Пропуштив што пропуштив, ама ако. Секое лошо за добро е. Ќе си знам за друг пат да не бидам толку смотана.
Пропуштив роденден на едно мало ангелче ... ќе си пукнам од мака! Аххх морам да го надоместам овој мој пропуст!
Пропуштив да научам 40 страни биологија и сега наеднаш ми се собра...Цел ден сум над книга,ќе ме осамне мислам Уште 20 ми останаа...Втора година е најтежок материјалот биологија,да си знаете!!! И редовно да го учите не како мене сега...Дајте некоја финта подобро да помнам..
Исто. Lenny, David Guetta..ај ваљда ќе донесат уште некој на кој вреди да се отиде, а мене ќе ми текне на време!
Ехх, сега ми текна што пропуштив! Пропуштив да му ја удрам една меѓу нозе, да го испљукам и да го прашам како можеше и како се осмелил и да не му простам пак и да му дозволам да ми ја прави истата работа all over and over again! Ги пропуштив сите оние добронамерни совети од најблиските, ко да не ги слушнав во моментот кога ми ги кажуваа.. а и сеуште ги пропуштам и знам дека грешам што пак не ги слушам и знам дека после пак ќе се каам, ама што да правам.. Повторно љубовта е преголема.. А љубовта никогаш не се чувствува преку главата, секогаш преку срцето и во неа никогаш нема место и време за здраво размислување. Затоа најголемите грешки се прават во љубовта..
Пропуштив да зачувам бар една слика од тато кога во афект ги искинав и фрлив сите и се каам што му ја спуштив слушалката кога последен пат се слушнавме. Кај и да си, знај јас сум сеуште тука, а ти си ми сеуште тато...
Таа вечер го пропуштив за добра ноќ,ја пропуштив убавата журка ..но не по моја вина ахх тие Алфи...човек на раат не може да си излезе да се
Многу концерти , ноќен живот и се останато во пакет со него Дружења и средношколски забави - ама сите до една .. Шанса една у живот - цела година во америките на сметка на нашата сиромашна држава .. Неколку новогодишни прослави - е да бе, ама баш оние поинтересните Веројатно вредеше
Секогаш , кога и да излезам за викенд тој мора да си има заминато од истото место пред 5 минути , изгледа баксуз сум тоа е .
Пропуштив шанса за запознавање со еден дечко кој се мачев пола година да го запознаам Ај се надевам на следна шанса
Пропуштив две многу важни работи во животот. Едната за жал не можам да ја поправам меѓутоа втората уште оваа година ќе ја решам, си ветив.
Пропуштив шанса да се запишам на подобар факултет ама ете не инаетот сама на себе да си го истерам го пропуштив детето што најмногу ме ценело и сакало а и јас него само пак инаетот мој и гордоста моја несакала да помине преку некои работи па ете мислам дека цел живот ќе се каам за тоа и го прпуштив концертот на пинк во 2007 - бев помала незнаев да досадувам дома... тоа нема да си го опростам
Пропуштив една добра шанса, тоа до денес неможам да си го простам. Пропуштив шанса за патување, журки, запознавање со многу луѓе...