Појадок:ништо Ручек:ништо Вечера:ништо Овошје:зошто да јаде кога има? Ја мразам темата. (гневна сум,ок.)
Д: мусли со сушено овошје У: млеко, една смока Р: брокула со тестенини и пилешко на хип У: едно француско колаче В: две палачинки со павлака и киви
@LoveHope со ќерката исто бевме, и не отварав на темата од што се осеќав уште полошо..ако ти е утеха, мора да пројаде некогаш. Доручек- парче фокача и една банана. Ручек- макарони со сос Вечера- мулти череали Измеѓу цреши.
Денес: Појадок: ѓеврече со павлака и маслинки Ужинка: крекери, хипис од јаболко, јагода и банана Ручек: грашок манџа со тонус лепче, малку салата од цвекло Ужинка: квики переци Вечера: чиа пудинг киснет во сок од портокал + пире од јаболко, цвекло и слива (ѝ се прави во фриз)
Д: палачинка со павлака У: кришка со крем сир Р: посна манџа У: оризови галети од боровинка на хип и смока В: мафини од тиквица со јогурт
Пред појадок- млеко Појадок- јајце варено со домата и леб Ужина-цреши Ручек- грав со леб и салата од и краставица Ужинка-млеко Вечера- макарони со доматна салса и сирење Ужинка-млеко
Ама кажи колку е грдо чувството? Сите пишуваат, а излегува дека на детето не му даваш да јаде. Читаш, мерак ти е за идеите ама се нервираш пошо твоето ни пола од тоа нема изедено.
Леле ме изнасмеа Кај мене денес иде: појадок од мене - не го сака ручек од татко и - не го сака вечера од баба - се набутала како да нема утре Ама ако, пак си читам јас што давате за идеи, со надеж дека утре сама ќе побара доручек
Ама кажи шо се набутала, тоа е битното.. Појадок:тарана со зденка и кашкавал. Ужина:малку банана, јаболко грицкаше ама го плукаше. Ручек:јадела сарма од лозов лист, кифличка. Ужина: јадела цреши, ќе им го испила сокот и ја плукала потоа. Вечера:од појадокот, третина кашичка од јаболко, круша, житарки. После тоа пред легнување: индиски ореви, бадеми, овесни снегулки, млеко, мед блендирано, потечно.
Море ич не прашувам што се набутала, само да се нервирам зашо јаде таму, а од мене не Јас тоа што видов, испи 150мл млеко. Толку од мојот пост за денешното јадење...
Ние го намаливме млекото. Само вечерта пиеме, и ретко преку ден еднаш ако се напие. Утре ќе правиме крвна слика контролна.
Исто и кај нас 2 години има. Мислев заби, периоди, мислев ќе помине, ама еве уште трае... Еднаш нема јадено како што треба. Сабајле и направив кајгана, плус краставици салата, маслинки и леб. Изеде 5-6 кругчиња краставички и една маслинка После палента со кисело млеко, дури 2 лајчиња. Па додека бев на работа баба и и давала компир манџа и пилешко. Демек јадела. И вечерва 5 лајчиња кисело млеко со леб. Ова е и многу. Вчера и завчера јадеше само на сабајле и толку
Некогаш мислев дека е до мене, викам штом не јаде сигурно не му е вкусно , сигурно не знам да ги направам како што треба. Абе тежок период ми беше а еве сега со син ми немам такви проблеми, јаде за двајца.
За утеха, вечерва фрлив две полни чинивчиња, едно со палента, кајсии, круша и мед. И едно со чоколино. Изеде корки леб, го испи млекото и си легна.
Кога им растат заби или се во некаков скок во развојот, почнуваат да изводат, да кенкаат кога гледаат дека „доаѓа време за јадење". Проблемот некогаш е текстура на храна, промена на вкус, сеќавање дека нешто е топло или ладно. Не се откажувајте, нудете им макар поинаков изглед на храната (некогаш исцрпува да правиш пајки и крокодили од палента, ама и тоа успева за да јаде). Ќерка ми ќе прави 2 години во јули. Досега без исклучок одбивала да јаде онака цел ден со тегнење во ситуации кога ѝ излегувале заби. Лекот е - ладни киселкави оброци. Значи, кисело млеко, смутиња со оладено овошје, попара со лепче за да биде сито детето. Знам која нервоза е кога детето не јаде. Ќерка ми имаше фаза од три дена во кои јадеше колку да се рече. Мислев дека ќе трае со недели и се откажав од нудење со сила. Оставав ко да е верверичка, купчиња крекери или сечени овошки низ дневна за помини замини да касне. Кога растат и имаат надворешни сензации, стимулации и учат сѐ повеќе за светот околу нив, нормално е да не ги занима храната. Сигурно си викаат „ е што е сега ова, морам да јадам, а ме чека онде кутија со играчки што чека да биде истурена". Сакам да кажам - проаѓа. Само смирено и со финти. Нешто ќе упали. Многу ве поздравувам. Знам дека е офтопик и долг пост, но сакав да споделам мислење и да ве охрабрам дека сите сме прошле низ фази со јадачи што станале нејадачи и обратно. Ќерка ми јаде сама, ама јаде едвај 120 гр во просек од тоа што го јаде сама. Остатокот ѝ го давам јас, а таа веќе скока, бега од хранилка... Понекогаш самите деца ни кажуваат дека не се гладни, а ние од страв да не останат демек прегладнети, се напнуваме. Олабавете ги. Не трае вечно. Олабајте се и себе. Секако сите од нас го посакуваат најдоброто мени и здравје за своите дечиња.
Денес: Појадок: крем супа од зеленчук со надробено лепче Ужинка: переци, рака цреши Ручек: макарони во сос од модар патлиџан и праз Ужинка: таратур Вечера: плазма со малини, слива и лешници
Д: мусли од боровинка и житарици со млеко У: макарони со јајце и кашкавал, млеко Р: супа од мисирка и зеленчук У: обид за овошје ( кајсија, грозје...јок), солени стапчиња/грисинки В: три вида житарици на хип