Па и menaCer да те стават, вака писмен тешко дека ќе издржиш ден два. Ако bidus малце поупорен може да ти дозволат да ги бришеш касите
Опа колешка по факултет. Но да си кажам најотворено таа работа не ми се допајга некако. Па сеа работам во странска фирма на позиција администратор.
Препекана сум за во странска фирма... По струка ли работиш? Преку оглас или преку познати влезе? Ако има слободни места кажувај..
Од 2009та работев како диспеџерка во такси. Уфффф, стресна работа, си имаш работа со нервозни шофери разочарани од животот и слушаш по станица редовно "кокошка" и сл. Добро е што ја баталив, а сега во моментот невработена
Дали има некој/некоја што има работено како оператор во обложувалница? Да ми каже во смисла дали брзо се учи системот на пополнување тикети, колкава е минималната плата како нов, дали прво те обучува некој и сл.
Имате обука. Ако во градот обложувалницата е нова, обуката најчесто е во најблискиот град каде ја има истата обложувалница. Доколку пак обложувалницата веќе ја има во градот, обуката се спроведува во истата. Платите им се мислам 15 000. На топло си. Не си цел ден на нога. А за учење на работата не се плаши. Се се учи. Познавам личност што не е убаво ама ќе речам едвај знаеше да чита, ама ете се снајде и работи. Јас сум во план да барам работа во обложувалница. Зошто ако не друго ќе бидам на топло. А не на сегашното место каде сулендари ќе фатам.
Моментално студирам 3 година сум, инаку дома правам нокти понекогаш кога има муштерики, делам флаери за маркети еднаш неделно и делам слики по свадби Се онака слободно колку да ми паѓа по малце од некаде ...