеат неколку години и тие неколку години ги поминуваат борејќи се со некоја болест? Што е важно во тој нивен живот и таа нивна душа? Што е со луѓето кои живеат 80 релативно среќни и удобни години? Наспроти тие што не? Која е важноста кај нив, нивниот живот, нивната душа? Можеби ништо, можеби се' е случајно. Случајно некој се родил и умрел после неколку часа, случајно некој се родил и постоел 80 години. Случајно како суштество човек на планета Земја.
    Но, што е со останатите планети? Останатите суштества? Животи? Души? Можеби сите постоења насекаде низ универзумот се исти, односно се дел од универзумот. Живееш како одредено нешто во одреден период на одредена планета, потоа стануваш дел од универзумот. Ако си дел, значи си универзумот.
    Можеби нема ништо. Иако се повторувам, пак ќе кажам. Постои, па му доаѓа крај на постоењето и толку, токму тоа, крај. Не постоиш повеќе. Универзумот продолжува да си постои, но работите не остануваат секогаш исти. Некои планети продолжуваат да постојат, некои не. На некои планети продолжуваат одредени сушстества да постојат, на некои не.

    Едноставно, планетава е премногу мала, толку мала што е речиси невидлива, а со тоа и речиси небитна. Животот е толку краток, што е невозможно да е важен. Важен е одреден минлив период. Зошто би ми било мене важно за нечиј рендом живот кој постоел пред 4.000 години на некое рендом место на планетава? Океј, еволуција, размножување, продолжување на човештвото, се' е тоа океј, фасцинантно до одреден степен. Можеби еден ден ќе го снема човештвото целосно и ќе продолжи планетата да си постои без него и што тогаш? Можеби и планетата ќе престане да постои некогаш. Сето тоа води кон заклучок дека или ако постои душата таа станува дел од универзумот или воопшто не постои.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Се согласувам, но не треба да се падне во замката на редукционизмот каде што секое искуство е хемиска реакција. Ако поимот љубов се сведе на допамин тогаш не е на арно. Целиот универзум може да се сведе на фреквенции, однос помеѓу атомски и субатомски честици, нуклеарна и електрична сила.
    Пример, некој те прашува шо се дешава и ти му викаш "мех, еве атомиве се вртат и формираат молекули, ти како си иначе?" :devil:

    Иако не си го излагал и твојот исказ е точен - не си опишал ништо :)
    Така и кога зборуваме за љубов, лојалност, пријателство, мржња, разочараност, радост и триста остали ситуации, не се опишува всушност ништо со нивно редукционирање до допамин и серотонин.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    На ова би се надозврзал и вака:
    Замисли сериски убиец го носат на судење и го прашуваат зошто убивал и тој почне да се изговара: Па не сум ја крив што така ми се судрија атомите во главата и формираа баш такви хемиски реакции што ме натераа да убивам. Едноставно така се склопиле коцките, можелеле тие реакции да се случат и во вашата глава честити судија, ама ете се случија во мојата :)
     
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    А кое е твоето објаснување, од каде сериски убијци? Ѓаолот им влегол и ги тера, или госпО дозволил да убиваат, оти нели, чудни се патиштата господови?
     
    На Црна Ружа и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Какви демони, какви богови, какви ангели?! Тоа се социопати и психопати. За се има објаснување.
     
    На Rama, Someonespecial и Juccy им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Во првата микросекунда од Биг бенгот е формирана целокупната иднина, во таа микросекунда се одлучило дека некој ќе е серијаш, друг рибар, трета пејачка...исто и реплицирањево на овој пост е одлучено тогаш, а где је слободна воља?! :devil:

    Ако се покајат ќе одат во рајо, чунки на Бог му било помило еден грешник да се преобрати него 99 праведници цел живот да живеат богоугодно :party:
     
    На EvAngelos и sjdgo им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите :D
     
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Да не се сфатиме погрешно - не се залагам ја за редукционизам, ниту па мислам дека е и воопшто можно да се примени редукционизам кога луѓе разговаат за однесувањето на други луѓе или за себе. Затоа и за проучување на човечкото однесување имаме науки како психологија и неуропсихијатрија, а не применуваме физика на елементарни честички и органска хемија. :D

    Поентата ми беше дека иако некои нешта на нас ни изгледаат неверојатно, необјасниво, па дури и магично, тие сепак имаат (релативно) едноставни причини и објаснувања.

    Конкретно во примерот со емоциите, ја сум сигурен дека љубовта на секој му делува поинаку, му изгледа како баш неговата да е посебна, најсилна, вечна итн., а чувствата кои ни ги побудува често се (навидум) спротивни со нашиот карактер. Затоа и често слушаме за заљубени луѓе „Го загубил разумот“, „Му фрлила магија“ и слично.

    Муабетот ми беше - иако на нас љубовта ни изгледа комплексна, возвишена, необјаснива и мистична, чувствата кои ни ги побудува она што ние го викаме „љубов“ всушност можат да се објаснат со лачење на неколку хормони и нивно делување врз нашиот мозок. Љубовта можеби е тешко да се објасни од аспект на човечките емоции, но може доста лесно да се објасни од аспект на физичко-хемиски процес.

    Колку е и дали е оваа информација применлива во реалниот живот, тоа е веќе друг муабет. Ја би рекол - не премногу, освен од аспект на сфаќање дека колку и да е човекот како суштество навидум сложен, колку и да изгледа дека во нас постои и нешто друго освен клетки, ткива и органи, вистината можеби е многу поедноставна од тоа.

    Од аспект на темава, односно „Што претставува душата?, муабетот ми беше дека иако на прв поглед изгледа дека душата, како некој независен ентитет од нашето физичко тело, мора да постои за да се објасни комплексноста на нашето битие во целост, всушност можеби и не е така. :)
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Душата е свест за себепостоење. Не е ништо свето, гасете интернет.
     
  12. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Не манифестиран дел од себството.
     
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Грубо речено,науката вели,нема душа.А сепак,постои психологија,наука која го лечи она што не постои.
    Според православната теологија,сите живи организми имаат душа,а човекот и дух.
    Негирајќи го она што е дел од нас,не можеме да бидеме здрави,уште помалку да бидеме она што сме навистина,суштината и смислата на постоењето во ова време и на ова место,ни бега.