Сите сме размислувале за тоа што сме пропуштиле, и како би било кога тоа нешто би го направиле тогаш или пак не требало да го пропуштиме. :roll: Сте имале ли вакви ситуации, што било тоа конкретно?????
1. Требаше да се обидам да најдам стипендија за постдипломски во странство. Сега веќе е доцна, а многу ќе ми помогнеше во кариерата. 2. Не сум сигурна, ама можеби пред неколку години требаше да прифатам една работа, од која ќе имав шанси да се префрлам во една добра и стабилна фирма. Не сум уште сигурна дали го направив вистинскиот избор - до сега ми е сосема ок особено финансиски, но многу понеизвесно од колку што би ми било таму. Не се сеќавам дека сум пропуштила нешто друго
Ме погоди темава Пропуштив нешто, и се каам за тоа уште од кога го пропуштив. Што е најтрагично таква прилика тешко дека уште еднаш ќе ми се пружи. Можеби многу работи ќе ми беа поинакви да не го пропуштев НЕГО. Можеби не. Но сепак јас пропуштив.
Имам мн шанси пропуштено и тоа е еднинствено нешто за што жалам во животот Предобар другар кој ме сакаше од основно и сега во средно сакаше да се фатиме,ама го корпосав заради друг кој мислев дека вреди и ме сака, ама гадно се излажав... :roll: :roll:
Да се ориентирам кон медицината,мислам дека тогаш би била поуспешна и поисполнета,тоа е една од грешките и пропуштените шанси. Друг е моментот што ја фатив шансата со еден дечко кој можеби да не беше ќе бев далеку подобра и поуспешна од сега,ама тоа е моја слабост и грешка,некои шанси подобро е да се испуштат. Има уште многу...
Високо образование. Многу ми е криво што си останав со средно и се омажив на 20.Пропуштив голем дел од младоста.Ама тоа е.Времето назад не се враќа.
DA!!! I najmnogu mi e krivo sto imav poveke sansi a ne edna i jas site gi prpustiv mislejki ne sega,ponatmu... A sega se prasuvam zosto?? I sega navistina ja pocituvam recenicata " Zivej go sekoj den kako da e posleden"!!!
Propustiv edno nesto i ke se kaam cel zivot za toa, ama taa e se pomiriv i zivot ide dalje kon podobro se nadevam
Пропуштив само едно нешто за кое и ден денес не можам да си Простам... Ја пропуштив чистата безгранична љубов.. И поради таа пропуштена шанса јас повеќе неможам да сакам.. Станав буквален ѓавол Затоа сега живеам да се заебавам со секој.. да им ги кршам срцата на сите како што тој мене ми го скрши.. Затоа сега сум онаа кое никој не би посакал да биде.. Едноставно без емоции со лоши помисли и направени работи за секој, без простување, без верување.. Не знам како да се опишам.. Дури и самата почнав да не се поднесувам..
Се што било поминало..и се што ке биде ке помине...немој сега да пропуштиш тоа само туку така да ти помине и замине... вистинска љубов постои само кога е возвратена се друго според мене Е илузија! Не си без емоции баш поради фактот што викаш дека си.
Многу работи сум пропуштила , но едноставно никогаш не се навраќам и не се каам , едноставно така требало да биде !
Sekogas zivotot nudi podobri sansi i site eden den ke go svatime toa...no nesto za koe vistinski sme go isputile i svesni sme da go vratime e toa e bolno....edinstveno vo zivototo sto se kaam vistinski i onaka od srce e toa sto ne go iskoristiv sekoj mozen nacin da bidam so mojata najdobra drugarka koja odamna si pomina i toa sto ne ja gusnav taa vecer onaka kako sto ja guskav posle izleguvanje koga se isprakavme..tuku samo rekov se gledame utre ubavo da spies i ne me zamaraj veke na sala..taa vecer bevme mnogu srekni zensko drustvo i mnogu zabava..uzivavme kako toj den da ni e posleden a nejze i i bese....devojki izvinete ako nekoj se potrese so mojot post no iskreno kazuvam sto najmnogu me boli i sto ne trebase da propustam...DA JA GUSNAM..barem da znaev deka ja gledam posleden pat
Можеби требаше да се запишам на ФДУ.... Не дека пропуштив, можам да се обидам пак, но... Пропуштив убави 2 години од мојот живот, убивајќи се во врска која немаше никаква иднина. :roll:
JA propustiv APSOLVENTSKATA EKSKURZIJA! Majka mi mi velese da odam i me terase,ama jas imav griza na sovest sto pisav kvadrat i sto bev so participacija ,koja vo to avreme bese 1000 dm,pa ne sakav ,kako samohran roditel da ja stavam na maki. Mislam deka sepak trebase da otidam. Ke mi ostanese spomen ,kako nikoj. Sega mi e zal,koj znae dali nekogas ke otidam Italija,Spanija,Francija?????????
Ќе одиш, зошто да не. И тоа со сопругот и децата. Ајде, ќе најдеш работа, подобро ќе биде. И јас сум релативно непрошетана, и пред некоја година мислев дека нема шанси во брзо време да прошетам, ама еве, веќе е подобро, и планирам да одам во Холандија во пролет, од таму ќе скокнам и во Белгија, а следната година обавезно Франција. Многу ги сакам Италија, Франција и Шпанија, ама посебно би одела во нив. И јас не бев на апсолвентска. Тогаш моите ептен лошо стоеја финансиски, а јас веќе работев, и наместо да одам на апсолвентска, решив собраните пари да им ги дадам нив да реновираат дома. И среќна сум дека така постапив. За шетање...животот е пред нас
Никогаш не е доцна за ништо. Што било поминало и нема враќање назад, не се оптеретувам со пропуштени нешта туку ако сметам дека ми треба нешто или пак некоја промена се трудам да го постигнам тоа. Сум постапувала како што сум мислела дека е најдобро и колку што е во моја моќ- постојат нешта кои и да сакате не можете да ги промените, едноставно така требало да биде.
ARIEL kako vikaat OD TVOI USTA U BOZJI USI! Ama jas bi bez deca,ako moze.....cisto kolku ubavo da si pominam Setaj i za mene!