Мами дали, колку и каков леб му давате на децата? Мојава е 19м и многу сака леб, до сега и давам само бел ама мислам дека претеруваме. За ручек јади обавезно, за доручек или вечера пак еднаш јади некои тестенини, еднаш лебче со нешто. За исхраната и килажата одамна не сум консултирана со педијатар ама некако многу ми е како поправена.
14ипол мес. П.калинка (зрно по зрно со раче) Р. Риба ослич (парче по парче со раче) В.после неколку обиди за асално јадење избра мешавина од смоки и соленки за да јаде сам
14+ Д. Чоколино У. Мандарина Р. Ориз,морков,брокула и пилешко бело месо во тавче У. Солени стапчиња В. Ѓеврече и јогурт
Д: просо со тиквица и актив јогурт У: смоки Р: тестенини во брокула на хип У: чиа пудинг од суви сливи и урми, сливи, круша, јаболко и боровинки В: тортиља со јајце, млад кромид, домат, компир и магдонос
Е тоа, Мојава мислам дека е тешка а и реков да се советувам со вас дали давате секој ден леб она баш, за доручек, ручек, вечера. Инаку Родена е 4300 а моментално е 17кг.
Ќе морам да намалам, таа многу сака тестенини и сама ми бара, ако и дадам нешто друго штрајкува не јади дури не и дадам тоа што сака. А не сакам да ја направам дебела. Сепак фала, од понеделник ќе се консултирам и со педијатар за килажата
Колку месеци има? Јас ретко давам леб најчесто за во градинка три појадоци се со леб. За ручек никогаш, а за вечера многу ретко леб дали еднаш неделно ќе и се фати. Тестенини јаде и тие и се вечера најчесто два три пати неделно. Ручекот секогаш е манџа, чорба или тава. Таму леб нема потреба. Ужината исклучиво настојувам да е овошје или зеленчук. Знам да дадам некогаш и грицки како смоки, оризови галети или грисинки, но к тоа неделно е реткост. Благо како благо речиси и нема на мени. Можеби на 15 дена добива некоја житарица, пудинг или киндер чоколада. Мојата е родена речиси 4 кг на 6 месеци беше 12 кг само на доење. Килажата ја оддржува од тогаш. Сега е 14кг Јануари полни две години.
Ти благодарам. Инаку 19месеци има. За ручек и мојата има обавезно чорбесто зготвено или месо со зеленчук меѓутоа пак бара лебче ама ајде за ручек си велам во ред е ама и за доручек и за вечера се или тестенини или лебче па затоа си велам е многу. Овошје не ми јади веќе 3месеци и од тогаш почна да ми клава на килажа повеќе, инаку од цело време доручекот беше овошје со житарици. А благо јади скоро секој ден еден ден пудингче, еден ден млеко со бисквити еден ден животинско и така во круг, и тоа е можеби многу ама едната ужина и е тоа бидеќи не ми го јади овошјето.(еднаш неделно јади една банана и едно резанче јаболко) можеби треба да не давам воопшто благо па сакала или не да се врати на овошје
Таму ти е грешката. Од утре појадок просо, проја, мафини. Ужина овошје или зеленчук / краставици, домат, пиперка. Ручек исклучиво без леб. Нема потреба од леб во манџа. Ќе јаде и така. И вечера просо, проја, мафини, јајца со зеленчук. Направи си план неделно што даваш и колку. Ако не јаде ужина овошје не добива ништо до следниот оброк. Тоа значи дека не и се јаде. Благо како шеќер во никој случај не и е потребно за раст.
Ти благодарам. Очигледно треба да бидам поупорна, до годината јадеше се буквално што ќе и дадев а чоколадо, сол и солени работи немаше пробано. Обожаваше просо и киноа со овошје а сега не сака да види. Ама ќе вратам стара шема, па ако сака и гладна нека остани со тој оброк ама не попуштам повеќе, да давам тоа што сака
Не се укривувај, сите после година се опуштивме со давање на храна, ама пошто малата има доста кила и сама кажуваш дека е буцкаста мора да внимаваш повеќе.
14+ Д: праска, круша, маџун и корнфлекс У: кисело млеко Р: готова телешка каша В: имавме слава и од се проба. Најмногу печените јаболка ги сакаше изеде едно Мојата тестенини еднаш неделно едвај и доаѓа да јаде. Не форсирам, а и не сака. Леб само едно залче може да проба, или во грав вчера и ставив малку. Живее од овошје, зеленчук, житарки од полно зрно. Родена е 2500.на седум месеци беше 7500, сега скоро петнаесет месеци е околу 9600-9700 гр. До сега не јадеше благо воопшто, сега гледам пробува. Ама не и давам. Не гледам никаква потреба. Некои ми викаат дај и цел живот нема да ја браниш. Но додека можам да контролирам не мора да јаде нешто што ќе и направи штета. Синко беше и е благар и по тестото. И крупен е да не речам полничок од секогаш. Мака мачи сега да ослаби. Од мали многу треба внимавање на исхраната. Тоа е мое мислења.
Денес: Појадок: печено лепче на путер со мисиркино филе и свеж домат Ужинка: грисинки, пола јаболко, смути од банана, боровинка и портокал Ручек: ќебапчиња и шопска Ужинка: животинско царство, кубети, сокче од јаболко и праска Вечера: нудлс со павлака + крокет од компир кај моите
Д: мусли со сушено овошје Р: печен карфиол, брокула и тиквици У: крем супа од тиква В: имаше леќа со зеленчук, но не сакаше ни да проба. Леб со путер и парче кашкавал јадеше
Денес: Појадок: палачинка со путер од кикирики и џем од капина + пола свежо јаболко Ужинка: грисини и парче печена тиква Ручек: супа и рижото со пилешко Ужинка: стапчиња со какао крем Вечера: палента со сирење и трошки чварки