Д:Кифла и к.млеко У:грозје Р:турли тава,крставица,леб У:Чоколадо,смоки и торта. В:Макарони со сос од домати и домашно овчо сиренце.
Денес Појадок: кајгана, р'жано лепче, домат Ужинка: пченкарно лепче со крем сир Ручек: печен компир, супа со зеленчук Ужинка: Хипис боровница, круша и слива Вечера: капинки и банана
Доручек: овес, малини, праска, аронија Ужина: монте Ручек: Телешко, брокула, морков, лукче и доматен сос со кус кус Ужина: диња Вечера: кајгана со пиперче и маслинки
Мојава е со течна столица и мислам и никнаа јаболка, банани, двопек, ориз и компири. Дајте идеја што да и дадам. Ај да е еден ден, ама 3 минаа.
Д:тост У:Грозје и слива Р:пастрмка,пире и домат. У:на род.ќе бидиме,што ќе грицкаат сите,тоа и ние. В:макарони со доматен сос. Мајки,грешка е ако се даде јајце повеќе од два пати неделно?
Д:Овесни,јагоди,мелени лешници,ореви и кикирики,кокос и ад, на крај и пола банана ја лапна У:Кифличка со малце тазе ајвар Р:Просо со патлиџан и сиренце У:Нестле пудинг В:Супа со зеленчук ќе биде
И мене тоа ме интересира, зошто мојава обожава јајца во секоја форма. Штом дојде до фрижидер јајце бара, така да често ни е на мени. Единствено што се нервирам е што кога се варени јајца во прашање, само белката ја јаде, а ваљда обратно треба да е.
Тоа 2 пати неделно е за бебиња, после година ипол можеш до 4 пати неделно, а после 2 јас давам скоро секој ден.
Е незнаеш колку ме израдува. Сега кога сум ограничена со јадењава,а јајце обожава,ќе ми олесни во смислување што да јади. Што лесно ми беше додека јадеше се.
Слободно давај по 1 на ден, читав еднаш дека на деца од 1 до 4 години е од исклучителна важност во исхраната секојдневно да имаат јајце бидејќи содржи се што му треба на едно дете во раст и развој, многу протеини, железо за крвта, калциум за коските и корисни масти за мозокот.
Денешно мени Појадок: млечна попара (лепче со јогурт и малку крем сир) Ужинка: палачинка, празна Ручек: печен крап, лепче со шопска салата Ужинка: плазма диет Вечера: банана со пире од јаболко и круша
Д:Тостирана сусамка премачкана со путер и к.млеко. У:шери доматчина,грозје,јаболко. Р:Рижото и телешко+салата. У:ч.млеко В:супа
Денес Појадок: овес, јогурт, пире од праска Ужинка: лисната кифличка Ручек: рижото со грашок, парче лепче мацкано во салата од домати и сирење Ужинка: грозје Вечера: палента со пире од праска
Денес: Појадок: плазма диет, какао, путер од кикирики, ад млеко Ужинка: Лино смоки Ручек: мусака со парче р'жан леб, надробен. Плус мацкаше летна манџа со лепче кај другарка ми. Ужинка: грисини Вечера: парче пица со моцарела и домашен кечап
Денешно мени Појадок: банана, овесни снегулки, путер од кикирики, киснета смоква, брусница и семки од тиква Ужинка: грисини Ручек: компир манџа со телешко Ужинка: кифличка со спанаќ и јогурт Вечера: пире од морков, слива, јаболко и Хип ориз
Вчера: Појадок: попара од р'жан леб, кисело млеко и рендана жолчка Ужинка: грозје, грисинки Ручек: макарони со кајмак и мајчина душичка, шери домати Ужинка: Силбо празна кифличка Вечера: гриз со морков, слива, јаболко. Денес: Појадок: палента со путер и малку несолено сирење Ужинка: домашен сок од портокал и цвекло Ручек: манџичка леќа и лепче Вечера: пире од праска, банана и Хип ориз