Да ставам од јадачкава моја да ти олесни? Појадок: мафина со спанаќ една минијатурна Ручек: пире со мисирка - две апки Ужина: две лажици јогурт Вечера: леб и намаз сигурно @Shelea многу здраво ја храниш малата само продолжи така. Ние ќе си плачеме од страна.
Не е како порано да се жалам. Ама мн мал број на намирници јади и не количински. @FreeMind Фала на поддршка. Треба клуб на нејадачи да оформиме. Да не сум оф топик. Пред појадок: цреши и боровинки Појадок:Варен овес со вода Ужинка:малку лебче кроасан и 1 јаболко Ручек. Бел ориз со печурки и домшно пилешко Ужина: пилешка супа со просо и зеленчук Вечера:планирам тост со кашкавал и маслинки. Вака кога го читам па не ни е лошо менито. Само што секој ден ни е еднолично.
Да не подрекувам, ама освен две три кризи кога ѝ растеа заби, не сум имала мака со неа за јадење. А и љубам да ѝ готвам и се надевам ќе си јаде вака и понатаму Денес: Појадок: овес во јогурт, ореви, какао, банана Ужинка: смоки, переци Ручек: пире од брокула и морков, мисиркино Ужинка: неколку коцки кашкавалче, печен компир Вечера: плазма со компот од праска
Што да кажам јас? Мојава само тестенини јаде и тоа без ништо. Не сака ни сирење ни некаков сос. Еве денес сабајле јуфки јадела, после шпагети. Леќа манџа и правев, устата затворена ја држи. Манџи не јаде никакви, супа не. Не знам веќе што да правам... и ова трае веќе долго време.
Mojava e na kompir,oriz,miks zelencuk,i jajce. Se vo suva sostojba. Retko mandarina,i da,testenini bez nisto.
И оваа јаде така тестенини или палента, овес или други житарки. Само со вода, а ако и ставам некој додаток не ги сака. Изгледа ист вкус имаат.
Вашите барем житарки јадат ова моево од кога почна со дохрана се е на сила. Појадува два саати па иде време за ручек уште два саати и цел ден мислам само околу оброците ни мине. Плачки на секој оброк, прво 20 минути имаш молење да проба барем, па потоа 20 минути две лажици и на крај затвора уста и менувај друго. Леб и намаз и никна у желудник. Болка ми е дохранава ми се плаче на секој оброк. Се молам во градинка да ја стават во ред еве јас не успевам никако. Ден два подобро и имаш како овие два дена ништо во уста само вода. Од што има енергија не знам. Многу се нервирам околу ова секој ден не знам како да останам смирена ми иде тањирот преку прозор да го фрлам. Ни со убаво не јаде, ни со цртани, ни на сила, ни со игра, ни во хранилка, никако. По две апки макс. и завршува со јадење.
Д: јајце со вегета (вегета е откритие, се пентари на кујна за да земе теглето ) макарони и некое парче пршута. У: индиски ореви, соленки, чипс, какао, кашкавал. Р: пилешка супа, оривче со зајачко и печурки. У: ништо. В: пржени лепчиња со јајце. У: какао, две домашни принцес крофни. ^ некој кога ќе го прочита мениво може ќе помисли кој знае колку јаде али нели количина не се пишува
П: проја со блитва и сирење + кисело млеко У: кива, банана, ленено семе и лажиче сенки од тиква Р: црвена леќа, морков, лук, кромид и телешко месо У: јаболко, ореви и цимет В: млеко и бисквити
Во супа можеш да ставиш, јас само така сум давала просо за ручек. Место компир и ориз инаку користи го.
Вчерашното мени Д - пирошки -здрава варијанта ( со кашкавал и кисели краставици) и една нездрва варијатна ( мајонез, шунка, кашкавал и краставици) У - смути ( банана, авокадо, портокал, јаболко и маџун) Р - грашак со свинско и зелена салата У - сарма, чипс, бони топ, домашен компот ( ова пријави баба и дека јадела) В - макарони со сирење Денешното мени: Д - смути ( банана, авокадо, ананас, мандарина, цитрон и мед) У - кроасана Р - компир, свинско, пилешко и габи + краставица У - од ручекот на баба, грицки, чоколадо... В - леб и намаз абц
мојов на сув леб е по дома, значи обожава сув леб кога ќе види леб се остава и само тоа јаде. Некогаш лебот не го вадам на маса додека не изеде другото што е за ручек.
Денес: Појадок: лино чоколадни мечиња во сок од портокал, праска и круша Ужинка: коцка киндер, стапчиња со путер од кикирики Ручек: попара од пилешка чорба со зеленчук, плус салата од цвекло Ужинка: пак брцкаше цвекло Вечера: банана, јаболко, таан, ореви и ориз на хип
Д: пилешка супа со лебче + некое залче пржени лепчиња со јајце. У: ништо конкретно, де грицки, де блакце. Р: гравче со пушени свински ребра. У: гумени бомбони (тетка беше на гости ) + какао. В: јајца со вегета, тостирано лепче со путер, сирење, димена печеница.
Ме инспирираше за лененото и јатките.Ќе почнам и јас да ги воведувам.Туку да прашам,какво млрко даваш?
П: палента, јаболко, круша и цимет У: кива, праски компот и брусница Р: ориз, блитва, кромид, морков и телешко месо У: банана леб парче В: 2 кифлички, кашкавал и кисело млеко
П:овесна каша, малини, аронија, банана, чиа семе. У:портокал Р:телешко месо со спанаќ В:к.млеко со 1 парче тонус, 2 бисквити.