Еве таква имам дома,нервен слом кога не добив денес добра сум.Во 6.30 стана,спиеше од 12.30 до 14ч. Изгледа малку и беше,не се донаспа. Веќе од 18 вришти за се нешто.Сега едвај заспа.
Го оставам да спие покасно, кај 9 до 9.30ч е веќе станат. Пишував некаде по темиве, не биваше ни да преспие барем половина час, почна и се покасно да заспива. Јас би да си преспива, ама не бива и полноќ не фаќаше дури заспие, вака за 5мин е кома. Криза него го фаќа кај 4ч ама засега успешно ја надминуваме, без аздисување
Д: домашни јуфки со изварок У: колаче и животинско царство Р: гравче тавче и леб У: кај баба му беше, значи јадел се и сешто В: јас спремив зеленчукова супа, ама не сакаше ни да слушне... завршивме со пудинг колку да не си легне гладен Вака кога го читам денешново мени ми се плаче. Претера со благо, а ни едно парче овошје не касна
И мојот се дави во варени јајца и тоа баш за ужинка. Посебно тие од препелица. Се треска од земја ако не дадам уште.
Искрено немам веќе идеи како да го убедам да касне свежо овошје без тоа да биде камуфлирано со бисквита или пак блендирано со нејзиното височество банана
Денешно мени: Појадок: гриз со пире од јагода, вишна и аронија Ужинка: соленки со сирење Ручек: зелена леќа со ќофтенца Ужинка: Лино смоки Вечера: палента со урда и павлака
НИШТО! Ни висичество банана не јаде Ме натера и сок да му понудам, ете против сум за сокови, компоти, ама барем еднаш во денот пие по +/-50мл, па се тешам така внесува овошје Барем у колач, мафина да сакаше, јок и тоа не проаѓа
Еден предлог доколку не си пробала Мој синко од лани еве до ден денес смрзната аронија обожува. Период кога овошје нејќел само ова ми беше спас. И црвената рибизла некад така смрзната ја грицка, а црната рибизла ретко. Ова како предлог зашто знам твојот сака да грицка и нема место на паника од задавување ( скраја да е ) зашто веќе грицка навелико
Да се приклучам и јас во групата на деца што не јадат овошје. Веќе 2 недели уста не отвара на овошје, а убаво си јадеше претходно. Можеби не се, ама боровинки, грозје и цреши обожаваше. Сега единствено што проаѓа од "овошје" се смутињата од ДМ и само тие никои други и никакви други каши, домашни и купечки. А си грицкаше и парченца и се. Се надевам период и е. Упорно и нудам ај демек заедно ќе јадиме јаболче. Ќе напика цело парче и го плука иситнето и го мачка. 2 пати во неделата гледам со молење и на сила да и пиканм некое лажиче домашно смути, а останатите денови се тешам со бејби лове дека ете сепак каснала овошјенце.
И мојот еден период одбиваше овошје, единствено Хиписи сакаше, ама сега пак пројаде. И јас така молев, премолував и не сакаше. Ама една финта упали кај нас... едноставно престанавме да го молиме, туку седнувавме на пр јас и мм да јадеме овошје и ќе речевме нема за Никола, па тој од инат почна да се пика и да ни граба од рака, па полека, полека си пројаде пак. Ама додека ни текна месеци поминаа.
Вчерашното мени: Д - проја со сирење и спанаќ + јогурт У - јаболко, бони топ, сутлијаш Р - лосос, варен компир и марула салата У - калинка , домашна кифла, маслинки, киндер, смоки, чипс... претера со јадењето и планирав вечера да скокнеме. Амааа, застана на фрижидер и сама бараше - ам ам В - пржени кришки, павлака и домат
Јас имам домашни компоти без шеќер или некои со минимално шеќер па некогаш така го подлажувам за овошје. А во мафин ако ставам си ги корне лабаво и го јаде така без овошје
Е мојава обожава аронија,давам по 4зрна и вришти за уште. за банана вика бљак. И јас не давам да грицка јатки зп цели ги голта. И неа ја мрзи,лапни-голтни прави. Д:Кришки со јајце и сирење. У:Пудинг Р:Гравче со суви пиперки. У:Што ќе најдиме,мандарини и дуња во план. В:Потпечени макарони.
Вчера Д- овесни во каша од портокал, јаболко и вишни. У- бурек јас доручкував па ми се закачи Р- мусака + зелка салата У- што не соленки со путер о кикирики, сок, чоколадо, пиварка и тн. Од се по малку В - мелена плазма со млеко Денес Д-ѕвездички тестенини со к.млеко+пармезан У-лижавче (само го лигави), вафла Р- супа. Плус леќа ако сака да касне У-овошје нешто ќе понудам. В-тост со кашкавал + јогурт
Денес: Појадок: овес во сок од портокал, пола банана Ужинка: Лино смоки Ручек: компир манџа со мисиркино, салата од варено цвекло Ужинка: соленки со кикирики, касна пак салата од цвекло Вечера: тост со путер, хумус и кашкавал.
Д: пржени лепчиња со јајце. У: киндер јајце, бејкролдс, парче пица. Р: телешки ќофтиња и печен компир. У: домашен чоко бисквит или бискити и милка пез бомбончиња, чоко стоби флипс. В: макарони со моцарела и пармезан.
Измена во У:Пола банана,мандарина,пола јаболко,костени,маслинки над 15,уште да имаше уште ќе јадеше. В:шпагети и телешка чорба+зелка салата.
д:лепче со малиџано+јогурт+варено јајце+маслинки у: цедена калинка+јаболко со мед р:гравче+патлиџан салата свежа у:киндер јајце+ портокал цеден в: тост +чај