Пропуштив средба со една личност со која се сретнуваме еднаш годишно и тоа на среќа, а и добра забава. Ме мачи тоа што можев, а не отидов.
Пропуштив да бидам со човекот кој ме сакаше најмногу , а јас будала со друг се фатив Никогаш нема да си простам ... Ех кога би го вратила времетооо
Предавањето сабајле,не бев отспана па не можев ни да се дигнам од креветот а не пак да отидам до факултет
Хмм... не отидов за Америка последната година од факултет, одбрав да одам на апсолвентска екскурзија и си поминав најубаво до сега во мојов живот, сепак тоа беше 3 недели, а во Америка многу повеќе а јас не би можела д аиздржам толку време оддалечена од моите блиски, да сум немала дечко ќе отидев 100% ама ете така требало да биде. Ќе отидам во животов си ветив уште само некој да ми даде пари и ќе си го исполнам ветувањето.
Еех, колку само работи сум пропуштила што да седнам сега да пишувам па се до сабајле нема да стигнам да ги испишам сите. Ама не е дека се каам, зашто знам дека од тоа ништо не добивам. Ама, ајде да одвојам неколку. Како што неколку девојки пишале над мене, и јас жалам што ја пропуштив екскурзијата во Охрид во осмо, се разболев во последен момент и не отидов. Жалам што сум ја пропуштила шансата да на некои луѓе им кажам некои работи, што не сум им вратила мило за драго, не, не сум злопамтило или нешто такво ама навистина го заслужувале тоа. Требало уште одамна да им го завртам грбот ама нема врска, и онака поминало тоа па нема потреба да се навраќам за џабе.. Жал ми е што сум пропуштила некои доста убави моменти кои никогаш нема да се вратат, ама тоа е, ќе дојдат уште многу нови кои се надевам дека ќе ги изживеам со целава моја душа.
да останам со првата љубов концерт на здравко чолич и на андреа, да уживам сосемејството пријателите и училиштето а јас си создавав иднина во која никочаш нема да живеам
Пропуштив многу работи, но најмногу ми е жал за тоа што кога требаше да зборувам молчев, а после на невини с еистурав. Сега е касно за каење и не вреди...