@LoveHope @FreeMind сега ќе се разубави времево и ќе трчаат надвор, ќе им се отвори апетит ќе видите. @happygirl и мене ми е омилена, колку само разноврсно јаде дечкото. Секоја чест! Мојава се утикачила во 5 намирници и друго не сака ни да проба. Ама не се жалам... Само нека јаде нешто.
Денес: Појадок: солено стапче, хумус, намаз од авокадо и варено цвекло Ужинка: кифличка Ручек: подварок + салата од цвекло (обожава цвекло) Ужинка: смути од слива и малина Вечера: печен зеленчук, парчиња кашкавал, малку пита со јаболко
И мене ми се плаче кај што читам како разновидно и убаво си јадат децата. Моево ништо ни да побара ни да касне.
П: домашна пита со спанаќ и сирење + кисело млеко У: јаболко, кајсии, ореви,ленено семе, маџун Р: грав, сува пиперка, лук, кромид и лепче У: хумана пудинг со бадеми и лешници В: сутлијаш со банана и цимет
Д: варено јајце, намаз, леб и краставички У: ресана, ореви, мандарини Р: телешко, компир, морков, брокула варени, па малку запржени В: кисело млеко со леб
Д: пола кришка со јајце на путер и малку овесна каша У: неколку крекери со семиња + смути од манго, јаболко и житарки од бејби лове Р: ориз со печурки и мисиркино месо У2: пудинг нестле од ванила + малку банана В: просо со кисело млеко Пак забушава со овошје
Појадок:тостирано лепче со путер и омлет со семиња Ужина:посно колаче Ручек:зеленчукова каша Вечера:палента со к. млеко
Денес: Појадок: ѓеврече со крем сир и варено јајце Ужинка: лешници Ручек: ориз со мисиркино, парче лепче Ужинка: стапчиња со кикирики, компот од слива Вечера: овес во пире од банана и слива од компот, чиа и цимет
П: просо, јаболко и цимет У: банана, кива, парче авокадо, аронија и лешници Р: ориз, блитва, кромид, морков и телешко У: палачинка со банана и путер од кикирики В: кифлички, кашкавал и кисело млеко
Д: макарони со кашкавал У: овошен јогурт, рендан морков Р: ориз со спанаќ, лук и морков В: бисквити со млеко и банана (ако јаде) После тоа мандарини, јаболка, ореви. Вчера не вечераше, само една мандарина изеде.
Д: печена крофна со компир и морков У: пудинг од ванила од нестле и пола јаболко Р: мисиркина супа со морков, компир, мешан сув зеленчук, тестенини и лимон У: смути од манго и јаболко и 1 ред киндер чоколадо (на гости е прабаба и се е јасно за чоколадото) В: овесни со кисело млеко Понудени банана и мандарина ама само пробани. Не сака и не сака овошје овие денови.
Денес: Појадок: хип ориз со малини Ужинка: печен сончоглед, колачиња со цимет и јаболко Ручек: попара од брокула чорба со путер + рендан кашкавал Ужинка: три прокељчиња на путер и малку нудлс Вечера: хип ноќна каша со житарки и какао
Појадок:овесна каша со малини, аронија, ленено семе. Ужина:Хипис со малина и калинка Ручек:гравче со ослич Ужина:2 стапчиња соленки Вечера:Банана праска и круша. Малку од лепчето од нашето гиро.
Купена од пекара беше, но бидејќи мн ја бендиса планирам дома да ги направам овие пирошки со фил од компир само со прилагодени зачини на неа. Нешто и на лик вака беше слична како овие на сликата. https://sezahrana.mk/полнети-посни-пирошки/
Денес: Д: лепче мачкано со кечап, горе рендан кашкавал и малку оригано, потпечено. Р: компир варен, малку стек динстан и пиперка црвена од низалка, значи исушена и после печена на оган, како си кркаше со мерак и само си прави МХ МХ МХ В: му испечив мафини, а кај свеки и тиква варена каснал, дури ги правев јас мафините . Измеѓу јадел смоки, соленки, некоја житарка од жито лукс а и ќе забравев касна и некое лајче домашен овошен јогурт за пиење само вода.
Д: се учиме јогурт да пие, па нудам у фенси чашки ^и не ни допира чашка У: супа, јајца, кулен. Р: хамбургерче со кашкавалче + помфрит. У: Монте и се што виде по дома. В:
П: варено јајце, кашкавал, маслинки, лепче и кисело млеко У: авокадо, пола банана, кива, бадеми, ленено семе Р: црвена леќа, лук, кромид, морков, телешко месо У: мафин со намаз од хумус В: пилав со сирење + кисело млеко
Д: палента со кашкавал и кисело млеко У: мандарини, рендан морков, калинка, бонбони, чоколадно млеко Р: пилешка чорба со зеленчук В: лебче со намаз, маслинки, краставици. Ова дете ќе ме мрдне. Вчера ни ручекот го изела, а и не вечераше. 3 различни јадења и понудив и одбиваше. Пред легнување пак изеде една мандарина.