Јас веќе не знам како да ја научам т.е да прифати било што млечно. Јогурт, к.млеко, ќефир, сирење, кашкавал .. плаче ако ги осети, дури и на маса веќе ги познава ако ние јадеме и плаче жално, мисли ќе мора да јаде. Не ја форсирам ама сум загрижена, од млечни производи ворочем ништо, само Аптамил, а 16.5 месеци е.
Нашето денешно мени: -појадок- јаболко, киви, вишни и авокадо -заспивање со 250мл млеко -ручек- тиквица, млад кромид, пченка и пилешко месо -ужина- свеж сок од морков, цвекло, јаболко и лимон -заспивање со 250мл млеко -вечера- таратор (павлака и краставица) со лепче -заспивање со 250мл млеко Во текот на вечерта уште минимум 250мл млеко.
Денешното мени: појадок- просо, круша и малини ужина- бисквити со млеко заспивање со 250мл млеко ручек- златна мешавина со жолчка ужина- салата (домат, краставица, пиперка, млад кромид и сирење)со лепче вечера- јогурт со овесни снегулки
Појадок Киви, вишни, круша и малку плазма Ужинка банана Ручек ќе биде пастрмка со морковче, лукче, пашканат, целер Вечера домашен двопек со кисело млеко Доење кога сака и колку сака и водичка околу 600мл
Слично ни е денешното мени Нашето денешно мени: (13 месеци) * Доење кога сака, колку сака во текот на 24 часа! - Една кафена лажичка маџун на гладно - Појадок (09:00-10:00) - Каша/ Круша, киви, банана, две јагоди и две урми - Ручек (13:00-14:00) - Каша/ Бела пастрмка со боранија, младо компирче, морков, пченка, зелена пиперка, лук и целер - Ужина (16:00-17:00) - Каша/ Павлака со рендан морков и цвекло - Вечера (19:00-20:00) - Каша/ Сутлијаш со ориз, оризово млеко и цимет
Вчерашното мени -макарони -павлака -тиквица и јаболко -едно парче кашкавал -банана Дали им давате кашкавал на малите? Јас вчера и дадов и и се допадна. Денешното мени: Појадок: Банана и малини Ужина: Јогурт со леб Ручек: Боранија, морков, тиквица, пилешки бујон и магдонос. Вечера: Гриз и круша
Јас следно планирам кашкавал, па мисиркино да воведам. Како го комбинирате кашкавалот? @НаталиЛили чист кашкавал и даде? Каков кашкавал? Кој производител? @leona83 воведе козјо млеко? Како го прифати малата?
150ad mleko Banana Pojadok-jogurt i leb 90ml ad mleko(za spiejne) Rucek-supa so morkov Ovosen jogurt Vecera-krusa so zitni Jabolko 210ml ad mleko(za spiejne) Okolu 100ml voda vo tek na denot.
Да, чисто само кашкавал, си го грицкаше. И дадов од тој што земаме за нас, обичен. Од локална млекара. Хит 73мислам се викаше.
Појадок Јаболко, јагоди, банана Ручек му спремам телешки бифтек со морковче, кромитче, доматче, грашок Вечера веројатно мусли со јогурт
Денешното мени: појадок- банана и малини ужина - леб и кашкавал заспивање со 250мл млеко ручек - телешко месо, ориз, блитва и морков ужина- сок од цвекло, морков и јаболко вечера - кисело млеко со лепче Пред заспивање 250мл мелко и во текот на ноќта 250 мл млеко.
Нашето денешно мени: (13 месеци) * Доење кога сака, колку сака во текот на 24 часа! - Една кафена лажичка маџун на гладно - Појадок (09:00-10:00) - Каша/ Семки од тиква, круша, грозје, јагоди, малини, авокадо и неколку зрнца аронија - Ужина(11:00-12:00) - Кисело млеко - Ручек (13:00-14:00) - Каша/ Јунешко месо, грашок, морков, виолетов батат, млад кромид, млад лук и семе од коприва + маслиново масло - Ужина (16:00-17:00) - Смуди/ Ленено семе, јагоди, киви и оризово млеко + кокосово масло - Вечера (19:00-20:00) - Каша/ Макарони со урда и малку кисело млеко
И мене кашкавалот ми е следен за воведување. Не сум дала козјо млеко уште, зошто неделава давав свежи праски и кајсии, зошто имаше пробано само од купечки каши и од компот. Инаку мислам да земам на збрегов а кај ќе го најдам не знам. Сега видов дека постот останал непратен.... денешното мени: - јуфки домашни со несолена урда - праска, банана, јаболко, модри сливи и рогач - риба, киноа, лукче, целер, брокула, модар п. - лепче и кашкавалче - хељда со јаболко и оризово млеко
Јас давав бекби бел кашкавал, кога јадеше во добрите времиња. @snegulkata какво млеко пиете дека гледам и по литар дневно си пие?
- јајце од препелица, палента - пире и кофтиња - краставичка и моркови и за вечера млеко со бисквити, во меѓувреме и млеко си пие
Кравјо млеко... инаку се одбивме, не цицаме веќе. Мислиш дека е многу? Искрено се мислев дали е правилно толку млеко да пие, па мислев на наредната контрола да го прашам педијатарот во врска со количината на млеко. Сега слушнав на емисијата ,,Визита,, на Канал 5 дека максималната количина на пиење млеко не смее да биде поголема од 1 литро.
@leona83 козјо на з'брегов има во тинекс. купив пред некој ден.. Неколку пакувања со различна тежина. Јас зедов 500мл колку за проба, ама не сум дала уште. Не е во фрижидер, туку на полицата кај трајните млека.
"Проблемот" со кравјото е што нема железо, а калциумот од него не дозволува да се врзи постоечкото железо во крвта. Лично мислам дека е многу и дека повеќе од 500 мл дневно е ризик за да не му падне хемоглобинот. Но, секако педијатрите знаат повеќе од мене па прашај за мислење да не биде да те "плашам" непотребно.