Денешото мени: -јаболко, портокал, малини и просо -ужина- бисквити -ручек- компир, морков, зелена пиперка и пилешко месо -ужина- свеж сок од портокал -вечера- јогурт со овесни снегулки Пред спиење 250мл млеко и во текот на ноќта уште 250 мл млеко. Преку цел ден многу вода. @victoria од кога мед?
Појадок: Круша, праска, цреши и лажучка маџун Ручек: Телешко, брокула, млад морков и спанаќ Вечера: Овесни и ржани снегулки, урда и банана Ужини: јаболко и бисквити на Хип Со водата сме ужас! Чај 400 мл и Аптамил 600 мл.
12+ е медот... Јас по едно лажичка почнав околу година и 4месеци...некогаш така му го давам на лажичка, некогаш во кашичка
Леона како и за јагодите, порано медот и јагодите биле над две години, сега не знам од која причина е поместена границата. Јас и за едното и за другото ќе чекам догодина, на сигурно.
Мене најмногу страв ми беше за киви.. Не расте во наше поднебје, не сме го конзумирале многу ни јас ни мм.. Па си реков штом тоа пробавме може во мали количини да почнеме бидејќи имам органски јагоди и домашен мед.. Во советувалиште за здраво дете му рекоа после годинка дека може мед да се дава за природно јакнење на имунитетот.
Појадок: Макарони и 100мл јогурт Ручек: (на два пати го јадеше) Гравче и лебче и 200мл јогурт Прв пат давам гравче како цел оброк. Ќе видиме дали ќе има проблем со стомачето. Вечера: Половина кифличка, малку кашкавал, малку краставица и малку јогурт. Од се по малку
Јас мед чист прв пат дадов на 3 год и се нафрли страшнооо на градите и грбот.Едвај и ја средив кожата после.до ден денес и немам пак дадено од страв (има скоро 7 год)
Нашето денешно мени: (14 месеци) * Доење кога сака, колку сака во текот на 24 часа! - Една кафена лажичка маџун на гладно - Појадок (09:00-10:00) - Каша/ Чиа семе, јаболко, кајсии, јагоди, малини, неколку зрна аронија и семки од тиква - Ручек (13:00-14:00) - Каша/ Baby beef, брокула, цвекло, зелена пиперка и млад кромид + маслиново масло - Ужина (16:00-17:00) - Чаша овошен јогурт/ јагоди и урми + јогурт - Вечера (19:00-20:00) - Каша/ Јуфки (со јајца) и урда
На син ми на година и неколку месеци му даде жената што го чуваше и немаше реакција и продолживме ама не често зошто не го сакаше. Ќе почекам за ќерка ми. Денешното мени: - домашни јуфки со несолена урда - каша од портокал, манго, јаболка, банана и житарици - батат, целер, цвекло и малку златна мешавина - јајце варено, палента и кис.млеко. Може за ужина додека сме надвор попладне да изеде и овошен јогурт од вишни, малини и јогурт ( домашен ).
