Знае да жвака ама тоа што таа сака. Праска на пример и камен јака ја грицка и јаде и краставица исто. Мојава пак леб не сака. Се и давам и нудат, и оставам кај што се движи. Ќе земе ќе проба и ако не е овошје или зеленчук плука. Палента милиони пати имам сварено со надеж дека овој пат ќе јади- не и не. Исто и тарана. И ставам сирење павлака, леб со намаз будам не. Краш чоколадо плука и сладолед. Само смоки може 1-2 да касне и толку. Оваа пак е куса Дебелка, чудно што цел ден е активна, лази се исправува, не јаде а се си има на неа. Но многу цица. Ти благодарам. Ќе пробувам не се откажувам
Денес: Појадок: овесни снегулки со малина, слива и јаболко Ужинка: двопек со кисело млеко Ручек: просо со брокула и телешко + свежа краставица Ужинка: чаша јогурт Вечера:кифличка со сирење + бистра супа
Д: просо со тиквица и јогурт Р: лосос на хип со зеленчук У: домашен актив овошен јогурт со боровинки, црници и калинка. Ленено, ореви и бадеми, рапсоил В: домашни њоки во сос од брокула
Ај пиши ми како спремаш просо со тиквица и јогурт. Зелена тиквица? Собирам идеи нешто во круг се вртиме во последно време со доручекот и вечерата. Те читам тиквица често имаш во комбинација.
Тиквицата на ситно ренде (мала тиквица половина) ја ставам во вода (мало тенџере три прста вода. Ставам масло и варам пет минути. Додавам просо колку едно мала цедалка за чај, измиено. За десет минути е готово. Потоа една лажица кисело млеко кај вас би било идеално (овде јогуртот е како кисело млеко). Сол не ставам. Вака и пројата и ја правам за појадок во течна состојба со тиквица.
Вчерашното мени ( баба пријави ова ) Д - jajce со урда и пиперки + домат и интегрално лебче У - компот, суви сливи, аронија, јаболко Р - ќофтенце и домати каша У - бабин колач со ореви В - зеленчукова густа супа - купечка ама додадено во неа киноа, брокула, кромид, морков, пашканат и магданос
Д: палента со јајце и јогурт (пола белка, цела жолтка) Р: телешко со компир, морков, тиквица и кромид В: инстант ноќна каша на хип Пред доручек цицаше во спиење. Плус меѓу секој оброк цица. Ужинка нема. Грицкаше краставица. Изеде една коцка животинско царство. Прв пат пишувам на темата. До пред неколку дена не јадеше ништо, само цицаше. Пресреќна сум.
12+ Д. Пржена кришка со јајце У.круша, мала Нектарина и малку јаболко Р. Боранија манџа со месо В. Кус кус со урда и путер
12+ п: попарче со кисело млеко у: тиква варена р: телешко, грашок,кромид,морков,компир у: лебче суво и јогурт со капини в: бисквити со банана и млекце
Денес: Појадок: пита со спанаќ и сирење + јогурт Ужинка: пире од јаболко и јагода Ручек: домашен бургер и помфрит Ужинка: штрудла и сокче од боровница Вечера: едвај пет залчиња лепче со кашкавал и заспа со млеко
12+ Д: палента со урда( не јаде, цицаше) У: пола круша со капинки Р: супа од морков, пашканат, целер, компир, пилешко и фиде В: сутлијаш со ц цимет
19+ доручек: просо, банана, авокадо ужина: чорба од зеленчук( брокула, компир, морков, фиде) ручек: блитва со палента ужина: тиква, праска, мед и орев вечера: плазма со млеко и цицање колку шо сака
Д: палента со тиквица и јогурт У: ѓеврече со путер Р: пилешко со грашок, батат, тиквица и морков во рам сос У: авокадо, банана и ореви В: макарони во сос од четири вида сирење
12+ д: лебче пржено со намаз р: карабатак со морков и ориз у: 7дејс кроасанчиња 2 в: банана плазма аронија млеко
12+ Д: тиква, круша и јаболко ( пред тоа тост и направив не го погледна) Р: чорба од брокула, морков, лук, ориз и телешко месо В: чоколино со млеко
Денес: Појадок: овес и чиа со банана, слива и јаболко Ужинка: печени тиквици, варено јајце и шопска со лепче Ручек: месо на скара, печени компирчиња + сок од портокал Ужинка: грисини со путер од кикирики Вечера: посегна по еклер, дозволив
12+ Д. Палента со крем сир,к.млеко и путер Р. Месо,боранија,кромид,лук,морков и компир У.пола банана,малини и боровинки В.просо со тиквица,к.млеко и крем сир по рецепт на @FreeMind му се допадна
Вчерашното мени Д - домашна баничка со сирење + јогурт У - лешници, суви сливи, јаволко Р - пилешко, ориз и краставица У - лешници, интегрални грицки, домашен сок од кајсија В - модар патлиџан, домат, маслинка и лебче
Денес: Појадок: тост со кашкавал, чаша јогурт Ужинка: грисини, сок од портокал Ручек: посна боранија манџа со лепче Ужинка: оризова галета, какао банана мафин Вечера: парче домашна пица