П: Крушка, кајсија со житарици и маџун У: банана, аронија, малини и јогурт Р: Касерол со тиквици и брокула У: Портокал В: исто како ручекот
Денес: Појадок: тарана со сирење и јогурт Ужинка: лепче со путер, свежа брокула Ручек: ребро цепкано + печен зеленчук (морков, компир, цвекло) Ужинка: монте Вечера: два домашни мафини со микс црвено овошје
Верувам да е сигурен ако е убаво подготвен, за здрав, корисен и дека "мора" да јаде не. Абе ти се попружило бебе јазик да јаде и сте му дале гарант Мојов по јазик не се попружил, ваљда не го ни видел, па затоа али грицкал од ушите на прасето, мене ми пријавија со слика ^свинско дадов по 1.5г, ако цепидлачиме мислам година и 8м беше Матичната ме советуваше по 2год, но давам исклучиво домашно, па сметав дека не е страшно и порано. Баш за него не сум готвела никогаш, тоа ако јаде татко му, па уз него Д: плетенки со зденки и маслинки (маслинки лупев и ситнев, па поминаа некако ) + какао. У: јајце, 2јајциња од препелица, сладолед, кики, компот од модри сливи. Р: ципура, печен компир со многу моркови. У: чаша млеко + малку пилешка супа со сирење од моето. В: тостирани лепчиња, зденки и малку патлиџан + пиперче (зденка ден, прв пат давам и не можеше да се насити, ги бараше од сабајле, од како ги виде, па цел ден отвара фриж и бара тријаголници ).
@emkaemka свеќи направила за ручек, ама од мерак го прави и се мислев дали да дадам И дадов да проба 2 пати ама не беше воодушевена, уствари незнам што мислев колку ќе изеде Појадок :крофни Ужина:смути :банана, аронија, боровинки, црвено овошје, семиња Ручек :мешан зеленчук +цвекло и морков салата (ја направив со лимон, и ја исплука, а некни плачеше по мојата со балзамико) Вечера:интегрални кифлички со козјо сирење
@BabyT* и мојата ако сети лимон не јаде. Мислам дека околу 3/4 години тогаш изведуваат со лимонот. И дадов кромид пред некој ден и си касна едно парче без да се згади. Јас не јадам кромид така во никој случај.
И јас и дадов млад кромид ама писна изгледа и дојде луто, а пред тоа со шопска си го изеди Инаку пробав и без лимон, не а сака,, балзамикото дава посебен вкус може затоа и се допаѓа. До сега од салата само шопска минува.
Мене салатата ми стана проблем ако можам тоа да го кажам иако сакам да јаде најмногу тоа. Ручекот не ми го јаде со денови само салатата. Сега и ја давам после ручек и знае и ја чека. Ако ја дадам пред не јаде потоа. Исто и заедно не. И последно што изводи ја истура чинијата и од табака сака да јаде. Лом.
П:Палента со јаболко, суви сливи и цимет У: баник со спанаќ и јогурт Р: телешко со морков, компир и кромид У: изгрицка неколку бисквити, мандарина В: млечна инстант на хип со јаболко и хељда
Мојава еднаш со се тенџерче емајлирано од металац се на плочки ми истурка. Толку ми беше мака за тенџерчето од комплетот со Мини со се чинија и кане беше и секако и се изнаразвикав во лутината. Мм ќе ме отепаше. Уште ми е мака и што и се развикав, ама и за тенџерчето, оти не си најдов посебно без комплет исто такво. И оној сервисот од бамбус од ПИ КИ лом го направи за еден месец. Чаши стаклени секој ден по 1 до 2 ми крши. За валкање веќе не правам проблем, само да јади.
Тоа е еден таков момент што ретко кој може да се исконтролира. Мене не ми е криво за валкање ќе исчистам и ќе ја пресоблечам али некогаш кога се ти е собрано еден ручек на земја знае да ме извади од петици. Толку ни се нервите Д: месено со урда и спанаќ плус јогурт У: млеко Р: леќа и краставици салата У: пилешка супа и некое овошје ако сака ќе и дадам В: лиснато со јогурт
Мене не толку за садевите колку за храната, знам да и речам ' не задоволна една, јас ќе готвам ти ќе фрлаш' и ја карам, а она почнува со солзи, па ми станува жал и попуштам
Само за тенџерчето ми беше мака. Купено беше уште пред да се роиди со мерак, ама да се здрави и живи друго ништо не е важно. Нека кршат, како ќе научат инаку.
Денес Појадок: пица палента (со доматно пире, босилек и моцарела) Ужинка: пола овошен мафин Ручек: компир пире со малку плескавица и марула салата (цел кромид го изеде) Ужинка: сок од цеден портокал, медено срце, грисинки Вечера: кришка ирско лепче тазе печено, со путер и мед + домашен милкшејк од банана
П: печени лепчиња со јајца на путер + маслинки+ краставички, пола чаша јогурт и кашкавал кој не го проба ич. Маслинките ги нема на слика, први ги изеде У: пола јаболко, пола круша, неколку лешници и пола медено срце . Р: телешка манџа со грашок и боранија и салата од зелка и краставички У: меко колаче со темно чоколадо кое пола го издроби В: 1 банана и малку чоколино проба и се уште не можи да се одлучи дали е блјак или е јами. Навивам за блјак иако мене ми е омилено.
Појадок:интегрални кифли со џем Ужина:смути со банана, праска, црвено овошје, аронија, нане Ручек:сарма со штавељ (не ја бендиса), Хип со телешко и компир Ужина:житна плочка од јаболко Вечера:овесна палачинка со авокадо, кокос и цимет + пола со џем