Појадок Макарони (повторно) Ручек: Тиквица, морков, брокула, 3-4 малини и малку магдонос. Се исецкано на коцкички. + лебче Вечера: Половина банана
Ќерка ми е 2,5 години, еве го денешното мени: - 1 шолја млеко со 1 лаж. какао - Овесни снегулки, банана, 5-6 јагоди - Телешко, пиперка, домат, компир, морков, лукче - Цеден портокал - Интегрален леб со кисело млеко
Вчера Портокал, јаболко, круша Пастрмка со компирче, морковче, лук, пашканат, маслиново масло Вечера Интегрално лиснато со кашкавал Денес појадувавме Банана, кајсии и јагоди Ќе ручаме спанаќ со оривче, доматче, лукче, јајце и маслиново масло Вечера овесни снегулки со јогурт
Нашето денешно мени: (14 месеци) * Доење кога сака, колку сака во текот на 24 часа! - Една кафена лажичка маџун на гладно - Појадок (09:00-10:00) - Каша/ Банана, кајсии и неколку зрна аронија - Ручек (13:00-14:00) - Каша/ Baby beef, зелена боранија, морков, домат и млад кромид + масло од тиква - Ужина (16:00-17:00) - / - Вечера (19:00-20:00) - Каша/ Попара со интегрално домашно лепче и домашно козјо млеко
Мајки да не претерам ако давам за ужина овошен јогурт преку еден ден или нема штета? Другарка моја дава секој ден ама по едно овошје и јогурт. И уште нешто- им давате кекс сами да јадат? Малата е 15 месеци уште не сум и дала....ми викаат дека со тоа услуга не и правам, демек треба да и дозволувам? За денес: - половина банана , вишни, кус кус и јаболко - овошен јогурт со малина, вчера немавме втора ужина, а требаше овошен јогурт да биде - просо, прокељ, модар п.,тиквица,домат, маслиново - палента со крем сир. Во текот на денот цица како новороденче, пие вода макс 100 во цел ден- катастрофа значи и грицка лепче.
Леона мојата не јаде ниту јогурт ниту кисело млеко, не знам да ти кажам. А за кексите, јас и давам сеуште само на хип. Ручка и по 5 дневно деновиве ама ако изеде цел појадок, инаку не и давам. Не знам за какви кекси мислиш ...
Јас му давам овошно јогуртче на јогобела и син ми просто го обожава кога ке ја види чашката и почнува да вика га-га и нема шанси да не му дадеш ама секој ден не давам,кога како,можи два до три пати во неделата и обично му давам од тој со праска бидејки цреши немаме воведено и дриги ситни овошја а јагоди сега почнав да давам што значи ке му давам и овошен со јагоди,а за бисквити син ми сам си јаде уште пред годинка и бисквити сам и парче кашкавал сам си јаде уште од тогаш,сега му давам и краставичка(наши домашни)само ке му ја измијам убаво и му ја давам ни лупена ни сецкана и како си ја јади со сласт,а бисквити секогаш давам од нашите бисквиити вики што се викаат.
За тие од хипп мислев и јас, само прашањето ми беше да не се задави оти баш и многу не џвака. На пр.два три пати само ќе проџвака и голта- со лепчето така прави. А кога и нудам парчиња овошје, мали сецкани ги плука, блендирано се јаде. Не се плашам дека во иднина ќе имаме проблем зошто и син ми така правеше па подоцна си џвакаше. За овошен јогурт исклучиво домашен давам, кој е превкусен, денес и за мене си направив
@leona83како го правиш домашниот овошен јогурт,јас од млечни производи само тоа давам купечко порано постојано син ми пијаше купечки јогурт јадеше павлака кој многу ги сака ама одкако пред некое време отворив јогурт од битолсаката и на кој јас не можев да му ја поднесам миризбата и не можев да го пијам реков појке не,сега постојано му правам домашно кисело млеко од домашно млеко од кое имам постојано(комшиите си чуваат кравички па јас си земувам стално пресно млекце). Да прашам и ова син ми уште си цица и благо млеко не пија никакво друго не му давам јас мислам деканема потреба ама дали се смета за воведено кравјо млеко со тоа што му имам дадено некој пат по малку кога ме гледа јас кога пијам и му имам дадено домашен пудинг со млеко,,а кога ке дојде време да го одбијам се надевам дека ке се доима до две годинки можи ке му давам козјо млеко имам комшии и со козички(што ти е живот на село)
Блендиран овошје по избор, обично по макс. 2 овошја ставам и додавам купечки јогурт од суташ користам, превкусно е и нема шеќери и др.се што ставаат во купечките. Мислам дека може да се каже дека си вовела кравјо млеко зошто ако имало реакција ќе се покаже, а и штом си дала во пудинг и чисто млеко значи ок е. Заради сигурност дај 30 милилитри чисти нека испие.