Д: просо со тиквица и јогурт У: домашна кифла со слива, рендано јаболко и мед Р: макарони манџа со мелено телешко и боранија У: авокадо, банана и ореви В: парче пица
Вчера: Д: лепче со путер од кикиритки со банана У: сок па млеко Р: тарана со брокула, кромид, лук и кисело млеко У: ж. Царство В: чоколино Денес: Д: овесни снегулки со јогурт, банана, капини и мед Д2:лепче со абц (кашата ми ја идповрати, има многу шлајм овие два три дена, само преку повраќање го исфрла) Р: готвам некоја чудна манџа Компир, морков, Цвекло и пилешко В: ќе и правам пица
Денес: Појадок: проја и чаша јогурт Ужинка: бистра супа Ручек: плескавица и ориз со доматен сос Ужинка: сокче од јаболко Вечера: плазма со млеко и путер од кикирики
12+ Вчера Д: јаболко и кајсија со житарки ( 90 гр.изеде) Р: цицаше не сакаше уста да отвори В: сутлијаш ( 2-3 пати касна) Денес Д:ништо од кашата-цицаше У: 1 лајче урда Р: грав со сува пиперка, кромид и тиквица В: млечна каша од пченка и овошје со АД
@mamaJana ја јадеше ли манџата? Цвеклото рендано? Што зачини стави? Цвекло не сум дала не паметам од кога. Не ми го сакаше така во салата.
Не беше воодушевена ама ја изеде уз шопска и лебче. Ретко и давам и јас, рендано како салата не го сака, во палента имам дадено само. Во манџата на ситни коцки го сечев како компирот и морковот, зачин не ставив никаков освен сол.
Шо убаво манџи ви јадат, а јас како да го натерам мојов да јади манџа? Лебот му е омилен, па ако макнам со него во манџата и да е загледан цртани ке јади инаку лажица нејки да види. Незнам веќе шо да правам, на 2 дена почна да кака од шо јади толку сува храна.
Јас почнав да ја оставам да изгладне убаво, не и давам меѓу оброкот порција што мислам дека ќе ја засити. Леб ретко нудам со ручек, за поручек со нешто мачкано или за вечера. Е од утре оди на чување кај баба и деде, кај нив чоколатце во секое време кога и да побара, соленчиња и чуда. На крај најмногу се нервирам кога ќе ми каже мајка ми дека цела чинија чорба со јагнешко изела, а јас по 2 Лажички со молење би и дала некогаш си мислам ме лаже
Овој сака да трча и да можи во рака да земи храна и трчајки да јади. Затоа лажицата не ја сака, да седи над чинија да јади е губење време за него А од друг незнам дали би јадел, немам пробано. Ке го оставам после нека се истрча, нека огладни убаво и ке понудам
Д: палента со тиквица и јогурт У: кифла со кашкавал, краставица Р: ориз со грашок, зеленчук и копан У: пилешка супа и некое овошје потоа В: мафини со сирење и спанаќ
Д: сварено просо па пржено со јајце и блитва на путер. У: банана во количка, крушка дома. Р:шпагети болоњезе (свинско и јунешко) У: крушка и праска В: мелеко и плазма ќе биде...
П: овесни со банана, чиа и ленено, јогурт У: грозје, праска Р: леќа со лепче и патлиџан У: монте В: кифлички, кашкавал и кисело млеко
Денес: Појадок: овес со крем од тиква и бадем + капинки Ужинка: ја частев помфрит Ручек: макарони со доматен сос и пармезан Ужинка: чоколадно млеко Вечера: гриз со јаболко и слива
12+ Д. Леб,кисело млеко и 1/4 јајце варено Р. Хип каша гриз и банана В. Кус кус, крем сир малку јогурт Не требаше д се фалам со јадењето многу многу...се надевам денешниот ден со вакво мени нема да се повтори
12+ Д: праска, Круша и јаболко Р: готова холе каша тиква и пилешко( пола изеде) В: мусли со овошје и кравјо млеко.( едвај едвај пола изеде) @Septemvri ќути си друг пат или баксуз држи Утеши се со моево мени. Цел ден колку за еден оброк јади. Ама цица ко луда и има и бутки и меше и обравчиња колку да не ми верува никој дека малку јаде и тоа со молење.
вчера: 12+ д: банана,пола јаболко ,3 зрна аронија и мелена плазма пасирано у1: парче суво лебче средината р: варен ориз , бутче пилешко и морков пасирано у2: праска в: лебче со кисело млеко попара @srekice јас лично варам. телешко, пилешко , мисиркино а и рибата ја варам.
12+ Д: авокадо, банана, праска и варено просо Р: телешко динстано со брокула, магдонос, компир морков кромид и целер како крем супа В: палента со јаболко и цвекло
Се. И запржувам на маслиново. Д: ѓеврече со путер Р: супа со зеленчук имаат У: круша У1: домашен чиа јогурт со малини, сливи и бобинки, рапсоил, со сончоглед, семки од тиква, ленено и бадеми В: кајгана со млад кромид, печурки и фета