Што ручавме денес? (за деца од 1-3 години)

Дискусија во 'Дете' започната од koritsaki, 13 јуни 2012.

  1. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    -млеко
    -банана, киви, кокос
    -сок праска, краставица
    -компир манџа со жолчка
    -леб и јогурт

    За 12 дена полниме 2 г.
     
    На iki26 и joy1 им се допаѓа ова.
  2. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Опаа ние сме стигнале во темата за големи деца
    Наполнивме годинка сега и некако полесно ми е за јадење....до сега многу внимавав што му давав али сега сакам поразновидна храна да му воведам.
    Лосос како спремате ? И која друга риба може, пастрмка?
    Од месо само телешко имам дадено, се мислам да земам некоја кашичка со пилешко за да проба чисто.
    П.с да не бидам офф топик.
    Мени од вчера
    Д: кисело млеко со овес и снегулки
    У: пола банана
    Р: готова каша со телешко, грашок и пченка
    У: јаготка + оризови галетки изгрицка 1-2
    Вечера немаше, заспа да напоменам дека измеѓу цица и грицка по малку лебче кога ние ручаме. Стрвен е многу.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    154.236
    Пол:
    Женски
    Д. Смути класика портокал банана вишни аронија и маџун
    Тарана со сирење
    У. Ако може така да се нарече смоки, сладолед и којзнае уште што (со тато беа на шетање:) )
    Р. Морков, тиквица и мл.кромодче сварени и измешани со тараната од сабајле - мн малку изеде како и скоро секој ручек со зеленчук во последно време
    У. Кај тете на роденден чипс смоки торта сок
    В. Лебче моцарела и патлиџанче
    Доста глупости се изнајаде денес |(
    Возраст 20 месеци
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Доручек: банана+ круша и млеко
    Ручек: пилешко+ компир+ домашна супа
    Вечера: попара со кисело млеко
    Ужина: сутлијаш, грицки, сладолед
     
    На snegulkata и joy1 им се допаѓа ова.
  5. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    -млеко
    -банана, киви, кокос
    -сок од портокал и цвекло и 2-3 залчиња кифла, грицки со тато на гости
    -манџа со телешко
    -кифлички со сиренце + јогуртче или краставичка(што ќе сака)
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    154.236
    Пол:
    Женски
    Д. Смути па палачинки. Пола со павлака и сиренце пола со мед и банана
    Р. На гости малку супа па мевце и компири
    У. Домашно колаче со вишни, квики
    В. Лебче и к.млеко
    Возраст 20м
     
    На iki26 и azelea им се допаѓа ова.
  7. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    П: пржени лепчиња со овчо кисело млеко
    У: Ананас, банана, јаболко и 2 бисквитчиња
    Р: грашок, морков, млад кромид, доматен сок и свинско месо
    У: домашен сок од модри сливи
    В: млеко со овесни снегулки

    15 месеци е девојчето
     
    На iki26 и azelea им се допаѓа ова.
  8. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    154.236
    Пол:
    Женски
    Д. Кифла со урда и к.млеко
    Смути, едно чок . јајце
    Р. Манџичка со компир, карфиол, праз, брокула и хељда. Едвај пола ја лажев со свеж патлиџан. Како да се справам со ручециве не знам се повеќе ми одбива ако не ја мафтам со нешто што го сака не можам ич да ја најадам.
    У. Јаболче, 1 јагодка, 1 корнет празен :)
    В. Кефир со овесни, ленено и семе од коприва
    Ми даде тетка ми габа за кефир па се надевам нема да ја зезнам. Првово убаво излезе. Мм и синко не го сакаат ама за мене и малово ќе си оравам.
    Инаку како сте со јадењето, еве конкретно со ручек со манџи. Јаде не дека не ама во последно време повеќе сака глупости, доручек вечера не се толку проблем ама ручекот да
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    M&M немам сеуште пребирливо дете ама совети на лужѓе што го поминале тоа се давај тоа што сака со една намирница што нејќе. На пример ако сака патлиџан давај го во комбинација со друг зеленчук. Види која намирница најмногу не ја сака па на пример одбегнувај ја некое време па повторно воведувај.
    Види со сладок компир (батат) да мешаш тој е поблаг па може ќе пројаде.

    И манџите гледај тебе да ти се вкусни мене така педијатарот ми рече. Гледај храната да муи е вкусна ако е бебе/дете. Оваа последнава на пример јас лично не би ја јадела. Многу мешани вкусови имаш. Плус е малку тешка за варење на стомачето. Имаш и житарка и компир измешано и плус намирници што ствараат гасови. Тешко е за варење.

    Јас практикувам во каша да не му мешам многу исто како ние што не мешаме за нас. Пример ми е компир и тиквица и морков со месо. Или сладок копмпир и цвекло и месо. Или риба, компир и блитва (вака на пример служат риба во Далмација). Оди на чисти вкусови.
     
    На azelea, M&M и alana им се допаѓа ова.
  10. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    -млеко
    -интегрални бисквити со лимон,мед и ѓумбир потопени со чај од камилица
    -сок од јаболко, банана..подоцна малку краставичка
    -печен ослиќ на ориз (кромид,лук, магданос,семе од коприва)
    -за вечера уште не знам што ќе биде

    За 1 недела полниме 2 г.
     
