Денешно мени: Појадок: кифличка со сирење и маслинки, јогурт Ужинка: домашно пире од круша и јаболко Ручек: зеленчукова чорба со парче р'жано лепче Ужинка: стапчиња со кикирики, две три лажички абц крем сир Вечера: сварена киноа со слива, банана и половина цеден портокал И после вечерата викаше ам ам и бараше од мојата вечера (плазма со млеко), доби две диет плазма.
Д: лепче со павлака и маслинки У: чоколаден пудинг Р: пилешка чорба со домашен леб У: компот од вишни и се што му падна во рака и плус 2-3 пати му макнав од ајварот ние што јадевме и се воодушеви. Сега не знам дали да му давам понекогаш, гледам овде никој не пишал дека детето јадело ајвар, а тој со таква сласт го јадеше В: Чоколино
Вчера. Д: пржени лепчиња со јајце У: чоколадно лижавче од животинско. Р: пилешко месо У: пола Милкивеј. В: тост со кашкавал и кечап (внесе плус продукт у мени КЕЧАП ) Денес. Д: јајце и пршута. У: карамели, бомбони и ореви. Р: зајачко месо + полнети пиперки (јадеше по 1ч и од нашиот ручек ) У: киндер јајце, ореви. В: бисквити.
Вчерашното мени: Д - баница со праз и сирење + кисело млекце У - крушка, чоколадце Р - грашак манџа со телешко мевце + зелка салата У - пченка, квики В - ајвар, сирење и леб Денешното мени: Д - ајвар, сирење и леб ( ептрн и се допадна ајварот па и денес тоа сакаше) У - смути - банана, боровинки, вишни, круша + маџун Р - грав + зелка салата У - грицки, чоколадо В - лебче и павлака + краставица
Д:Проја и к.млеко, плус кашкавал побара потоа У:Гриз и банана Р:Леќа и лепче У:Грозје, пола киндер јајце (првпат изрази желба да јаде киндер јајце,баш се израдував ), пуканки В:Фрутолино
Вчерашно мени: Појадок: овесна каша со плус хип пченка, таан и брусница Ужинка: овошен јогурт со праска Ручек: мафини од киноа, свеж домат и малку хумус Ужинка: стапчиња со путер од кикирики Вечера: плазма диет со јогурт, малини и вишни Денес: Појадок: овесна каша со банана и аронија Ужинка: половина мафин од киноа Ручек: чорба од брокула Ужинка: домашен мус од какао и авокадо Вечера: ќе одиме на гости, ќе јаде таму мевце, салати и 100% леб
Д:Ѓеврече,маслинки,кашкавал У:Хумана 2 чоколадни пудинга Р:Селско месо У:Што ќе најде В:Палента и к.млеко
Д: карамелино У: проја Р: спанаќ манџа со павлака и лепче У: банана, животинско царство, соленки В: проја со кашкавал и намаз, јогурт
Денес: Појадок: пудинг од гриз, тиква и слива Ужинка: малинки Ручек: мусака Вечера: супа со кришка леб И измеѓу переци зобеше
Д: проја со павлака и кашкавал, јогурт Р: зеленчук со мисиркино месо У: пудинг од тиква, круша и бисквита, соленки В: гриз со банана и какао
Денес: Појадок: палента со павлака и путер Ужинка: јаболко рендано, пола плукаше Ручек: манџичка грашок со парче леб Вечера: бисквити со јогурт, круша и цимет Се' јадеше со молење и едвај, вади горни двојки и е неподнослива.
Д: кришки со јајце. У: малку чоколадо, бони и кришка интегрален леб. Р: пилешки прсти и помфрит. У: домашни соленки, малку тост. В: макарони и сирење.
Денес: Појадок: крекери со абц крем сир, едно варено јајце Ужинка: пире од печена тиква и јаболко Ручек: витаминско манџиче со брокула и телешко Ужинка: соленки Вечера: плазма диет со ад млеко и малку селски оревчиња
Денес Појадок: супа со дробено пченкарно лепче Ужинка: смути од јаболко, морков и сок од дренки Ручек: варени млади компирчиња, гулаш со телешко Ужинка: грисинки Вечера: круша, јаболко и гриз
Д: кајгана со пршута (2јајца и 4ри парчиња пршута, се изедено ) У: ништо, по 2ч заспа на цице Р: телешко месо, компири, кифличка. У: киндер јајце, домашни сусамки, смоки, Кики бомбони. В: макарони и сирење (изеде цело чинивче макарони и големо парче сирење )
Денешно мени Појадок: палента со павлака, свеж домат Ужинка: пченкарно лепче домашно Ручек: рижото со блитва и грашок, со малку јогурт Ужинка: малини Вечера: одиме на гости, таму ќе мези што сака
Вчерашнот мени: Д - пита со сапнаќ и сирење + ксело млекце У - варена пченка Р - пастрмка, варен компир и малку бела каша (не и се допадна кашата па ептен малку касна од неа) У - овошје, домашен сок, грцки, чокалдо, сарма една топка од ручекот кај баба В - тостирано лебче со кашкавал и путер + краставица Пред спиење домашен сок од вишни Денешното мени: Д - варено јајце, домат, маслинка и лебче У - смути - банана, аронија, малини, ананас + маџун Р - пилешко мевце, ориз + салата У - овошје, грицки, чоколадце В - лебче, пинџур (патлиџан, домат, пиперка) и сирење
Д: тост со кашкавал и кечап. У: две белки од јајце, киндер јајце. Р: пилешко месо и оривче. У: бисквити, чоколадо. В: пица со кашкавал, кечап, печурки. Денес. Д: кајгана со пршута и сирење. У: лешници, ореви, бадеми. Р: крапче и компири. У: палачинки. В: ваљда кифли со многу сусам ќе јаде..
Вчера Д: чај со бисквити попара У: соленки Р: боранија манџа со телешко У: банана, лепче В: гриз со банана и кајсија од компот, ама не го изеде цело и после јадеше од нашето- печени компири Денес Д: амерички палачинки без млеко со медитеранска паштета и мармалад од кајсии У: соленки и бисквити Р: компир,тиквица и карфиол со јунешко месо У: сува слива, брусница и круша В: пита со јајце и праз
Денес: Појадок: кришка пченкарен леб со намаз од авокадо и жолчка + белката од страна Ужинка: смути од банана, малина, кокосови снегулки Ручек: чорба од тиква, лепче премачкано со кајмак Ужинка: соленки Вечера: мафин со какао, пире од јаболко и слива