Леле мајки ве читам и колку многу обилно ми изгледа 3 оброци со 2 ужини.ние имаме 3 оброци но и волкави ужини ако воведам кој знае колкава ќе биде. За ужина каснува јаболко и тоа 2 парченца пошто сама сака да држи да грицка, а втора ужина нема. Иначе е 17мес и 14+ кг Денес Појадок домашна тарана со жолчка Ручек гравче со салата домат и кромид (овожава) Вечера домашни кифлички со сиренце И ќе стане 3 пати за млеко
Млеко Појадок- Круша, снегулки од просо, ад млеко и кокосово масло. Ужина- Компот од праски Ручек- Тестенини, телешко мевце, кромид , доматен сос. Ужина- Чоколатце Вечера- Житна каша со печено јаболко Млеко
Д: Корнфлекс со млеко и бадеми У: Смути од круша, јаболко, аронија, мандарина и портокал Р: Мисирка, компир, пашканат, кромид и маслиново Д: Киндерш В: Мелени бисквити со млеко и мед. @bella24 мојов има 11 кг и воопшто не делува дебело ..
Три пати за млеко станува ноќе? Тоа е многу. Затоа не ти јаде цело јаболко на пример. Млекото многу заситува, а не е толку корисно.
Колку млеко пие кога станува. Се буди уште ноќе ли за млеко? Ако е така треба да и намалиш млеко за да може да внесува повеќе други работи како на пример овошје заради витамините. Млеко и млечни производи над година дена требад а се даваат од 300 - 500 грама. Тука влегува млеко, јогурт, сирење, кашкавал и се останато. Моето јаде три оброка и две ужинки најчесто ама толку. Колку ќе испие млеко во текот на оброците толку е. не пие млеко надвор од оброк.
Вчера: Д. Пржени лњпчиња со ссирењ Цедена мандарина, малку јаболче Р. Супа од тиква В. Малку снегулки со јогура Имам чувство дека пималку јаде кога јас сум дома
кај мене не пие млеко во текот на оброк ниту јогурт, јаде сирење со доручек во комбинација или јогурт со овошје во комбинација или кашкавал за вечера, ручекот е мевце со зеленчук и обавезно свежа салата, пред спиење не пие млеко, ама навечер станува и ми бара не се залажѕва со цуцла, пие од 150 до 200 мл 3 пати
Значи секако сте над тоа што треба да го прими како млеко и млечни производи. А јогурт а млеко исто ти е. Види да пие повеќе во тек на јадење односно за време на вечера да пие млеко/јогурт за да не станува ноќе и да може да јаде повеќе во тек на денот.
Млеко Појадок- Банана, јаболко, цреша, бисквити, маџун. Ужина- Компот од дуњи. Ручек- Телешко, компир, морков, брокула,пиперка, модат домат + путер. Ужина- Сокче од аронија. Вечера- Лепче со кајмак и јогуртче. Млеко
Мојов навечер пие 200 млеко , така го откажавме чајот. Во текот на цела ноќ го давам. Многу помалку мочка вака неголи чај кога пие, а и сепак млекото е похранливо нели... Д: Хељдини снегулки, мелен бадем, млеко и лажичка мед после еден час и пола геврек со јогурт У: две круши излендирани со портокал Р : компир морков карфиол целер кромид и маслиново Д: киндер јајце В: палента со путер и јогурт
Млеко со шише во текот на ноќта ќе има лоши последици за забите. А чај, а млеко, нема разлика, исто е. Не дека е похранливо млекото, туку повеќе заситува.
Млеко Појадок- Пченка, путер и урда + јогуртче. Ужина- Пола киндер јајце. Ручек- Мисиркино, ориз, грашок , маслиново. Ужина- Сокче од вишни. Вечера- Каша од бисквити со ад и цимет. Млеко
на Имуно се, во Веро ги купив. слика немам зашто се во тегли ставам проѕирна кесичка со жолта етикета
@Верче4 немаа добиено, ние пред некое време купивме од с.Цапари од домашно теле поголема количина, го делевме со другарка со бебе. Инаку во горниот Тинекс добиваат секој петок телешко, од таму мелено му земам, добро е и тоа.
Млеко Појадок- Гриз, банана и аронија. Ужина- Нестле десерт од боровница, малку јаболче и чоколатце. Ручек- Компир, праз, црвена пиперка и маслиново. Ужина- Компот од кајсии Вечера- Лепче и кисело млеко Млеко
во кое Веро одиш? на бејби биф јас зимам телешко од Веро центар и ГТЦ. носат понеделник среда и петок после 10:30. а зајачко во четврток. Д: овесни снегулки со млеко мед и цимет плус пита со сирење и спањак и јогурт У- сок од цвекло и јаболка Р: мисирка со компир морков кромид маслиново Д-тиква В: плазма млеко и мед.
Вчера Д - проја со кисело млеко и маслинки У - зрна калинка, банана, круша и аронија Р - Бургер од телешко месо со барена брокула и морков У - пудинг чоколаден В - просо со абц и кисело млеко