Доручек: овошно смути( банана+ јагоди+ цеден портокал+ млеко) Ручек: пире + ќофте+ лебче Вечера: шпагети со пармезан Ужина: грицки, овошен јогурт, чоколадно млеко
Д. Палента и урда, цедено сокче портокал лижон со маџун Р. Шпагети со сос од блитва праз морков и тиквичка В. Смегулки со кефир и ленено семе Ужинки:. Јагоди малку сладолед банана геврече квики
Д. Смути па малку имлет со лебче, урда патлиџан и кефир Р. Пастрмка со компир и морков, на крај само риба и патлиџан, не сакаше ни компир ни морков В. Лебче путерче кашкавал маслинки кефир Ужинки: јагоди, сладолед, макку ж.царство. моментално јагодите и се хит а и сладоледот богами.
И јас ја лажев до скоро така за нас сладолед за неа само корнет ама веќе не е мутава разбира Него кога сме кај сладоледот ај дајте некој рецепт за овопе сладолед ама да остане налку помек кога ке се смрзне направив вчера јапини јагоди банана и млеко малку и камен е мора да го оставиш да се радтопи малку да можеш да го јадеш
Не е до мутава ...не се навикнати на поладно или потопло...посебно се ако јаделе се на собна температура. Мојата ни лани не го сакаше, ни годинава...се мршти дека ладно....али има време цело лето да пробувам. До душа купечки и дадов да лизне колку за проба...со домашен ја немам пробано. За сладоледот по 1 час служи го...ако стои долго секој се стврднува, посебно овошните оти овошјетосодржи вода.
Знам ама го правев од вечер и дури наредниот ден го извадив и тоа попладнето. Како и да е не го бендисаа мн може поради капините. Ќе пробар нар пат ао павлака и др овошје плус нешто за заблажување па ќе видам како ќе излезе
Супер тема за идеи. ќе си ја посетувам почесто, оти стварно некогаш незнам што да дадам, едно па исто се погодува. вака барем има предлози и идеи, а нема осуди од типот мајка/немајка оти дала бисквитчиња. Like!!! Вчера: Цицање Појадок - интегрално лепче, тостирано, мачкано со путер и мармалад од боровинка Ужина - со братучедите јадеа смоки, и ги макаа во кисело млеко, па сами да макале мојава особено е смешки, оти ги имитира, поголеми се тие Цицање Ручек - пилешко со брокула, карфиол, морков и младо лукче (уште детево мириса на лукче, хаха) Ужина - интегрални крекери Вечера - гриз со млеко, ванила и цимет, засладено со урми и малку маџун Цицање, цицање, цицање, и така до сабајле сто пати
Вчера: Д- гриз варен со млеко и бана У - јаболко, урми и аронија, неколку мали плазма бисквити Р - леќа, морков, пиперка, кромид, лук У- овошно стапче од ДМ В- палента со павлака и јогурт
Доручек: ѓеврек со јогурт Ручек: пржени компири и домашна супа со зеленчуци. Вечера: Макарони со сос и печурки Ужина: смути од јагоди, цреши и банана, киндер чоколатче-2 реда
Ааа не сум ја знаела темава Бебе 12+ Појадок : готова каша од пченкарни пахулки, праска и банана, од кутија на Хип Ужина : пире од варена тиква и јаболко, малку сокче од портокал Ручек : боранија со пиперка, кромид и батат, само згмечено, со кисело млекце малку Ужина : ќе си го допие сокчето од портокал и една оризова галета Вечера : гриз со јаболче и цимет, една дозерка ад Секој ден си правам вакви јеловници од вечерта за да не лутам. Од денес имам испланирано за утре.
Доручек јајце и павлака и мекица Ручек леќа со зеленчук и салата У овошје јагоди банана Вечера млеко и бисквити
-млеко, бисквити -банана, јагоди,сок од праска -манџа со телешко -макарони со сирење Еве нешто како смрзнат јогурт...башка и грчки јогурт како се прави https://www.facebook.com/buzzfeedtasty/videos/1915880041997969/
Прво да направам измени во вчерашното мени, месро гриз со јаболко и цимет бебе јадеше гриз со банана, коко млеко и коко снегулки, прв пат и беше воодушевен. Денешно мени, се ќе биде спремно освен вечерата, оти мама нема да биде дома. Појадок : еднаипол проја мафин со кремсир, јогуртче и на крај го почастив со 4 јаготки и две црешки (изедено) Ужина : 4 бисквити со путер на Беби лав (изедено) Ручек : мисиркино, ориз, цвекло, морков, пиперка и кромид, малку маслиново и малку хималајска сол (се готви моментално) Ужина : едно јаболче рендано со цимер малку Вечера : овесни снегулки со кисело млекце
Доручек: лепче со путер и мармалад (пак) Ужина: банана, брусница и јогурт Ручек: ориз со сос од варено јајце и младо кромитче Ужина: на хип овошно вреќиче, тие што се шмукаат Вечера: просо со кисело млеко (идеја од постовите погоре, фала ви) Измеѓу цицање.
Вчера: -млеко -кифла со мармалад и 2-3 резанчиња портокал -сок од праска -прво краставица, потоа јагоди и 1 коцка чоколадо -јајце на вода, па компир манџа -малку фрутолино и млеко пред спиење Денес: -млеко -лебче намачкано со зденка и неколку гриза доматче -сок праска -портокал, па краставица -лосос, тиквица и малку ленено семе (печени) -бисквити со млеко 2 г. и 4 дена веќе сме стари
Во раните утрински часови шише кравјо домашно млеко Појадок: солени мафини со урда Ужина: смути од банана, ананас, капини и јагоди Ручек: телешко месо и макарони во сос од морков, целер и лук Ужина: сок, чоко бисквит Вечера: млеко со гриз и рогач (во план) Девојката е 15 ¹/² месеци
Денешно мени малку шејк од банана, јагоди, малини и аронија и млеко Д- лепче со хумус и две варени јајца од потполошка и овчи кашкавал У - Цеден портокал во парк Р- грашок со зеленчук и краставици У - бадем, лешник В- палента со сирење и јогурт
Д. Банана, јаболко, аронија и снегулки; малку мелица Р. Ослич, ориз со мешан зеленчук и патлиџан В. Овесни и ленено семе со кефир У. Корнфлекс, чајче, цицање 20 месеци
Вчера Појадок - две кифлички домашни со кремсир, шољичка за кафе кисело млеко и пола банана Ужинка - оризова галета Ручек - купечка зеленчукова каша Ужинка - шејк од јогурт, банана и вишна од Био кесичка Вечера - купечка каша ноќма на Фрутек Денес Појадок - готова каша од снегулки на Беби лав од ДМ Ужина - цреши Ручек - млад компир, морков, кромид, брокулани пастрмка Ужина - флипс Лино и кекс Беби лав Вечера - снегулки со кисело млеко Викендашки малку полајт. Малку шетавме, малку одмаравме и мораше да проаѓаме со купечко.