Д: мусли со млеко У: ѓеврече со путер Р: рижото со зеленчук У: банана со авокадо лешници и ореви В: макарони со јајце, фета и павлака
Денес: Појадок: мафин со вишна + две кајсии Ужинка: јадела пире од јаболко, морков и праска кај баба и деде Ручек: потпечен спанаќ со ориз + јајце и малку кисело млеко Ужинка: соленки со путер од кикирики Вечера: пржена кришка со јајце, пире од банана, јаболко и слива
Д: бурек со сирење и јогурт У: млеко Р: макарони со павлака и сирење У: ништо В: седум вида житарици на хип Многу е жешко и се е на молење. Појадува во 8 руча во 16ч. Измеѓу не сака ништо само млеко ако испие.
Исто од жешково не сака ни манџи ни супи, а овошје и онака слабо јадеше. Дајте предлози за ручек, што не е манџа, супа...
Исто. Скроз. Овошје барем јадеше сега ни тоа не го јаде. Ќе видам утре во градинка дали ќе руча иако не ми се верува.
Се пробав,поховани тиквички,ќофтиња од тиквички,ќофтиња од мелено месо,потпечени макарони,пинџурче,сите летни јадења и не отвара уста. Само пржени компирчиња,баничка со сиренце,проја тоа муе менито две недели. Од бллаго почна само наполитанки да јаде,и на монтето им откажа љубов.
@FreeMind @monik55 Вчера солидно јадеш од ова јадење. Видете пробајте. Јас ставив и малку чадено домашно месо за вкус. Оваа обожава такво, ама неа не и давав од месото, само да и мириса за да јаде беше работата. https://sezahrana.mk/суфле-од-тиквички-и-сирење/
П: лепче со намаз, маслинки и патлиџан У: цреши, малини, кајсии Р: лазањи У: колач со вишни В: тарана со сирење
Баш убаво за појадок или вечера. Мене ми требаат идеи за појадок во градинка. Вака сум засега: -понеделник пржени кришки, вторник леб и намаз со краставичка, среда мафини со спанаќ, четврток ѓеврече со путер и петок леб со путер и жолчка. Сеуште не јаде сама со лажица само ако и нацрпиш па си пика во уста. Не дека нема да и дадат учителките али сепак се настојува за сама да појадува. Инаку може и без појадок и ручек да заврши. Ако имате уште некоја идеја за појадок споделете да биде вака за во рака. А ручек Мила идам со шпагети и макарони кога ми одбива се или рижото. Леќа, грашок и грав болна точка ми се. Компир не сака, зеленчук печен јок, варени брокули исто не сака само во комбинации. Сега ни супи не јаде, а прееска и спремив крем супа од зеленчук за ужина. Друго што правам е пермутација на ручек со ужина односно кога ќе стане и давам банана со авокадо па потоа ручек кај 16/17ч.
Денес, вечерата хаос. Ништо не ѝ се јадеше, па сладолед ја прелажав. Појадок: сендвич од р'жан леб со путер, сирење и домат + чаша цеден сок од портокал Ужинка: монте Ручек: шпагети во сос од сирење, печурки и брокула Ужинка: пире од јаболко, морков и слива Вечера: пола вафла без ништо и топка сладолед од јагода
П: кајгана со урда, патлиџан, маслинки и лепче У: кајсии, праска Р: печена пастрмка со компир, морков и брокула У: диња В: млеко и бисквити
2, 3 дена подобро јадеше, денес пак протестира, прво пробав со омилените во моментов, палента со сирење, кашкавал и павлака, нејќеше, потоа намаз со леб и тоа не, па мекица домашна-не.....ништо нејќеше, се најаде ванилици со шеќер во прав и пудингче Млеко и млечни многу слабо, многу, можи му фали калциум кажете како да надоместам, има некои препарати со калциум нешто??? Јадеше млеко со бисквити сега можи има месец ич не сака ни да проба.
Јајце јаде? Тоа давај. Значи сите сме ужас. Можеби од топлово не јадат? Само јас јадам четири сезони изгледа нит жешко ми смета нит ладно, сивоња. Д: пржени кришки со фета ја изеде само фетата У: ги изеде рибанките Р: леќа јадеше со раце, десет апки. Риба на хип со зеленчук цело го изеде У: бисквити, ќе се обидам да дадам и круша В: бисквити со млеко
Иста е и мојата. Од се по малку како глувче. Млечно исто слабо јаде, некој ако знае нека пише дали се дава на дете од 1ипол година препарат за калциум. Јас мислам од жешкото е. Во лубеница се дави, Нутрино каши ги пие во еден здив. Не сака ни грицки ни благо.
Денес Појадок: овесна каша со јаболко, праска и цимет Ужинка: пола ѓеврече Ручек: супа од печурки, вариво од брокула и телешко Ужинка: грисини и малку кисело млеко Вечера: гриз со банана, кајсија и путер од кикирики
@FreeMind @BabyT* јајца слабо сега, единствено со лебче пржени, тоа да, исто јади и лебче, кечап и кашкавал потпечени, само глупости Благо јади се, исто и пудинзи Супа, манџичка, месо, млеко, јогурт ништооо. Едит. Мозокот само во играње, истражување, за надвор му е, какво јадење
Пробај на леб намачкај путер, жолчка од јајце и кашкавал ако јаде малиот кај мене фета јаде така да фета мачкам. И така и е многу слатко. Јајцето во проја исто варено на ренде. Во просо и тиквица и лажица јогурт. Смоки и јогурт. Јогурт со се и иде. Додуша за млечни пу пу не можам да се пожалам. Али зеленчук и манџи ужас. Денес две круши изеде се враќа назад.
Д: бурек со месо У: праски и малини Р: чорба со јарешко и ориз У: смоки В: ванилино Баба чува дете, бурек и манџи со јарешко на мени
Денес: Појадок: палента со сирење и кисело млеко Ужинка: лепче со чатни од домат (индиски намаз, домашно спремен) Ручек: џигерчиња со зеленчук Ужинка: чоколадно колаче Вечера: крем супа од брокула и печурки
Д: мусли со млеко Р: брокула со пилешко и тестенини У: авокадо, банана, ленено и ореви У1: леб со путер и фета В: гриз со млеко на хип