Па од друго ладно нема да ја фати, а од сладолед ќе ја фати. Мојава повеќе се занимава, него што јаде. Па и они бавно јадат, тоа чорба ќе стане, какво ладно
Кој бе бавно, хахах. Само да ја видиш мојава, брзина светлости го јаде тоа сладоледот. Јас усте не сум си го чепнала мојот, она нејзиниот го слапала, и доаѓа да бара со зината уста од мојот. Само за тоа и е отворена устата ширум, друга храна со бутнање.
Д: просо, јаболко, кајсии У: лино смоки Р: бејби биф, леќа, лук, кромид, морков, компир В: АД, бисквити, банана
Вчера. Д: кифли со сирење. У: Нестле пудинг од чоколадо. Р: У: пршута и леб (мора на тато друштво да му прави) + Киндер чоколадо. В: ноќна Хип праска, јаболко, житарки. Денес. Д: У: некој овошен јогурт (во обид да пројаде). Р: јајце, компири, брокула. У: од ручекот на татко му, ваљда стек ќе јаде В: некоја Хип ноќна. И пропратно што ти не бута у уста, само меле нешто
Почнавте со парчина? Јас незнам како да почнам. Незнам што за доручек,што за вечера. Најмногу ми е што мислам дека нема да се најади. Количински јади мн.малку со парчина. Д:Круша,праска,житарки, маџун,какао. У:Мекици Р:јајце,компир,тиквица, морков. У:Се што ќе најде В:Ноќна Хип.
Да јаде, одбива блендано, пасирано, сака само на парчиња и да гриза, пред месец некаде почна. Тек деновиве почна да јаде доволна количина за оброк и доволно време е сит, некако брзо губи трпение и интерес, но на добат пат сме. И најбитно без цртковци и занимации јаде И јас уште фаќам ред што да јаде, но тргам од себе што јас би јадела, па тоа нудам.
Браво за баткото! @mal.ecka за доручек Јуфки, макарони со сирење Ако даваш леб со путер и домат минува кај мојот Кајгана со зеленчук или урда/сирење Проја со морков, сирење, кашкавал Некои мафини со фил по желба -овошје, зеленчук Варено јајце со павлака и лебче Да не сум офф Д: Праска, јаболка, кајсија, банана и житарки У: Барни и Кри кри овошен јогурт Р: Боранија со телешко В: Хип ноќна гриз и Хумана кекс и гриз
Варено е на пареа, сум дала и динстано, печено, јаде и такво, само да е меко. Уствари ред џвака, ред голта, но се труди
Вчера Д: јајце, палента, кисело млеко У: овошна салата (јаболко, круша, кајсија, праска) Р: цвекло, ориз, тиквичка, грашак, кромид В: хумана млечна каша од 5 житаки со банана Денес Д: овошни снегулки, јаболко, слива У: банана, смоки лино Р: бејби биф, компир, лук, боранија, морков В: просо, АД, круша, праска
Вчерашното мени Д - варено јајце, краставичка, домат и малку лебче у - диња, ананс, смоки , чоколадце киндер р - грашак, телешко, морков, пиперка, кромид + слапа и од шопската салата у - смути (аронија, рибизла, боровинки, јаготка, банана) в - тост со кашкавал, путер и краставичка
@emkaemka Мојава ја јаде нејзината каша,па седнува со мене и јаде и од моето. Сака да држи големи парчина и јаде сама. Ама страв ми е да не не се најади.Убаво не доизџвакува. Блендирано количински јади 300гр.и повеќе. Со мене пак.. Д:житарки и банана. У:сладолед,кифла, краставица. Р:телешко,компир,тиквица, Брокула,карфиол,путер. У:што ќе најдиме,во план овошен јогурт. В:Ноќна Хип.
Вчера : Доручек - омлет со сланина парчиња и чаша јогурт. Покасно лубеница јадеше. Ужина - домашен овошен сладолед со чиа семе и мед. Покасно кришка леб со путер од кикирики. Ручек - летна манџа со плус морков и просо, овчо сиренце и леб. Ужина - домашен чоколаден пудинг со мелен бадем. Покасно смоки касна. Вечера - тарана со спанаќ, масло од лен и кајмак. Денес : Доручек : лебчиња потпечени во рерна со путер, патлиџан, сиренце и чаша јогурт со семе од коприва. Ужина : домашен млечен сладолед од банана, путер од кикирики и рогач. Покасно : аронија, малина, праска, мед и чиа семе. Ручек : Мексички микс од фриком, томатело, домашно младо јунешко мевце, лук и кришка леб. Ужина : авокадо, банана, 1бразилско оревче и малку малтекс. Вечера ќе е домашна пица , премачкана со томатело и млечен намаз, со брокула, карфиол и морков. Дете се пројаде од пред еден месец и мама сега со мераци готви па и му вика : доста е мама после пак ќе ручкаш Утре : Доручек : гриз, авокадо, банана, рогач, мелен лешник и мед. Ужина : овошен домашен сладолед со чиа семе и мед. Покасно овошен јогурт или лубеница и праска. Ручек : гравче, кромид, морков, томатело, просо и свинско домашно мевце. Со кришка леб и краставичка. Ужина : пилешки нудли со малку лимун и кајмак. Бони топ и лижавче на мени Вечера : палента, блитва и кајмак. Чаша јогурт.
Така де, бебе мое на сите им прави друштво кога се јаде, мислиш некој голем јадач е, покажува со прстето што да му дадеш, но ако има месо тоа е секогаш прв и последен избор Чим почнала да јаде парчиња и сака биди упорна, полека и ќе научи да соџвака убаво. Јас во старт го нудев по 1ч да јаде нешто друго.
Не покажува,него седнува кај мене и сама зема се што има и јади ли јади А тогаш станала од јадење. Ама лапни-голтни Месо и кај нас е прв избор. Ако е пржено убаво го џвака и на крај остатокот го плука. Незнам ни колку треба да изедениш незнам.
Д:омлет,јогурт и малку леб.(моето омилено лебарче го откажа лебот? У:зелник и свинско малку(плачеше,нема шанса да не и дадеш. Р:Компир со тиквица,брокула,цвекло. У:Што ќе најдеме В:ноќна Хип. Многу раб.што јадеше почна да несака. Наутро овошната насила е,исто и вечерата. Леб,кифли,мафини несака да види. @emkaemka давај идеи што јади дечкото.
Читам,крадам идеи за ужинка. Имаме сега една ужинка,кажете ми колку количински давате ужина? Оброк јаде по околи 250гр,ужинка горе долу 100гр,се водам по пудинзите хумана,овошен јогурт,смути.... Има две млекца,три оброка и ужинка. И на волку јадење,на последна контрола за три недели не качи ни грам
Растат во висина сега многу. Барем мојава, шпагета е направена, а рака на срце, не одбила јадење, па дури и болна јадеше. А изгледа ослабена. Ама и извишена. Имаше додуше качено околу 200грама, ама јас очекував повеќе на тоа јадење. Ние сме следната недела 11 месеци - 9 900 грама е.