Денес: Појадок: мекици со кисело млеко Ужинка: животинско царство Ручек: леќа манџа со лепче + шопска салата Ужинка: чајни колачиња зобна Вечера: сутлијаш со малини и кокос
Д: мафини со спанаќ Р: зеленчук и риба У: торта јаделе роденденска В: палачинка полнета со павлака, моцарела топена, фета малку, зелка дробена и морков рендан
Д: полснектаринка и пола јаболко- едвај помина. Р: ослич варен со брокула, лук, морков( јаде сама со рака неколку цветчиња брокула и пола од рибата. Другото го испресирав и го фрлив) В: бебе сутлијаш ( ориз, цејлонски цимет и АД-единствено јадење што го јаде цело)
Пробај форсирај го оризот. Рижото со батат или карфиол да и даде благ вкус. Ќе го правиш со коцка за супа зеленчукова. Има тегли на хип со брокула тестенини многу ги сакаат бебињата мојата уште ги јаде со пилешко. Користи ги благите зеленчуци во ручекот. Појадокот префрли го на млечен. Направи кајгана со млад кромид, печурки и сирење. Надеоби леб и стави павлака. Измешај и понуди го. Кај појадокот можеш и мусли со млеко ако сака со млеко. На хип има 10+ мусли. Леб сама да јаде со путер и домати. Со намаз абц. Давај и сама да јаде можеби е до тоа.
@FreeMind Леле Фала. Ама се пробав. Од јајце, на илјада начини, леб со намаз, вафли, кифли,наши Манџи, сирење. . . Сама јаде само брокула, риба, праска, лубеница, боровница, кајсија, батат слива. Со се друго си игра. Овошје обожава освен банана и да нема житарки внатре( а до скоро јадеше) . Но не може само тоа да јаде и така има 3-4 обилни поводени столици Ќе пробам со рижото со батат за ручек И има неколку дена како ако сама ја држи лажицата да чукне во чиничето ќе лапне, ако јас и давам клешти уста. А да ја видиш вака само образи и бутки е. Никој не ми верува дека нејадач е. Ама цица многу. Спојлер Дали ви изгледа како бебе нејадач! Ќе ја тужам за измама.
Емили беше 13 кг кога прв пат после четворките околу 13 месеци отвори уста да јаде. Ти ја разбирам болката. Ама и млекото те зеза. Затоа и е доволно храна. Давај и сама да јаде можеби е до тоа. Ни кај мене не јадеше житарици. Сега дури јаде се.
Денес за ручек имаше рипче на скара, ама 2 пати веќе не ми јаде риба, порано си јадеше. Ќе проба парче и ќе ја извади, се гади. На салата само остана. Некоја идеја да ја маскирам. Каши не јаде, јаде од 6м сам, се водам по blw, но можам ко сос за фиде пример, со што појако да не се осеќа вкусот? Па вечера тарана со путерче стопено малку се налапа.
Во крем супа. Свари зеленчук, напрај риба и блендирај се. Мене само така ми минува повеќе количински. И смени риба, може не ја сака таа.
Шу знам, по една мала тегличка 100г кркна за доручек, другото онака....јас терам нудам се по ред и ужини и се.
П: леб со намаз маслинки и патлиџан У: праска, слива, бадеми Р: грав со шопска и леб У: грозје, Монте В: млеко и бисквити
12+ Појадок: мусли со јагода. Ручек: ќофте од мисирка и тиквичка со пире од компир Ужинка: кришка манго Вечера: палачинка, ќе видиме дали овој пат ќе ми помине намазот од авокадо и банана.
Ќе пробам да сменам, ама мислев со кој вкус ќе го "убијам" вкусот на рибата. А и така нешто течно ќе значи треба да го ранам, а тоа не ни се случува. освен со пилешка супа и телешка, што срка од тањиче..
П. Чоколино Р. Пржено лепче (не беше планирано ама имав спремено за нас и си се накрка и тој) У. (Ова го планирав за ручек ама испадна касно и излезе да биде ужина) боранија пиперка кромид В. Хењда со аронија и праска
Д: просо со тиквица и јогурт У: кроасана, млеко и малку шопска Р: полнета зелена пиперка со телешко мелено и ориз со јогурт У: манго, киви, малини, капини, банана, ореви, слива и круша десет лажици и една резанка смоква В: печено лепче во релна со моцарела и чедар
Вчера: Појадок: лепче со крем сир, свеж домат и козји кашкавал Ужинка: цеден сок од портокал Ручек: супа со кнедли, тортиља со зеленчук и павлака Ужинка: печен сончоглед Вечера: бисквити со банана и млеко
12+ Д. 1/4 праска, 1 слива и малку банана У. Бисквита Р. Пастрмка, компир,морков, тиквица и малку лук В. Овесни снегулки со печено јаболко Последно време доручекот го јаде скоро цел, ама другото тешко ни оди,ручекот посебно. Генерацио дали почнавте да давате ручек со сол од вашиот?
12+ Појадок: чоколадна палачинка со банана. Ручек: печена боранија и моркови во домашен доматен сос. Ужинка: компот од праски. Вечера: овесна кашичка.
Првите месеци готвев за нас со многу малку вегета ако можеше да го јаде тоа. Во принцип и ние не јадеме многу солено. За да не готвиш два пати. И онака е подобро без многу сол да се готви. Ти искоментирав зошто до пладне твоето и речиси не јаде Д: мекици со фета изеде две цели У: чоколадно млеко за проба, ја бендиса Р: печена кременадла со зеленчук У: печена тиква со мед и ореви В: 7 вита на житарици од хип тегла
Денес: Појадок: тарана со сирење + чаша јогурт Ужинка: животинско царство Ручек: пире од компир, чери домати Ужинка: пак барала чери домати, ги јаде како смоки Вечера: татко ѝ спремил овесни снегулки и чиа во пире од праски