Aј ве молам пишете ми детално рецепти како правите манџички без запршка во што е тајната за да биде вкусно? Значи и јас сум за без запршка но детето не ги сака така па затоа прашувам за да научам како да и правам. Исто така ме интересира во градинките како им готват дали без запршка?????
Јас ставам пасиран домат или томатело. Додавам малку шеќер за да се неутрализира киселкастиот вкус, и оригано. Го додавам кога е готова манџата само да прокрчка малку колку да ја згусти.
Д. Банана, авокадо, какао, нестле житарки. Излапано за час. У. Хип палачинки. Р. Спанаќ и ориз. В. Двопек со к.млеко
Јас никогаш нити за нас нити за детето готвам со запршка. Ниту мајка ми, ниту свекрва ми готви со запршка. Ни моите баби ни бабите на маж ми готвеа со запршка. мене манџите ми се едноставно манџи. Се што треба е да ставиш намирници и да вариш/печеш. Веројатно штосот е во тоа да вариш со помалку вода од старт и да немаш потоа потреба од згузнување на манџата.
Секако и го пасирам компирот а ставав малку домашен кечап место запршка ама не сакаше така да јаде а кога и понудив со запршка одма прифати иначе 26 мес сме и до 2 год си јадеше без запршки ама тогаш и ги блендирав :/
Еве пример ќе ти дадам за гравче како правам. Гравчето од вечер го киснам. Сабајле водата ја фрлам и убаво го измивам и го ставам само гравче да се вари. Кога ќе зоврие пак ја исфрлам таа вода и ставам помлака вода и го враќам на шпорет. Во длабоко тавче ставам малку маслиново и потпржувам кромид, додавам мевце сецкано ( телешко или свинско ) и потпржувам. Додавам морковче и малку лук. Ставам томатело и малку динстам. Ставам оригано, малку веѓета на Натура, куркума, шеќер малку и црн бибер. Половина час пред да е готов гравот ставам неколку зрна ким, ставам обавезно просо ( ако не ставам просо ставам малку палента ) и 10мин пред крај го додавам тоа од тавчето кое сум го динстала. ПреФкусно е пробај. Грашокот на ист начин го правам само без просо или палента. Мешавината што е Мексичка салата од Фриком исто на ваков начин пред крај додавам она кое сум го динстала во тавчето, без просо и палента само. Тоа е тоа во глобала томателото или домашната салца со лук или кромид потпржија, стај си мевце, ако не ставаш мевце можеш печурки и зачини што си ставаш и пред крај кога ќе е манџичето стај внатре ова. А, можеш и од ДМ имаш намази Био. Па малку потпржи лукче или кромид, малку шеќер стај прстофат, тргни од шпоред и стај ид намазот кој ти одговара за таа манџа која ја правиш и пред да е сварена манџата стај го ова внатре и промешај и преФкусно е. И со намазиве често комбинирам манџи или макарони кога правам со намазиве се супер. Наздравје да ви е.
^јас изгледа ептен просто правам гравче За денес. Мама ќе шета, баба и тато ќе чуваат. Д. Авокадо, банана, кајсија (да ја отвориме последната тегла), нестле житарки. У. Хумана чоколадо. Р. Леќа со телешко. У. Колачиња со рогач, соленки и се друго што ќе и дојде на рака В. Хип ноќна јаболче и крушка.
Вчерашното мени: Д- смути од банана, авокадо, малини, боровинки, аронија, портокал и ананас + маџун У- домашна кифличка Р- бело гравче со морков и кромид + лебче У - јаболко, печена тиква, бисквита, домашен сок од рибизла и вишна (ова пријави баба ама гарант и некое животинско царство лапнала) В - таратор (павлака и краставичка) и домашна кифла Цицање пред спиење! Денешното мени: Д- смути од банана, авокадо, малини, боровинки, аронија, ананас, рибизла, лимон + маџун У - пржно лебче на маслац Р - ориз, блитва, кромид, морков и лебче У - некоја овошка, домашно сокче (со баба се чуват овде) В - тост со кашкавал и путер и домат! Цицање пред спиење!
Д:Печена тиква,банана,житарки и маџун. Р:Телешко,брокула,цвекло, карфиол,грашок,компир, морков,путер. В:К.млеко со лебче. Во меѓувреме се нешто грицка:јаболко,бисквити,леб,чоколадо....итн.
Д. Авокадо, урми, дуња, житарки. У. хумана праска. Р. Мисиркино, компир, карфиол, морков, лук. В. Хип овошен јогурт со житарки од кутија.
Доручек - јаболко, киви, мандарина, аронија, семе од коприва, мултижитарки Ужина - пудинг и бисквити Ручек - телешко, печена црвена пиперка, компир, маслиново Ужина - домашна супа, морков, компир, целер, пашканат, магдонос, прокељ, малку зачин Вечера - хип бисквити, какао
Тој период давав сигурно 3-4 пати неделно. Еднаш само жолчка, наредниот пат цело јајце и така најизменично. Покасно почнав да му давам скоро секој ден јајца, оброк има омлет од препелица или кокошка јајца. Варени никогаш не ми ги сакал. Сега е 23мес.
Д. Овесни, банана, јаболка, сок од портокал и калинка, и малку мед. У. Две мали 7дејс, соленки, јаболка Р. Компир, тиквичка, морков, кромид, лук, пиперка телешко - компир манџа. В. Мафин и малкуцка проја со павлака.
Вчера Д: мандарина, јаболко, рибизли житарки, аронија, мед У: јогурт Р: телешко, сладок/обичен компир, цвекло, тиквичка, путер У: грисини и сок В: хип ноќна со бисквити и какао (претходниот ден заменивме вечера јогурт со оризови снегулки или како и да се викаат) Денес Д: јаболко, боровинки, гриз, семе од коприва ицмалку лимоно сок У: домашна супа со компир, брокула, морков, пашканат, целер, фиде Р: телешко (варено со зеленчукот за супа), боранија, доматен сос и маслиново У: пудинг или грисини В: палента со к.млеко и путер