Млеко Појадок- Гриз, банана, урма, какао и сок од портокал додаден во сето тоа. Ужина- Рендано јаболче и крувче + бисквитка грицкаше Ручек- Бел батат и златна мешавина од морков, грашок и пченка+ х.сол. Ужина- Печена тиква Вечера- Палента, путер, павлака. Млеко
Само јас пишувам во темава Млеко Појадок- Банана, јаболко, портокал,ванила. Ужина- Крушка. Ручек- Гравче, кромитче, пиперка и маслиново со лепче. Ужина- Мандарина и сок од калинка. Вечера- Печено јаболко со сос од ванила. Млеко
Запржувам малку кромитче на маслиново, гравот пред тоа го варам најнормално со пиперка, и потоа се замешувам заедно и во тавче го потпекувам малку, ставам само сол и бибер друго ништо.
Млеко Појадок- Риблизла, капина, аронија, калинка со малку гриз. Ужина- Бисквитки со чајче. Ручек- Компир, спанак, путер, ад млеко, преубаво испадна. Ужина- Печена тиква. Вечера- Кифлички со кајмак. Млеко
Вчера Д бисквити млеко мед бадеми У банана и киви Р зајак грашок морков Д киндер чоколадо В корн флекс и јогурт Млеко Денес Д млечна овесна каша со суви сливи и мед У прескокнат спиевме три часа па само со сок од морков и јаболко пројдовме Р пастрмка компир морков Десерт ќе нема доцна ќе е В кифла и јогурт утре Д бисквити млеко мед цимет какао У банана и капини Р пилешко со ориз и спањак Д смоки и сок В проја и јогурт
Д:палента со сиренце и јогурт У:банана Чоколадце Цеден сок лимон и портокал Р:печен компир и пилешко В:можеби млеко и бисквити
Д - Варено јајце У - Половина банана, и јаболка Р - Турлитава У - Зелка салата, а после јадеше мандарина В - Овошен јогурт
овошен јогурт? не се буди навечер? некако лајт верзија јогуртот затоа прашувам. мојов ако нема јака вечера станува во три и правец кујна оди..
Обично и јас гледам да е пообилна вечерата. Ама многу изеде количински од ручекот и втората ужина и затоа полесно и дадов. А плус и покасно ручаше. Навечер не се буди од 5 месеци, спие по 12 саати без проблем
за спиење и мојот спие 12 , ама ако е гладен кога ќе бекне у сред ноќ.. се симнува од спална оди во кујна и прај амм амм..а млекото што го пие дур спие не се рачуна и ќе се најаде и правец кревет
Си знае детето, кога си е гладно да си побара И мојата си кажува кога е гладна вика само кокце или јајце ( во некоја нејзина верзија си го кажува ). Или си оди во кујна си брка по фиоки и си бара мезе
Хаха Тоа обично се случува наутро, кога и спремам доручек и нестрплива е и си наоѓа смоки или соленки и почнува да си јаде
@alisijad прекрасни менија имаш,блазеси му на син ти. Пишувај почесто да ти украдам идеи,бидејќи слабо инспирација имам
Ти благодарам се трудам да смислувам комбинации за моево пребирливо дете Млеко Појадок- Суви сливи, јаболко, со крем од ( гриз , ц.цимет , агаве сируп и малку ад.) Ужина- Компот од дуњи. Ручек- Тестенини со домашен сос од домати, магдонос и рендано сиренце. Ужина- Сокче од аронија. Вечера- Кус кус, банана, какао, мелени ореви. Млеко
Вчерашното и денешно мени Доручек: Палента со путер и кисело млеко. Ужина: Банана и тиква Ручек: Ориз,спанаќ, домашно пилешко,морков, кромид. Ужина: Чоколадо, компот од боровница. Вечера: Кифла и јогурт. Доручек: Гриз со какао и јаболко. Ужина: Домашен цеден сок од јаболко, портокал и морков, пудинг. Ручек: Телешко месо ,компир, брокула, киноа, кромид и магданос. Ужина: Круша Вечера: Кус кус и кисело млеко. Попладне и навечер пред спиење цица
Млеко Појадок- Снегулки од просо, јапонско јаболко и варена тиква со маџун. Ужина- Домашно чоколино (авокадо+банана+какао) Ручек- Црвена лека, компир, кромид,пиперка. Ужина- Сутлијаш (ориз+ад млеко+агаве+мелени лешници) Вечера- Топло месено лепче со путерче и сиренце. Млеко