Млеко Појадок- Омлет со спанак Ужинка- Мафини со сирење Ручек- Шпагети со гулаш ( малку мелено месо, доматен сос и кромид) Ужина- Сокче од портокал и лимон Вечера- Бисквитки со чајче Млеко
Д проја мафин со урда и јогурт У Банана пасирана во компот од сливи сок од аронија и јаболко Р крем супа од грашок цвекло брокула тиквичка и фиде Д палачинка со мед мелен бадем и четврт банана В лебче со путер и мед. Инаку може ќе приметите дека минимум 1 лажичка мед дневно користам. Некад и до 3. Денес ќе е таков ден со повеќе мед. Почнав да го одвикнувам од Добра ноќ чај со тоа што варам нане и кога ќе олади додавам мед за да ми го пие и таков ладен си го пие. Млеко веќе навечер не давам бидејки почна саглам да вечера па не сака.
Јас си ги викам беби тостерки оти рецептот го прилагодив за синко Ке ти пуштам покасно рецепт. Во однос на медот иако според некои наши табели е 12+ советуваат да се даде покасно па и накај втората година.
Јас не гледав табела , туку педијатар кога ќе рече. Така да пред било што да се внесе најубаво е педијатар да се праша.
И јас знам и давам мед од 12+. Не го конзумираме често, ама ептен помага во напиток кој го правам кога мали има кашлица.
Токму тоа го велам и јас, дека иако според табелите е 12+ повекето педијатри советуваат да се внесе покасно. Во една од групите на фб за исхрана на бебиња и деца има нутриционист кој советува од 2 години да се дава медот, бар мене нутриционистите ми се покомпетентни отколку педијатрите кога станува збор за исхрана. Се започнува најпрво со багремов мед па потоа со останатите, колку е потемен медот толку е потежок за желудничињата нивни. . Не наметнувам никому ништо да си кажам на време , да не бидам погрешно сфатена ова е само сугестија. Веројатно мислењата ке бидат префрлени секако сме офф топик. @VedaG10 Две јајца, 150 мл агаве или пак доколку сакате може и кафен шекер или оризов засладувач, 500 гр брашно, пециво, 120 мл млеко по потреба може и повеке јас ставам растително, но какво сакате такво може, 200 грама путер и малку ванила. Постапката е прво јајцата со засладувачот или шекерот, потоа млекото, ванилата, матите со миксер, додавате потоа брашно и пециво и путер и матите со миксер но сега со маталките за тесто што се. Потоа се печат на тостер, толку.
Фала , ке ги пробаме Д.просо,боровница и банана у.банана и сокче цедено портокал и лимун Р.Компир,цвекло,морков,пашканати со павлака у.киндер јајце(цело ) и сокче В.макарони со павлака Чајче
Д домашна Лисната кифла со спанаќ сирење и јогурт У Банана и малини сок од аронија и јаболко Р тава со телешко модар пиперка домат компир и морков Д компот од праски В гриз со вишни плус чај од мајчина душичка и мед
Д бисквити млеко и мед У Банана мандарина портокал сок од слива и круша Р доматна каша со Мисиркино Д смоки В домашна кифла со кашкавал и јогурт чај од нане со мед
Д.перек и јогурт у.мандарина и сок Р.грашак ,со печено пилешко месо +кисело млеко малку у.милка чоко бисквита и сок В.готова хипп каша чајче
Млеко Појадок- Авокадо, банана, просо, маџун. Ужина- Домашна кифличка со сирење Ручек- Крем супа од брокула, лукче, морков, маслиново, пашканат. Ужина- Чоколатце Вечера- Салата од павлака, урда, сусам. Млеко