Изгледа да да, ако нема месЦе не ни седнува да јаде, па и си бара "а месце дај". Втората ужинка обично е и ручек на мм.. Јајца му се хит, али периодов ги намали, бар знае да утне ден и да изеде по едно, ете денес ниту едно не изел Пршута говетска инаку давам.
Баш разговаравме за еден пријавен случај овде од градинка во социјални служби причината беше што за појадок секое утро му ствале колбас на детето. Тоа се води под родителска негрижа овде. Ако им дојдеш со мениво не ти бегаат 10 години ќорка
П: каша од 4 житрки + кисело млеко У: 1 мандарина, малку крем бананче и микс од брокула, морков и карфиол на пареа Р: палента со спанаќ У: 1 смути од банана, јаболка и круша со житарки и 1/2 од праска банана и јаболко В: јајце варено + тост со кашкавал и маслинки.
П: овесни снегулки со јогурт, ленено семе,банана и малини У: круша, јаболко, бадеми, брусница, ореви Р: леќа манџа со телешко У: кива, портокал, маџун В: тарана, сирење и кисело млеко
Хепи синко твој најразновидно јади машала, ќе те прашував овие бадеми, ореви ги блендираш така? Од прилика по колку му даваш, немам даено уште јаткасти јас, незнам како да ги комб
Се трудам да јаде разновидно, иако на крајот од денот мислам дека се едно исто му давам, како да немам идеи за повеќе Овие јатките ги мелам во машинка за мелење, а може и во блендер. Ги ставам секој ден во овошјето, во ужината. Обично по една лажица давам, ореви - обични и индиски, лешници, бадеми, семки од тиква, и плус ленено семе, семе од коприва и чиа семе. Не од сите наеднаш нормално Почнав и медот да го комбинирам во ужинките, баш енергетска бомба му доаѓа, и вкусно е.
На мојава ако и дадам вакво ќе треба да се селиме. Како на допинг ќе е. Од една коцка животинско како во струја приклучена е.
Појадок- млеко и банана Ручек- боранија со свинско месо и леб Ужина-чоколаден пудинг, млеко Вечера- супа со леб Ужина-млеко
Појадок:гриз, суви сливи и кајсии, како пудинг. Ужина:смути:банана, портокал, цитрон, ленено семе, малини, аронија.Крем банана Ручек:компир со пастрмка Ужина:мандарина Вечера:печено јаболко со бисквити
П: тарана + кисело млеко У:медено срце, а планирав мандарина, ама ме фати на лице место. Р:мисиркина супа со просо и зеленчук со лимон У: смути од банана, јаболка, јагоди и житрки + 1 банана В: планирам овесни и кисело млекце ако сака или ќе видиме.
У: крекери (му каснеше доручекот). Д: шпагети со урда и јајца. У: парче торта, какао, јаболко, мешани јатки. Р: грав со пушено мевце + лепче и сок од малини и аронија. У: путер колачиња со чајче. В: пилешка супа + баничка со сирење.
Денес: Појадок: хип ориз во пире од јаболко, круша, мандарина и цимет Ужинка: пола кришка р'жан леб со ајварче Ручек: зеленчукова супа, половина домашен колбас, лепче со сирење Ужинка: колаче, стапчиња со кикирики Вечера: овесни бананачинки со таан
Мојата директно од чаша, пластична од тие детските со сетови што одат. Пробав и со сламка ама незнае да влечи и незнае за што служи, се шлапа на секаде.
Д: Месено со спанаќ и урда и јогурт У:авокадо, банана, киви, чиа, ленено, бадеми, семки од тиква и суви сливи Р: Риба со зеленчук на хип У: Мандарина и чоколадна бисквита на алете В: Јуфки со павлака В2: Млечен ориз на Хип
Повелеле: https://www.google.de/search?q=hipp...AQ&biw=414&bih=719&dpr=2#imgrc=2pMdyUQmobkjxM И свирачи ќе викнам само @LoveHope да не ми лајка да не ми скрши серија со некој малер
А јас пак прогнозирам дека и нејзиното магично преку ноќ ќе си зајаде. Доста беше нејадачи, има сите да си папаат и да ги прават најсреќни мамичките.