Д: просо со тиквица и јогурт У: млеко Р: гравче У: две апки од круша, јаболко, слива и ленено семе В: 7 вида житарици на хип Пак се вцрвени доле зарем брокула и карфиол може да прават проблем од две апки авокадо со лимон да се манифестира толку не ми се верува.
П: варено јајце, кашкавал, маслинки, лепче и кисело млеко У: јаболко, кива, пола портокал, индиски ореви, бадеми, ленено семе Р: грав манџа со лепче У: крекери/смоки Лино В: гриз, банана и какао
Денес: Појадок: палента со доматен сос Ужинка: сечкана кива со мед Ручек: селска манџичка со јуфки, пилешко и зеленчук Ужинка: стапчиња со сусам, парче кашкавал Вечера: бегаше од јадење, касна печен сончоглед, неколку јуфки без ништо и чаша домашен сок од цвекло и јаболка
П: лепче со семиња со растопен кашкавал и маслинки + кисело млеко У: банана Р: палента со спанаќ и јајце У: портокал, 1 коцка чоколадо и некоја соленка В: овесни со пудинг од ванила на нестле Денес слаб апетит
Д: домашен кроасан со чедар и павлака У: овошје 4ти ден одбива @Milaаа991 колку траеше кај тебе? Р: крем супа од тиква, лосос на хип У: кроасан со мармалад од боровинки В: крокети, 7 житарици на хип Се тоа у апки измерено, на сила.
Па траеше долго. Скоро 2 месеци. Пробај давај и од купечките овошно смутиња. Мојава само од бејби лове ги јадеше и тоа и нив со молење. Но се тешев дека колку толку внесува овошје.
Д:Пржени кришки , шопска и сирење У: Монте, цеден сок од портокал и лимон Р: Сарма У: Овошна салата со јаболко, банана и крушки и што најде В: Тарана со павлака
Вчера Појадок: направив јаболко со овес (не сакаше) Ужина:смути со банана, јаболко, брусница, чиа, боровинка, црвен микс Ручек:мешан зеленчук со к.млеко Ужина:крем банана Вечера:потпечени нудли со јајце Се насила и дур е заиграна и давав. Незнам што и се случува со апетитот.
Да не и е заслабната крвната слика? Те читам дека е и поспана. Може и од тоа слабо да јаде и да и се спие. Но сега никако по болници, засили на храна за подобрување хгб и види дали ќе има подобрување.
Давам веќе 3м капки за железо, давам и намирници што содржат железо. Ваква е последните 3-4 дена. Се тешам дека е од забите. Пред тоа ќе виде јадење и со трчање идеше за да јаде, сега не те ни погледнува.
П: просо, јаболко, сливи, маџун У: авокадо, банана, кива, семки од тиква Р: пастрмка со пире од компир, морков и брокула У: бисквити Лино В: мафин со сирење и маслинки + кисело мЛеко
Д:Мекица,јогурт,сирење и св.врат (по негово мевце) У:Дури две коцки милка, пасирана банана со мед и цеден сок од портокал Р:Лосос,лукче,брокула,компир У:Пепа пиг (на кри кри) овошно јогуртче В:Карамелино
Денес: Појадок: овесна каша со црвени овошја и таан Ужинка: сусам стапчиња Ручек: парче пица и чаша јогурт Ужинка: рака ореви Вечера: хип ориз со јаболко, круша и мед
Д: 7 вида житарици хип У: заспа Р: крем супа од тиква и две парчиња печено лепче во релна со путер и чедар У: цела круша (данк Гот) В: ориз со мешан зеленчук и телешко на хип
Денешното мени Д - кајгана со урда, доматче шери, маслинки 2 и парче лебче У - банана, суво грозје, компот од праска Р - ќофте и компир + црвена зелка У - домашна кифла и кашкавалче, мандарина, кикиритки В - шопска салата ( краставица, шери, кромидче, сирење) Имам јадач дете, ручка со мерак... ама и кај нас овошјето не се јади со мерак. Освен сувото, него го сака! Нудам секој ден овошје, не дека не каснува од понуденото ама она по би мевце и манџа и салати да лапка!
Појадок :јаболка и круша со брусница Ужина:смути со банана, црвен микс, аронија, цвекло Ручек : многу малку ориз со пилешко месо Ужина:крем банана Вечера:пак малку ориз со к.млеко Кај мене па само во овошје се дави. Не признава појадок како, јајца, леб и сл мора да е овошје.
И кај мене двете ужини обавезно и беа овошје и тоа една круша, една слива и пола јаболко наеднаш ги јадеше. Или пола банана со пола авокадо. Ама чим денес пак цела круша изеде ќе се врати. Вирусот ја искина иначе за овошје не ми правела проблем за друго се.
Може и добро е што не јадела овошје додека имала дијареа, да не ја иритира дополнително. Како и ги даваш, како парчиња да ги јади или? Мене така не ми јади количински и ги блендирам, не дека има проблем со џвакање.
Од прв момент и ги правам исто, со лажичката ги длабам јаболкото и крушата му доаѓа како пасирано, а сливата не може така па е на парченца. Немам пробано на парчиња работи кои функционираат не ги менувам особено кај јадењето. Иначе се друго џвака и месо џвака.