1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што пропуштивте, а не требаше?

Дискусија во 'Слободно време' започната од gwen, 20 јануари 2010.

  1. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    концертот на каролина, ќе се изедам, имав карта дома ама сестра ми отиде јас немав со кој :@ :@ :@ :fubar:
     
  2. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Пред да се запишам на факултет, не бев воопшто свесна за ова што сега ме мачи...Бев сигурна дека го одбрав вистинскиот факултет, дека тоа е тоа што ме исполнува. Но, во последно време ми се клатат овие убедувања. Малку од поодамна, пред некоја година/две си најдов ново поле на интерес: Медицината. Почна суптилно, спонтано, како барање решение за некои мои проблеми, а подоцна се фатив самата себе како уживам додека истражувам.
    И сега, кога несреќата ни зачука на вратата(дај боже да е замината за секогаш и се да се одвива како што треба), мојот интерес за медицината уште повеќе се зголеми. И како се повеќе читам, се фаќам себеси како ја голтам секоја напишана буква, секој збор, сакам се да знам, се да научам...
    Жал ми е да кажам, но мислам дека згрешив при изборот на професија :( Некако повеќе се пронаоѓам во медицината отколку во економијата. Многу повеќе.

    Ми светна идеа да се запишам на Медицина сега, им кажав и на моите, ми рекоа - одлучи си ти...
    Но, не знам дали е баш моментот. Мислам дека сега е прекасно за тоа :( Проста причина, не верувам дека ќе можам истовремено да работам и да одам на предавања од сабајле до кај 3-4, а сепак да имам енергија за да седнам дома и да учам, после напорниот ден. А не можам и не сакам повеќе да живеам на грб на моите родители. Сметам дека доволно направија за мене, моја е грешката што не ја открив оваа моја желба навреме...Сама си го одбрав тоа што го студирав.

    Кога ќе се сетам дека моите ме убедуваа да се запишам во средно медицинско. Ех, како не сум ги послушала тогаш :( Да сум ги послушала, потоа сигурно би продолжила во истата насока и се би било поинаку.
    Ете, некогаш и преголема автономност на децата не е добра. Не секогаш детето знае што сака...
    Но, да не се разбереме погрешно, во никој случај не ги обвинувам моите родители, па зар би можела? Беа и повеќе од прекрасни родители...
     
  3. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    ^ Мајгрл, би ти рекла дека голем дел од младите кај нас се во ситуација да сметаат дека не го избрале вистинскиот факултет за себеси. Причини има повеќе -

    - добро е кога некој од мали нозе има и огромна љубов и афинитети кон одредена професија, меѓутоа добар дел барем од оние кои се одлучуваат за гимназиски насоки немаат точна претстава и рачунаат дека со тек на време ќе се издиференцира сама потребата и желбата за одреден факултет, што може и да не се случи. Плус, 18 или 19 год. возраст и не е најидеална за креирање на толку голема животна одлука посебно бидејќи едно, до тогаш се скоро сите во прилично заштитениот свет во кој не се ни носат некои крупни одлуки или истите биле препуштени на родителите и второ, на таа возраст и не се согледува баш целосно сликата во целина од сите агли - перспективата на факултетот наспроти желбата, тежината наспроти можностите, дали постојат кај нас услови за специјализација и многу др. фактори;

    - дел од оние што се запишуваат пак со желба можат да се разочараат дополнително од сопствениот избор - материјалот или професорите или нешто сосема десетто да не соодветствуваат ни најмалку со замислата;

    - има и како твојот случај што дополнително имаат потреба од преориентирање и се презапишуваат на други факултети или помируваат со изборот, јас познавам девојка која од трета година студии на медицина се запиша и заврши англиски јазик, таа не се помируваше со фактот дека е доцна :) . Имам и другарка која дипломира Бугарија и ми тврдеше дека таму не е како кај нас да се форсира на некој начин уписот на факултет веднаш после завршувањето на средно туку има луѓе на било која возраст кои запишуваат факултети;

    - има па и такви кои со огромна желба се запишале на саканиот факултет и со уште поголем ентузијазам го завршиле истиот, ама се разочаруваат бидејќи со години може по дипломирањето да немаат работа.

