Мојов од сам старт иде све у висина,ама вака така ставаше и кг,ова втор пат му е да ми стагнира,како и да е матичниот не е загрижен,а и доста е активен,цел ден не седнува..
И моето толку јаде и расте во висина. Мислам само стапалото му расте и сантимите. Таман ќе добие малку бутки ќе оди нагоре и ќе ги снема. Башка што не седнува буквално. Со едно преспивање од час-час ипол, нон стоп е на нозе. Чим е активен , весел, добра му е кс, изел оброкот ич не му се секирам.
Макарони со сирење/моцарела/урда/јајце/кашкавал. Кајгана со кашкавал/урда/спанаќ/пршута. Тост со моцарела/пршута/домат/босилек. Фурнаринки со кашкавал/моцарела/сусам. Јајце, кифла. Баничка. Палачинки со без ништо Воглавно ова доручкува, јогурт, кисело со се би идело, но он тоа не сака да смисли, може ете и попара. Проја, мафина не сака, ако примети кашкавал, моцарела мора да има за да јаде, мора нешто да се тегне Овошје бебе мое не јаде веќе 2м, нема шанса да го убедам да јаде овошна каша. Не знам што совет да ти дадам за ова бидејќи на иста мака сме. На 17м веќе скоро се си јадат, ако ти фалат комбинации тргни од тоа како ти јадеш, ги имаш и Нутри бебе и Бебе готвач за помош @Tukituki јас ужинката гледам да е млечна. Е сега овошен јогурт не јаде бебе мое, ако јаде твоето тоа е супер опција, мојов со пудинзи минува
Д овесна каша со микс мелени семиња бадемово млеко и мед У 2 банани малини и 5 зрна аронија Р ребро со прилог компир морков брокула кромид У чоколаден мус В екдпандиран ориз со јогурт Утре Д мекица плус пржена урда со јајца У авокадо рибизла малина Р мисиркино со прилог тава зеленчук (компир модар тиквичка морков печурки кромид) У сладолед В фурнаринки без глутен со кашкавал
Д. Тарана со павлака и салакис. У. Банана, кајсија Р. Полнета тиквица, па лубеница У. Што налета тоа. В. Хип Откачивме блендерот па и сама сака да јаде
Се смени планот за вечера баба палачинки ќе прати, па ќе се јаде со домашен мармалад од кајсии кој го ќари бебе од дедото од маало
Бравос за куклето,пишувај давај ми идеи и јас се спремам да откачам блендер. Д:Гриз,банана,кајсија,какао. У:соленки Р:Говедско,компир,брокула, тиквица,морков и путер. У:што ќе најдеме. В: К.млеко со леб.
Гледам сега да е лесно за џвакање. Компир, ориз, леќа, грашок јадеше ама почорбесто. Месо не и оди баш најсјајно. Не ја сака текстурата. Д. Јуфки со урда. У. Банана плус пепа јогуртче. Р. Просо со спанаќ. В. Ѓеврече и млеко.
И мојава од месо се гади, и само тоа го блендирам или по многу мали залчиња. Дури фаца за гадење прави, посебно од телешко. Некогаш и на блендирано од телешкото прави фаца. Пилешко проаѓа некако. Со чорбата. А друго све гризе и џвака, со месово не знам што ќе правиме.
Јас и го сомелив говедското,нели ќе фрлам блендер Исто како за нас,и стави во рерна. Имавме ние свински и цело го зема и го јади. Или во чорбичка ќе и додадам мелено запржено. Си викам ќе личи на нешто.
Мојот е 2 ипол и уште не знае да јаде месо. Тешко му оди џвакањето и го плука. Само мелено проаѓа. Теди јас му правам плескавици како за нас и ги обожава. Блендирам кромид, лук, 1 јајце, магданос и нане и смесата ја додавам на меленото месо, зачинувам со сол, малку црн пипер и куркума, а потоа додавам презла онолку колку што е доволно за да смесата може да се обликува во плескавици. Редам на хартија за печење и печам. Нема кој не ми ги бендисува и деца и возрасни.
Мојов обожава парчиња месо. Ама леб со очи да не види. Само месено домашно проаѓа, купено шанса нема. Исто Така манџа со запршка шанса нема. Бистра вода со зеленчук може ама запршка јок. За утре Д Овесни трици со млеко и мед У ананас банана малина Р пилешка супа со зеленчук Д чоколаден мус В потпечени макарони со домат урда и печеница