Јас за нормално јадење не знам, се ни е со игра, лажење, цртани, молење, па ај сама да срка, па да не рани, готви....
Денес: Појадок: тост со путер, кашкавал и хумус, чаша јогурт + чери доматчиња Ужинка: пола банана со путер од кикирики Ручек: тиквица полнета со мисиркино + пиперка и кромид, салата од цвекло Ужинка: неколку коцки кашкавал Вечера: овес во сок од портокал + јаболко и цимет
Д: ѓеврече со путер и кашкавал У: банана со јаболко на хип 4+ Р: гравче за мерак направив нече и нече гулаж со тестенини и зеленчук на хип, краставица салата У: грисинки, чиа пудинг со киви, круша, ленено, кокос во сок од јаболко В: од тостот мој со кашкавал и печурки си касна малку, потоа млечна на хип 3 вида житарици
Појадок :јајце, кашкавал и лепче со путер (многу малку касна) Хип со јаболка и банана Ужина:смути:ананас, манго, праска, банана Ручек:грашок манџа со парче леб и шопска Ужина:портокал Вечера:мала мекица со к.млеко
Прв пат пишувам тука чисто да ми кажете дали можеби грешам некаде 10:00 Станува сабајле пие 200 мл млеко. Ужина: смоки, бисквитче или парче леб или кифличе 13ч појадок Просо, банана, јаболко, мед и ц. цимет (блендирани) 16 и 30 ручек Тиквица, компир, карфиол, лик, телешко и магдонос (блендирани) Ужина пак грицка бисквити, колачиња и сл Вечера дадов чоколино И сега пред спиење пак млеко. Дете од 14 месеци
Кај млекото грешиш со првото и го кратиш појадокот, а со последното и ги расипуваш забите и ќе фати кариес беспотребно. Чим стане не и даваш ништо пола саат, па потоа појадок. Кај 13ч што ти е појадок ќе дадеш ужина и млеко за пред спиење. Од кога ќе стане си продолжуваш со ручек, па ужина/млеко и вечера. Со вечера завршуваш миеш заби и нема млеко повеќе.
Во 10:30 појадок После за ужина млеко и нешто од тоа. Кај 13 ручек Ужина Вечера 18ч Вака некако од прилика да биде со +- час Пред спање ние скроз го исклучивме млекото, последно пие во 17ч а се успива во 20ч.
Да не речам, ама ке речам дека ви завидувам кога читам што се јадат. Кај мене малото ништо не јаде ама ништоо. Не знам што да му давам. Јаде само чоколино, компир манџа ама без месо, и пржен компир. Ништо друго не сака незнам како да лажам веке а има 20 месеци. Кажете чаре ве молам
П: варено јајце, кашкавал, лепче и кисело млеко У: круша, кива, брусница, семки од тиква, ореви, мед, семе од коприва Р: гравче манџа со лепче У: јаболко, пола портокал, бадеми В: гриз, какао, банана
Нема чаре, ќерка ми беше иста, а сега малиот јаде многу..и јас се нервирав ама детето си беше такво, не јадач. Како растеше се подобруваше. Сега е 5год.и уште наоѓа маани, ама си има она некои комбинации, па тоа што сака тоа и готвам. За разлика од тоа што беше сега е супер. Не му се нервирај, како расте ќе пројадува.
П:Палента со јаболко, сува слива и ц.цимет У:Смути: банана, кајсија, јогурт Р: леќа манџа со парче леб У: бисквити, хип тегле праска В: Тарана со кисело млеко
Денес: Појадок: палента со песто и сирење + чаша јогурт Ужинка: нестле пудингче со бисквит Ручек: турлитава + коцки кашкавал Ужинка: грисини, рака ореви, пет лажици кисело млеко Вечера: хип двопек + банана со пире од круша, какао и урми
Појадок :пржена кришка со домат и сирење Ужина :смути :банана, манго, ананас, црвено овошје, семе од коприва, брусница, изеди уште една пржена кришка Ручек:компир и морков печени со пастрмка и салата од краставица Вечера :овесни палачинки со веге крем и сок од портокал
Д: зеленчукова крем супа + баничка. У: путер колчиња, јаболко, какао. Р: ориз со спанаќ + златна мешавина. У: кифли сусамки, сладолед од ванила, аронија и гоџи. В: јајца со сирење и пршута + мултивитамин.
П: Крушка, кајсија со р'жани, јачменови снегулки и маџун У: хумана пудинг + аронија и боровинки Р: мисиркино со батат, кромид и спанаќ У: кифличка В: сутлијаш со банана и цимет
Од вчера Појадок: јајце, таратур, краставица и проја мафини со сирење и спанаќ У:се што виде проба Р: макарони со сос од спанаќ и печурки запечени со кашкавал У:парчиња кашкавал В. Чоколино за прв пат јас јадев дојде и прво викаше блјак дека било ама на крај го изеде.