    Инаку он топик - долго се мислев и не ми паѓа на памет нешто покрупно што сметам или се каам што сум го пропуштила, не дека секогаш ми било совршено се‘ далеку од тоа, ама мислам дека нема нешто по што жалам што ете е пропуштено - ако се тоа извесни љубови веројатно и не биле толку големи штом не опстоиле, оној дел од младоста кога максимално се ужива во неа го поминав повеќе од задоволително со шетање и ништо не ми недостасувало, околу изборот на факултет и јас сум имала дилеми ама не сум ни толку незадоволна, работа баш по желба и не сум пропуштила бидејќи и не ми била понудена таква, туку сум бирала повеќе раководена од др. причини. Не знам ако дочекам вистинска старост веројатно тогаш ќе дадам достоен одговор на прашањево.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Теодора, работата не е во тоа дека јас се плашам дека не можам да го завршам или слично...Туку, мене ми остана само уште дипломска да спремам...Значи 4 години моите ме финансираа, се трудеа да ми овозможат се што ми треба, на некој начин вложиле многу во мене. Затоа и мислам дека е касно. Реално, се нема време и за работа и за фзкултет, ако сакам да ги полагам предметите на колоквиуми. А да очекувам да ме финансираат за да започнам одново, никако :x Не сум од некоја богата фамилија за да можам да си ги менувам желбите како ќе ми текне...
    Јас не велам дека не сум добра во ова што го стгудирав, всушност, можам да кажам дека сум и многу добра, но мислам дека никогаш нема да го вложам целиот свој потенцијал во ова поле, барем не сега откако почнаа да ми се појавуваат нови интереси, кога знам дека постои нешто што повеќе ме интересира, а не можам да го работам.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мајгрл, јас наведов како и од кои причини доаѓа до неусогласеност со изборот на факултетот онака во целина укажав на тоа дека во повеќе наврати или фази доаѓа до различни разочарувања. Те разбирам совршено и не сугерирам ништо околу твојата одлука ни па помислив дека не си во состојба да завршиш далеку од тоа, факт е дека новите студии не само што чинат доста средства, туку и од лично искуство ти укажувам дека паралелно студирање и работа е пренапорно. Во крајна сметка секогаш може и самостојно да се надградуваме и надвор од институциите во врска со било која област научна или уметничка, знаењето и желбата за истото никој не може да ги ограничи, понекогаш луѓето се задоволни ако го најдат својот максимум на одредено поле со кое се занимаваат од потреба во слободно време, дури професијата им е сосема нешто спротивно. Добро е човек да не ги угасне сосема во себе сопствените потреби, да трага по она што го исполнува, па макар и не било ,,верифицирано,, со диплома, тоа ми е поентата, :) .
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    И јас те сфатив што сакаш да кажеш комплетно, но во мојов случај без диплома мојов интерес не може никако да ми стане професија, јас секако дека ќе се надополнувам, но нема да можам да придонесам многу со тоа...
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека ова ќе ти биде минлива фаза, нормално е да посакаш и други работи во животот, и јас се покајував што не продолжив на медицина, па после ми текна дека сакам информатички науки, па криминалистика, па молекуларна биологија итн. ама со текот на времето се стабилизирав и сфатив дека немам уште 4 години од животот за трошење на полагање испити и седење без работа, морам да се фокусирам на професијата која ја одбрав а сите мои интересирања и желби нема да ги заборавам туку повеќе ќе си ги надоградувам знаењата бидејќи ме исполнува фактот што знам повеќе од тоа што сум го знаела вчера. Фокусирај се на дипломската, здравје боже кога ќе дипломираш ќе најдеш убава работа и ќе бидеш среќна со неа, зашто ако си добра нема да ти биде проблем да работиш во таа професија, а самиот успех ќе те прави уште повеќе среќна. И не се пре оптеретувај со желбите, негувај ги, дознавај повеќе но живеј во реалноста. Да беме како Парис Хилтон можевме цел живот да си ги исполнуваме желбите без да мислиме на пари, и на крај да нема никаков резултат тоа, заврши едно заврши друго а нула сработено на крај.
    Така да уживај во животот и во твојот избор, ќе видиш дека пак ќе си ја засакаш професијата.
    п.с. Јас жалам што не отидов на ниеден концерт на Тоше. :(
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.012
    Допаѓања:
    5.909
    Што не си зедов од екскурзија барем уште 5-6 рала штикли !
    Преефтини беа , во наши пари околу 500 денари а јас зедов само 2 рала ,ексик ептен ми е криво ..
     
  9. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Пропуштив шанса за работа , заради да одам во Грција . пропуштив нешто големоо :( А сепак можам да појдам во Грција уште многу ама работата што ја сонувам.
     
  10. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    НАТПРЕВАРОТ ! :( Значи немав со кој да одам и не отидов. Само ѕирнав и се вратив. ;(
    Пречекот на кошаркарите, па ракометарите. Тато ме МОЛЕШЕ да ме носи, ама ја дегенка НЕ. ;(
    Многу работи пропуштив, али тоа ми е.
     
  11. cupcake27a

    cupcake27a Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Пропуштив да кажам ТЕ САКАМ ... и тоа двапати
    :^)
     
  12. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Пропуштив добра шанса за добро пријателство...И уште жалам за тоа. :( ;( :x
    Стварно незнам што ме натера да направам така. ;(
    Инаку имам уште други ситни работи.. :)
     
  13. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Го пропуштив автобусот за Струга денес.
    А исто, и да кажам те сакам, по 3 пат.
     
  14. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    За работите што сме ги пропуштиле може да жалиме ама да сме ги прифателе можеби повеќе ќе сме се разочарале и тогаш би се жалеле зошто не ги испуштивме :D
    Јас најмногу жалам што на 18-19 години не заминав од оваа земја да завршам факултет некаде во странство. Сега имам 23 години и знам дека сеуште сум млада ама сега во странство ќе треба од почеток да почнувам работи што требаше до сега да ги имам завршено. Како и да е никогаш не е касно :)
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Жално е тоа што последниве 3 години сум пропуштала многу работи.. :( Ама повеќе не е така.Сега не дозволувам да ми помине животот.
     
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сонот сега имам главоболка.
     
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    моите најубави години :( требаше да ги поминам како што сакав а не како што сакаа :@ упм
     
  18. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    *Да аплицирам за Америка и знам дека сигурно ќе добиев
    *Малку повеќе да се ангажирав да добијам стипендија за последипломски студии во странство
    *Да отидам на последниот концерт на Тоше Проеки
    *Повеќе време да поминувам со цимерките, а не да ги бројам деновите за да си отидам дома и ете сега сум дома и што?
    Многу работи пропуштив, многу, а знам дека и сега пропуштам али тоа е живот...
     
  19. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ахх колку нешта само сум пропуштила,а и самата го увидов тоа.
    Колку само патувања,запознаства,излегувања...многу работи.
    Искрено да ми е овој памет сега и да се вратам назад неколку години многу работи не би биле како што се сега...
     
  20. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    ~ да одам на White Dimension :(