Пропуштив премногу работи, но пак доволно многу се работите и што успеав да ги зграпчам. Можеби секоја од оние пропуштените шанси ќе ми го изменеа животот од она што го живеам денес, но не можам да знам колку би тој друг, поинаков живот бил подобар одошто сегашниот. Дека ќе сум била во сосема друг круг на луѓе, на друга локација да, но, што е тука е. Гледам да уживам во тоа што го имам денес и да не пропуштам тоа што ќе ми се понуди утре. А, се што дополнително ќе пропуштам ... ма има да го надокнадам во наредниот живот .
кога ке се вратам наназад со мислите, можеби има некои работи кои сум ги пропуштила, но постои една личност со која бев долго време, ама многу се сакавме и каравме(дури имаше и 2 понуди за брак од негова страна неофицијално) и навистина ке ми биде криво ако пропуштам да си укажеме шанса за заеднички живот, а до сега не сум сретнала таква личност ко него-солзи ми потекоа(тој за ова незнае)
Зграпчи го човекот срцка, побрзај не останаа многу квалитетни, а слободни мажи.. немој да се двоумиш, доколку навистина го сакаш, покажи му, немој да се срамиш дури и брак да му понудиш, или за почеток бар да живеете заедно... најубаво е кога си заедно со личност која ја сакаш и те сака и знаеш дека нема да те изневери... а караниците се нормална работа, не се сеќирај..
Jас доста работи пропуштив,за кои не се каам,а поситните ги заборавам пропуштено:најубавите години,средно школо-како и убавите денови,смеа,другарки,рагањето на 1 братучед, една голема прегратка и извини на братучед ми.....кој никогаш повеке не го видов Hе се каам за тоа што се мажив,родив-а вооедно пропуштив многу,но денес сум појака,поснаодлива и зависна,и секако млада мајка
Пропуштив неколку концерти, а и работи во животот кој требаше да ги направам а не ги направив. Колку и да се каам веќе е касно. Јас сум една и неможам да стигнам на сите страни, ако сум го направила она што сум го пропуштила ќе сум го пропуштела она што сум го направила. Кога ќе размислам пропуштено или не сепак така требало да биде. А во иднина ќе се борам за се помалку пропуштени работи
Пропуштив укажаната шанса да си ја ќарам Мими во 6-то одделение , шанса да научам еден странски јазик, а не 3 години да живеам во земјата и сеуште денес само да го "верглам" јазикот, концертот на Дино Мерлин во Скопје (тоа печеше). Пропуштив неколку шанса да му акнам лакт на еден шо ми на врв на листата за "пеглање" ... толку ми текнува за сеа
Засега, колку се сеќавам се концертот на Шакира и ташната во Словенија за која немав време да ја купам
Охооо а да беше што не пропуштив, кога бев 3 на факс си пропуштив добра работа во Рено, мажот ми не ми даде (ќе се рокнам), пропуштив и пропуштам многу убави моменти со мојата Мила, еден период се пропуштив самата себе што дозволив некој да манипулира со мене (глупава), ја пропуштив последната прегратка од Еми и полседната средба со мојот другар од средно, ми се јави 2 дена пред да почине никогаш нема да го заборавам тоа, ќе ги пропуштам Hurts, пропуштив татковска љубов онаа вистинската, многу патувања и видувања со моите најмили.
имав неколку понуди кои ги одбив а сеа после толку мн време се каам незнаете колку што не ги прифатив сеа ке имав многу подобар живот
Пропуштив да се сменам порано, зашто така немаше да изгубам многу важни личности. Прелесно е да оставиш животот да тече и да ги пропуштиш сите важни прилики поради страв. Карпе дием, fuck yeah.
Патики од брендот Bershka годинва кога бев во Верона, Италија! Многу беа женствени, и ногу ми е мака што не ги зедов во последните 5 минути