    На azelea и joy1 им се допаѓа ова.
  11. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    оддамна не сум пишала, малата скоро се си јаде, немаме никаков проблем со храната
    доручек- банана, јаболко, бисквити, јаготки
    пуканки
    ручек- леќа, одкога ќе ја изеде и давам краставичка, зошто ако и ја покажам, нема да ја јаде леќата :)
    вечера- може да и се понуди тарана со сиренце

    измеѓу, вода, сок цеден, некое чоколадце
    2 год и 2 недели
     
    На azelea, joy1 и alana им се допаѓа ова.
  12. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    Ова за чистиве вкусови се согласувам....не мора да се еден куп продукти...во текот на неделата секој ден може по еден различен зеленчук...денес морков,утре карфиол, па брокула...комбинација со два зеленчуци ми е најубаво (во поголема количина од зеленчукот што го сака и помала од оној кој не го сака).
    Ние домат свеж не можеме да смислиме, ама манџа со домат многу ни е убава.

    @M&M пробај да и додаваш повеќе кромидче и лукче во манџите (според мене колку повеќе кромид и лук ставам, манџата ми е повкусна)...пробај и со ловор за арома.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  13. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    154.236
    Пол:
    Женски
    Со лук не сака имам пробано а кромид и ставам. Не правам обично ѕолку мешано ама некогаш кога немам идеја така ми доаѓа :). Инаку мене ми беше вкусна неа не. Јаде веќе и од нашиѕе ручеци големка е само има денови ако немаме за нас или е нешѕо презачинето па морам посебно да и оравам
     
    На alana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tinnka2

    Tinnka2 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Мамички на колку годинки воведовте јагоди во исхраната на детето? Ние сме 2 год и 2 месеца и се мислам дали да му дадам или е сеуште рано?
     
  15. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    Вчерашното мени
    -Цеден сок од протокал и мед
    Д- Намаз од путер и рендан кашкавал на леб и чај
    У- Цевитана
    Р- Вариво од зелка со јунешко мелено и салата краставици
    У- Банана
    Ова во градинка,дома пак јадеше со нас гравче со краставици
    Вечера- кисело млеко со овесни снегулки
    @M&M и ние имавме еден период кога ручекот слабо ми го јадеше,после пак се врати на старо,ианку да можеш во манџичките повеќе кромид,праз,ловоров лист,нане,оригано ова како зачини даваат убав вкус,исто и лукче,кај мене па манџа без лукче не проаѓа,од мала е научена така.
    Во глобала мојата е јадачка,стрвна е ,ама и за некои работи си е муцка што би рекле старите,не сака многу да меша работи,на пр прво ќе изеде едно па друго,неможе да ги јаде заедно,нешто почна да ме нервира со овошјето,сака најмногу банана и јаболко,порано кога јадеше блендирано и каши бар ќе и подметнев сега не.Вчера и купив јагоди,не бре ми ги плукаше како да се гади,а лани ги јадеше,исто и смудиња не сака ,само бистар цеден сок.Ама за манџи и тестенини е прва,на мајка и :D,и во градинка ми викаат најмногу јадела од сите,репете и давале од ручекот:D
     
    На M&M, alana и mami blue им се допаѓа ова.
  16. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Јас на малата и дадов уште лани, значи имаше година и 2-3 месеци, прво една две за да видам да не има реакција некаква , сега е 2 год и 2 недели мислам дека ако и дозволам ќе изеде кило :D
     
    На iki26, Sunshine_1979 и Tinnka2 им се допаѓа ова.
  17. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    И јас од годинка кога направи и воведов јагода, оти тогаш им беше сезона...а сезоната брзо им проаѓа...сега уште немам дадено ги чекам ситните (природно зреани)...крупниве не ми се вкусни.
     
    На Mari* и mami blue им се допаѓа ова.
  18. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    154.236
    Пол:
    Женски
    Јагоди нели може од година. Јас на малава не и давав после година бидејќи не им беше сезона а не гледав потреба од брзање за да и давам смрзнаѕи. Минатата недела и дадов прв пат и аку има 20м
     
  19. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Јагоди и јас давав после една годинка, ама многу внимавав на нивното воведување затоа што повеќето деца се нафрлаат од нив. Паметам дека првиот ден и дадов само пола јагодче, и потоа наголемував во количина. За среќа немавме проблем. Добро би било ако најдете домашни јагоди, од некој кој му верувате.

    Инаку ние веќе имаме три полни годинки. Толку од мене на темава? А баш ми е интересно да ве читам и да ви пишам што ручкаме ние.
     
    На joy1, alana и M&M им се допаѓа ова.
  20. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.183
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    1 г постари од нас...да сте живи и здрави, нека се множат.

    -киснато со изварка
    -сок од праска и јаболко,животинско, 1 јаболко
    -леб, лутица,сирење
    -малку млеко за заспивање
    -супа со морков,тиквица,малку цвекло, јајце, куркума, семе од коприва, ловоров л,бибер.
    -фрутолино
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.