Д: овесни во млеко, банана и црна чоколада 70% кршена на парчиња У: домашна пилешка супа Р: ориз со копан У: супа В: мафини со спанаќ и јогурт
Денес: Појадок: тост лепче со путер + омлет со пиперка и сланина, плус касна таратур Ужинка: бејкролс во јогурт, наполитанка Ручек: телешка чорба со лепче Ужинка: пола банана со таан и дробени лешници Вечера: од Силбо охридски бисери, сокче од кајсија и две три лажички роденденска торта од тете
П: овесни снегулки со јогурт, ленено семе, банана и јагоди У: цреши Р: ориз со пилешко месо У: Монте 2 пудинзи В: сукано со сирење и кисело млеко
Денес: Појадок: овес во пире од варено јаболко, морков, круша и таан Ужинка: двопек, смоки, цеден сок од портокал Ручек: веге бургерче + чаша јогурт Ужинка: переци Вечера: мафин со вишна + смути од јаболко и банана
Д: мусли со сушено овошје и млеко У: парче леб си намаз Р: болоњезе шпагети У: монте, супа пилешка В: мафини со фета и јогурт
Д: овесни со праска и јаболко У: цицање Р: спанаќ со ориз и јајце У: смоќи + цице В: палента со к. млеко
Пишувам пошо викендов за чудо јадеше дете... Д:2 јајциња од препелица, 1 лажица павлака, пола домат, кашкавал Р: мисиркино со тиквица, кромид и морков, В.:лиснато со павлака
Д: пржени кришки со фета ( два залака ) У: млеко, кришките си ги изеде после градинка Р: рижото со млад кромид, лук, праз, спанаќ, пченка, брокула, благ компир, морков, свеж магдонос У: замрзнат домашен јогурт со малини В: мафини со спанаќ и јогурт Јајце, јогурт две лажици, пециво пола,ленено, брашно, фета, спанаќ. Намачкуваш калап со маслиново и ставаш од смесата.
Денес: Појадок: палента со сирење и јогурт Ужинка: переци, две суви сливи Ручек: грашок манџа со телешко + прилог од свеж домат Ужинка: чоколадно колаче Вечера: тарана со доматен сос
Денес: Појадок: хип ориз со праска, јаболко, кајсија и лажиче мед Ужинка: домати на кругови, коцки кашкавал Ручек: манџа леќа со лепче, прво не сакаше да ја џвака, па ја изблендирав и изеде две порции (ужасно ме нервира кога морам да блендирам манџи) Ужинка: переци, секој ден Вечера: планирам кифличка со путерче и домашен џем
Д: палента со тиквица и јогурт У: кроасана Р: лосос со зеленчук на хип- јок, лосос со компири во релна - јок, р’жан леб со намаз и краставица две парчиња У: диња - јок, диња и круша - јок, јагоди - јок. Ене ја дреме уште на стол и плаче ако ја симнам кој знае што сака В: макарони со јајце, фета и павлака
Појадок:смути од банана, цреши, праска и 4 вида житарици Појадок2:баник со месо Ужина:2 резанки лубеница Ручек:ориз со блитва, јајце и к. Млеко Ужина :апна пак од ручекот и лино смоки Вечера:банана, авокадо и житарици @FreeMind и кај нас не мине никако рибата. Претходно ја јадеше сега само плука.
@BabyT* чаре? Не може риба да не јаде досега јадеше баш често. Утре пак ќе има на мени. А морски плодови дал ли некој? Што и како ги спремате за бебе?
Е ајде кажи чаре Каши веќе на Хип не јаде никако,вака а плука. Кај мене у смути да и ставам И дадов морски пред некој ден, ама ептен малку со ориз мешано. Јас морското стандард со вино, инаку неможам ми има јак мирис.
Вчера П: половина банана и овесни со вода У: 1 резанка лубеница, 1 смути нутритино и неколку смоки Р: манџа боранија со телешко и салата од краставички У: цреши, малку лубеница и сладолед В: просо со вода и половина банана Денес: П: Интргрален гриз од крупник со банана, праска и мед касна малку, па се донајаде само гриз со вода У: 1 мини кросанче и смути бејби лове Р: чорба со пилешко, хељда и зеленчук 1/2 порција и еден куп салата од краставица (дури мижеше и мљацкаше од убавини од салатата, не знам оти не ја снимав) У: цреши, 3 коцки животинско и 1 пудингче од Нестле В: палента со вода и 2 лажички павлака. Значи ако и даваш тоа што сака јаде, ама не може секој ден истото да јаде, башка овие житарките вака само со вода не знам колку се хранливи. Ќе добие болест бери бери или како и да се викаше болеста од мн ориз јадење. Не дека јаде ориз, ама само на житарки е. @FreeMind @BabyT За риби, мојава последно јадеше како чорба/супа со лосос. Вкусна беше. Инаку исто само на хипп и ретко некогаш на пареа проаѓа. Утре ќе и правам пак, стискајте палци да ја бендиса.
Доручек: тост Ручек:компир, батат, брокула, карфиол, лукче и маслиново плус месо, пасирано како пире го правам. Вечера: палента, плус цица пред спиење. За ужина имаше лубеница.
Офф не дека имам јас некој рецепт и немам ич иксутво за риби. Баш ако знае некоја членка нека сподели. Бев на гости кај свеки и таа спремаше лосос, па јас сврив едно парче на пареа и посебно во тенџерче компир морков, млад кромид и сушен зеленчук. Кога се свари зеленчукот го испасирав и ја додадов рибата иситнета на ептен ситни парчиња. Додадов на крај и малку фиде, маслиново, химелајса сол и црн пипер. Тоа е тоа. Не е вау ревепт, ама јадеше. Додуша таа има најчуден вкус на свет. Го пробав и јас и ми немаше вкус на рибојњи.
Па и јас не ја сакам чорбата баш ради јакиот мирис. Ќе пробам ако не во крем супа, тоа го сака многу.