Појадок- домашна кроасана со кремче Ужинка-млеко, грицки, чоколадо Ручек- сарма од штавел со кисело млеко и лепче Ужина-млеко, овошје во зависност какво ќе сака Вечера- кисело млеко со леб Ужина-млеко
@flower55555 еве јас ќе ти одговорам ако може Денес дадов прв пат, две и пол години е. Лани кога му беше сезоната неможев да најдам и затоа дури сега инаку и порано ќе дадев. Самиот лист не го јаде, само полнежот. Можеш да го наполниш со тоа што ти јаде. Јас ја правев посна со праз, морков, печурки и ориз бидејќи меленоѕо месо во сарма, долма не ми го јаде.
П: варено јајце, кашкавал, кришка лепче и кисело млеко У: круша, кива, пола банана,семки од тиква, лешници Р: боранија манџа со телешко и лепче У: Лино пудинг В: млеко и бисквити
Д: пржени кришки со домат У: млеко Р: тестенини со зеленчук на хип У: киви, банана, суви сливи, ореви (кршени дадов денес ги изџвака без проблем) и ленено В: шпагети во бел сос
@bella12 добра идеа можам така со ориз, морков и праз само ке треба да блендирам дека едно забче имаме само @lackygirl немам дадено спанаќ уште. Чекав не третиран демек да ми донесат, а штавејот во двор ми е па си велам да му дадам 11м е. Фала ви @eli25
Штом сте веќе 11месеци големи сте ако јаде мали парчиња место да го блендираш можеш во сецко да го здробиш на најситно морковот и празот, можеш и тиквичка да додадеш. Оризот од што ќе е сварен само со вилушка да го поминеш кога ќе биде готово.[/QUOTE]
Појадок :круша, авокадо, бисквити, кокосово масло, семе од коприва Ужина :1ипол портокал, галета со хумус Ручек:домашно гиро Ужина:бомбици Вечера:крем супа од тиквичка и парче тонус
Денес Појадок: потпечено лепче со путер + чери домати Ужинка: смути од банана, круша и путер од кикирики Ручек: попара од манџа грашок со телешко Ужинка: пола мафин, парче кашкавал, крекери Вечера: овес во какао со вишни
А јас да ви кажам искрено низ нос ми излегоа теписите бели што немаат ни 4 м а се лом направени од каши, 100 средства купив и џабе. ЛОМ! Да не сум офф: Д:компот од кајсии со овесни снегулки У:милкинс чоколатце Р: спанаќ со урда лук и јајце У:домашни плазма чоколадо бомбици В:ванилино Плус 2 шишиња по 200 мл млеко.
П: мафин со спанаќ и кисело млеко У: банана, вишни, јогурт и овесни Р: кус кус со морков и сос од патлиџан и зелена пиперка У: Портокал и касна уште еден мафин В: гриз, какао, ад и бискоти
Д: јогурт со смоки У: банана Р: поховани тиквици и батат со тартар сос ( бебешка верзија кисели краставички изрендани на ситно со павлака) У: круша, јаболко, слива, бејби бисквит и ленено В: макарони потпечени
Дајте некоја идеја како да искористам тиква. Ми донесе мајка ми испечена и замрзната во помали парчиња, ама многу имам, ако ја давам за ужина (што ретко јаде малово) цел месец ќе ја јаде. Јас и маж ми не јадеме тиква, па да направам некое јадење со неа за ќерката, да не стои така. По можност не многу тежок рецепт, зошто слабо стојам со куварски способности
За вечера некогаш и ја мешам со гриз или спелта. И за ручек некогаш и давам и не се буни. Како манџичка од мисиркино, спанаќ, кромид, морков и тиква. Тиквата ми е мека и ја пасирам, а другово е на ситни коцки. На крај малку маслиново ставам. Чудно јадење, ама едно од ретките што го јаде без проблем.
Јас у супа и ја давам со компир и тиквица ќе ги свариш пасаторот две секунди додаваш вегета и павлака.