Сеуште пржени јајца не сум му дала ( 31мес е дете ), кајгана во вид на палачинка му ја правам на путер или во калап за крофни или во апарат за вафли. А, ниту пржени лепчиња класика не сум дала. Лепчињата во рерна му ги правам ( натопени во матени јајца и плус додатоци ако ставам ) и во рерна ги печам. Ништо до сега пржено не сум му дала, а ни за нас не правам тоа ( прженици ). Инаку јајца домашни само давам.
Вчерашно мени Д: омлет,маслинки и свежа краставица У: животинско царство и компот од кајсија Р: спанаќ манџа со телешко У: пудинг од банана,круша, кајсија од компот и бисквити В: чоколино со кокосово млеко, па после тоа начека соленки
Доручек и ручек во градинка, како и ужинка. Ручек: компир манџа со телешко + лебче и двајцата без салата зашто ако извадев салата немаше да изедат се, вака мав цела чинија. Ужина: калинка, јаболки и некое домашно колаче. Вечера: Синко лебче со путер и мармалад + чајче. Малата: лебче со путер, сиренце и домат, не јаде мармалад на лебче (само во колачи). @karak после 12м им дадов Кога збориме за пржено тоа не е пржено во 300мл зејтин. На нелеплива тава со путер и кајганата и јајце на око им правам. Јајце на око имам финта го ставам на тавата и со капак од тенџерче затварам, за секунди е готово од пареата. Лепчињата кога како, убави се и печени и на тава со путер исто. Земи си една тава мала нелеплива и "пржи" си. Ако се случи да немам путер, а да сакаат јајце, и со малку зејтин премачкана тавата нема гајле.
Јас денес во очај и дадов пржено јајце со спанаќ на година дена. Сакав прво да го печам како фритата, ама за едно не ми се исплати, па и го спржив на малку путер . После цел ден одбивање на секаква храна, конечно го изеде јајцето.
Вчерашно мени: Појадок: овес во пире од јаболко и јагода + гоџи бобинки Ужинка: лепче од мешани зрна со путер Ручек: манџичка леќа, парче кашкавал Вечера: компот од крушки, ништо друго не сакаше
Д: макарони со сирење. У: чоколадо, смоки, сусамки. Р: крокети од компир и ослич. У: монте, лепче со абц. В: пржени лепчиња со јајце.
Денешно мени: Појадок: пудинг од сварено просо, половина банана, какао Ужинка: потпечено лепче со путер, шери доматчиња Ручек: зелка манџа со кришка леб Вечера: омлет со намаз од авокадо и сварена леќа
Доручек: лебче со намаз и кисело млекце Ужинка:пола банана и две јаболки (обожава јаболка може и 5 да изеде) Ручек:полнети пиперки Вечера:омлет со кашкавалче и урда и една чаша јогуртче
Д. Макароними сирење. У. 2 хипис Р. Пире со мисиркино месо У. Монте В. На роденден сме, па што апне, тоа
Денес: Појадок: пудинг од просо со сува слива, банана и гоџи Ужинка: кифличка од Милениум Ручек: мисиркино со куркума, печени карфиол, тиквица, пашканат, домашен хумус и малку од просото со мелен лешник Вечера:овес потопен во сок од портокал, какао и лажица путер од кикирики
Д. Двопек со к.млеко и краставици У. Тазе домашни кифлички Р. Канелони со кромид, домат, моцарела и модар патлиџан У. Смоки, овошен јогурт со праска В. Едвај една кифличка со абц
Доручек: кришки со јаце ( пола кришка само)и јогуртче една чашка. ужинка: надвор еден коросан касна и дома една јаболка Ручек:компир манџа со телешко Вечера: палента со кашкавал и кисело млекце.
Денес: Појадок: домашна кифличка со сирење, чаша јогурт Ужинка: супа од брокула Ручек: тарана со болоњезе сос Ужинка: плазма диет со лажиче крем од кикирики и урми Вечера: пире од круша, јаболко, кокосов чипс и аронија со Хип пченка.
Доручек - јајце на око со малку пармезан и краставичка. Лепче само неколку залка Ужина - овошен јогурт со додаден овес Ручек - печен компир и кременадла. Ја утнавме ужината ама затоа врчерата маф. Вечера - леп, путер, кашкавал и пршута. Трето лепче тамани
Денес: Појадок: домашна телешка супа со фиде Ужинка: касна сува слива, и две три соленки Ручек: манџичка боранија со мисиркино, интегрално лепче и малку свежа црвена пиперка Ужинка: смути од круша, банана и јапонско јаболко Вечера: формички од печена палента со додаток јогурт
Појадок: снегулки од просо со кисело млеко. Ужинка: смути од кива, круша и банана Ручек: каша на хипп со пилешко и грашок Ужинка: 1 домашна кифла со путер и 3 маслинки Вечера: 1 пудинг на нескле од ванила (претходно многу цицаше и не беше гладна) Менито не ни е баш нај здраво, но вади 2 четворки, едната веќе гребка и одбива храна, па давам тоа што сака колку да јаде. Дали некој знае по колку јајца смее да јаде неделно дете над 1 г?
Малово јадеше секој ден по едно варено јајце пред појадок, на гладно. Наши домашни јајца се, прилично помали од купечките.
И јас имам речиси секогаш домашни јајца од кај свеки, само сега немам моментално. Ќерка ми не е јадач, ама ете моментално обожава јајца во секаква форма и се прашував колку често смеам да давам. До 1 г најчесто ако давав месо, не давав јајце, ама сега мислам дека ако за појадок или вечера јаде јајце, за ручек смее месо така?