Таман спанаќ имам за утре, таман се ќе искористам. Фала ти Кажи ми цела рецепта, никогаш не сум правела мафини
200 г тиква, испечена и измиксирана во пире 300 г брашно 1 прашок за печиво 1 лажичка цимет во прав 120 г шеќер во прав 3 јајца 50 мл млеко 50 мл масло за јадење По желба ако имаш воведено и јатки. Ги мешаш сите работи со миксер и истураш во претходно намрсени (со путер најубаво) калапи.
П: пита со праз и урда и кисело млеко У: две киви и јаболко Р: леќа со кришка лепче У: банана, пола портокал, лешници, брусница В: чоколино
Појадок :тост со путер и кашкавал, неколку залчиња само Ужина :банана или по нејзино нана и бомбици Ручек :ориз со пилешко и мешан зеленчук Ужина:домашен сладолед, пола житна плочка Вечера:супа и моментот каде што попи*дувам
Денес: Појадок: издробен чоколаден мафин, банана, кокос и полиено сѐ со топло млеко Ужинка: коцки кашкавал мезеше Ручек: микс од мевца од домашна скара, марула салата + пола лепче и чери домати Ужинка: медењак, шолја кисело млеко Вечера: супа со фиде, лепче со путер и сирење
Д: печени лепчиња со сусам во релна со путер и ајдамер У: помаранџа во обид јок, млеко Р1: риба лосос на хип десет лажици Р2: варени компири со павлака У: банана, киви, ленено и ореви В: мафини со спанаќ Ручекот полека, но сигурно ми поминува во ужас. Или сама или никако, лажица во никој случај.
П: просо, банана, малини, маџун У: две киви, јаболко, индиски ореви, лешници Р: Хипп мисиркина каша У: тостирано лепче со путер и краставичка В: кифлички, кашкавал и кисело млеко
Појадок :жужу лиснати со кашкавал и домат Ручек:компир, копан и домат Ужина :посна торта (пола парче) Вечера:погачки со сирење (пола погачка) Денеска се молиме за јадење, две 3ки ваде, оправдано е.
Д: Хељда, банана, малини, круша Р: Ќофте, компир на пареа, краставица салата У: киндер јајце В: Палента, овесни снегулки и кисело млеко
П: Омлет со патлиџан У: интегрално ѓеврече со јогурт Р: просо, тиквица, батат и кромид У: банана, бискоти В: Авокадо со кисело млеко
Денес: Појадок: овесни бананачинки со брусница и гоџи бобинки + свежа крушка Ужинка: грисинки и кашкавал Ручек: вариво од зеленчук и киноа Ужинка: пудингче од Нестле Вечера: киноа со банана, вишна и млеко
Дали некој му давате од вашиот ручек, како што ве читам имам впечаток дека не. Во смисла запржено со кромид и зачини. Јас на пример, ако има за ручек ориз во тепсија (за големи) значи, запржен со зачини му давам од него и јади, др пр. Грав посен бел, незапрежен (ручек за сите освен за мене му давам од него, мусака (за големи) јади, само од месото не му давам, еднаш неделата имаме спанаќ со ориз (за големи, во тепсија) исто си јади....ако мислам дека неможе да јади тогаш му правам него посебно и на пр во спанаќ како манџичка течна до ориз, млад кромид и лук му ставам вегета итн...досега немал мака ни со столица, ни гасови, ни црвенило на газе, еднаш јадеше манџа компир и имаше црвенило долу мислам дека од пиперот и немам пак даено. Да не сум офф за вчера: Д: лебче со дом кечап, кашкавал и оригано потпечено, од жито лукс скоро 2 изеде. У: малку банана, смоки, соленки Р: супа со лебче попара + кисели крставички У: јајце варено, бидејќи ручеков некако некалоричен ми беше. В: гриз варен со млеко, какао и банана. На се ова едина течност Вода
Јас правам за сите 3ца ручек. Ама ние не јадиме запршки со пипер и брашно па затоа и и давам. Користам био вегета, и бибер, знам и кари да ставам, ние после си дотураме сол.
Јас уште посебно готвам за него. Од манџи, јас и мм јадеме само грашок, грав и леќа и запржени. На него уште му давам незапржено, а му ставам сол и сушен зеленчук на Био Космос, нешто налик вегета. Не јадеме со мм боранија, ориз со спанаќ, блитва па за да готвам за сите. Мусака му немам дадено оти свинско уште не му давам. Ориз во тава за нас правам со стек/пилешко од маркет, и тоа на него не давам уште. Потпечени макарони со сирење, јајца и јогурт му давам од нашите. Се случува некогаш да му макнам со лепче од нашиот ручек манџа, иако секогаш првин тој руча па после ние, ама доаѓа на масата од страв да проба.
Сигурно истото го користиме, јас си го викам вегета ама многу убав вкус дава на јадењето Од пиљарата го земав.
Кај нас свекрва ми прави ручек, ако неможам јас или синко да јадиме, си правам друг за нас а овие неколку што ги набројав си јади синко
П: палента, две јаболки и цимет У: круша, кива, пола портокал, брусница, ореви Р: пире од компир и морков + пастрмка печена У: бисквити В: гриз, банана, какао
@lackygirl јас готвам за нас тројца исто без запршки јадеме и ние, ни сол не дотураме од мрза така бљуткаво бутаме. За неа со месо ако е посебно правам. Иначе исто јадења прилагодени на неа. Вегета користам оргинал сол само во салата. Е сега ради неа црвен пипер штедиме, црн не јадеме и онака. У задње време ми се деси да фрлам храна и тоа ужасно ме нервира и готвам многу малку во случај да не сака да го дојадеме. Порано готвев на два дена али сега тоа не е можно. Аман ми се вика и од готвење и од јадење.