Појадок:смути од праска, банана, кајсија и маџун Ужина :1 орео, 2 плазма Ручек:пире од компир и батат Ужина:1 атлантик, јаболка Вечера:потпечено лебче со јајце и кашкавал (идеа од Хепи, ама сирењето кое го купив расипано па мораше замена) Едит:дали давате 'по живи' јајца? Малата така ги сака додека тврдо варени не.
П: пита со блитва и јогурт У: праска и лубеница плус бисквити Р: Телешко со морков, ориз и карфиол У: Кајсии, малини, малку сладолед од јас што јадев В: Таранасо кисело млеко @BabyT јас уште и давам само тврдо варено. Незнам нека кажат поголемите
Јас после годината почнав да и давам јајце на око, со течна жолчка. Вака тврдо варено не ја сака многу жолчката, а потечна си ја јаде без проблем, мацкам со лепчето во неа. Поживо варено јајце не сум и дала зошто мене лично ми се свиѓа само тврдо варено и секогаш такво го правам.
П1:чоколино (во 6 на утро ме мрзеше др да правам) П2: пржена кришка на путер со јајце, фета и јогурт+ 1 филџан јогурт У:лубеница и малку кроасана Р:телешка манџа со боранија У:портокал, малини и смоки В1: овесни со банана и праска (10 тина лажички) В2. Јадеше од нашата вечера- пилешко во кари сос У:1 мала ресана Денов ужас, премногу животински протеини, ама плаче по нашето се тегне, не знам како да ја задржам. Пс: сакав да прашам дали имате дадено вчерашен ручек, ми остана од манџата? Уредно ја собрав во чиста тегла со капак во фрижидер. Јас досега немам дадено, ама се мислам за утре, зошто од манџи само боранија во задно јаде, а не мислам утре пак да варам.
Ние денес и правевме престапулка на мојата ќеркичка и јадеше од ногичките и од чурекот после јадеше пица иначе имаме 18 месеци
Мами ве молам за совет.. Детево ми е 1год и 3месеци, од 10 месеци веќе јадеше парчина а сега почна се да ми плука ако не е барем пасирано. Друго вака јади смоки, бисквити ама главните оброци сака да нема парчина.Во меѓувреме и никнуваат тројките и четворките од тогаш почна така да ми прави така. Дали имате искуство со вакво нешто?
Д: 5 житарки на хип со банана и какао Р: телешко со цвекло, компир и кромид В: палента и јогурт Ужините ни се цицање, 13+ сме си велам таман е кога и да го понудам тој ке папа, па незнам шо да мислам
Мене баш ме израдува толкава листа од малата. Големо чудо еден ден ако касне два пати месо. Тоа не е ништо. Подобро да има такви денови отколку од оние другите. Инаку секако дека можеш пак да и дадеш. Јас супа кога и правам и топлам следниот ден. Другите јадења ги правам во мали количини нејзини и тоа ако не го изеде го фрлам.
@BabyT* мојава несака варено јајце. Јас ставам малце млеко, путер, и кршам јајце. Кајгана така и правам. После ставам чедар или кисело млеко. Некогаш и во палента и ставам. Така обожава
Фала на одговорот на сите. Пишав затоа што одпосле и отечи устата, па мислев да не е од јајцето што беше потечно. Инаку не сака никако јајце, па ова ми беше како добар избор ама ништо.
Не се секирај за јајцето, ќе смени преку ноќ. Не ја нуди извесен период и пробај пак. И мојава еден период никако не сакаше, само малку жолчка ќе скубнеше и крај. Пробував секако и се откажав, не давав можи 7/8 дена. Кога некни ми вика сакам бебе пиле, се чудам што е сега тоа. Оди на фрижидер и скока, бара нешто. Се чудам што е. Кога на крај јајца извади и двете варени си ги изеде. Другиот ден пак бараше. И направив кришки со фета и јогурт и изеде цела. Колку ќе и потрае фазава со јадење јајца не знам, ама знам дека оди од крајност во крајност.
Така и мислев да ја одморам малку. Белким ќе смени. Ете риба јадеше пред некој ден. Утре пак ќе и дадам така, битно да јаде.
П: просо, банана, малини, рибизли, семе од коприва, мед У: јагоди, цреши, кајсии Р: грав манџа со лепче У: праска, крушка В: млеко и бисквити
Денес: Појадок: гриз со малини, брусница и мед Ужинка: коцки кашкавал и пола домат Ручек: просо со тиквица, цепкано свинско и одозгора кикирики Ужинка: соленки, сладолед Вечера: плазма со праска, малини и кокос
Д: пржени кришки со фета У: пола кришка, млеко Р: мусака манџа Заспа во 17.30, станата во 06.50 В: макарони болоњезе во релна У: млеко со бисквити
Појадок:бисквитки во 7 наутро *галети со хумус Ужина:смути:банана, нектарина, манго и маџун Ручек:мешан зеленчук со пилешко и парче леб Ужина:бисквити, Нутрино кашичка Вечера:парче леб со крем Апна уште малку од ручекот
вчера Д: проја со спанаќ и урда + кисело млеко У: портокал Р: лосос со златна мешавина, лук, црвена пиперка В: овесни снегулки со бадемово млеко, малку гриз,малини, какао
П: варено јајце, маслинки, кашкавал, лепче и кисело млеко У: малини, цреши, јагоди, рибизли Р: ориз со телешко месо У: кајсија и праска В: тарана со сирење
Денес: Појадок: ѓеврече со путер, кашкавал и варено јајце Ужинка: испила чаша јогурт Ручек: зелка манџа со телешко + едно лепче и салата од краставица Ужинка: соленки Вечера: овес со јаболко, банана и цимет
Д: лепче со путер и жолчка У: млеко Р: манџа мусака три апки, две макарончиња..житарица со јаболко У: ѓеврече со путер В: млечна каша на хип со седум вида житарици